ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/8 стр. 3-4
  • Како да опстанеш во опасна средина?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да опстанеш во опасна средина?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Задржи позитивен став
  • Зошто толку многу луѓе живеат во страв?
    Разбудете се! 2005
  • Криминалот вон контрола!
    Разбудете се! 2008
  • Да се излезе на крај со криминалот во хаотичен свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/8 стр. 3-4

Како да опстанеш во опасна средина?

„ПОСТОЈАНО чувствував страв. Се плашев во лифтот. Се плашев во својот автомобил. Се плашев во својот стан. Насекаде имаше криминал. Луѓето беа постојано ограбувани“, вели Марија. Дали и ти се чувствуваш како оваа Бразилка, исплашен во својата средина, особено во темнината на ноќта?

Може да биде возбудливо да се читаат детективски романи, но во реалниот живот честопати не завршува сѐ со хепиенд. Проблемот со криминалот може да остане нерешен, додека во случаи на убиство, некој мора да продолжи да живее без својот сопруг, татко или син, без својата сопруга, мајка или ќерка. Дали насилничкиот криминал се шири и во твојот крај? Дали копнееш по некое мирно место каде што твоето семејство ќе биде безбедно? Или, пак, ако си принуден да ги подигаш своите деца во крај кој е преплавен со криминал, што можеш да сториш за да опстанеш?

Точно е дека сѐ уште постојат градови каде што криминалот не е толку раширен. Во многу земји луѓето сѐ уште живеат во тивките селски подрачја или во мирните села. Но, работите брзо се менуваат дури и во подрачјата за кои порано се сметало дека се без опасност од криминал. На пример, пред 50 години, 70 проценти од населението во Бразил живеело во селата. Сега, 70 проценти живеат во градовите. Освен проблемот со вработувањето, се зголемиле и проблемите на урбаната средина, како што се криминалот и насилството. Сеедно дали живееш во опасно подрачје или не, ти мораш да одиш на работа или на училиште и да извршуваш многу други работи надвор од твојот дом.

Увидувајќи го „паничниот синдром“ кој преовладува, шефот на полицијата на Рио де Жанеиро ги наведува општествената неправда и организираниот криминал како фактори кои придонесуваат за него. Исто така, тој смета дека весниците и телевизијата придонесуваат за раширениот страв „на тој начин што со трагичните вести влијаат врз размислувањето на населението“. Зависноста од дрогата, распадот на семејството и погрешната религиозна наобразба исто така придонесуваат за порастот на беззаконието. А што ќе донесе иднината? Дали постојаното прикажување на сцени на злосторство, кои во книгите и во филмовите се прикажани како забава, ќе ги направат луѓето нечувствителни кон другите? Дали и подрачјата за кои се сметало дека се без опасност од криминал ќе станат опасни?

Со оглед на тоа што насилството не е забавно за жртвата, имаме силна желба да бидеме безбедни. Не е чудно што загрижените граѓани бараат повеќе полициски службеници на улиците и построги затворски пресуди, па дури и смртна казна! И покрај ризиците, некои набавуваат пиштоли заради самоодбрана. Други, пак, сакаат властите да ја ограничат продажбата на огнени оружја. Но, и покрај лошите вести за големиот криминал, не треба да се очајува. Всушност, многу жители на големите градови како што се Јоханесбург, Мексико Сити, Њујорк, Рио де Жанеиро и Сан Паоло, никогаш не биле ограбени. Да разгледаме како некои луѓе успешно се соочуваат со опасната средина.

Задржи позитивен став

Во врска со едно подрачје преплавено со криминал, еден писател коментира за „досетливоста и истрајноста на илјадници Бразилци кои остануваат достоинствени и пристојни, и покрај суровите услови за живеење“. После 38 години живот во Рио де Жанеиро, Хорхе вели: „Избегнувам одредени улици и подрачја и не покажувам никаква љубопитност. Исто така, избегнувам да останувам доцна на улица и не покажувам претеран страв. Иако сум претпазлив, гледам на луѓето како да се чесни и се однесувам со нив со достоинство и почит“.

Да, избегнувај непотребна неволја. Гледај си ја својата работа. Никогаш не потценувај го фактот дека преголемиот страв може да делува на нервниот систем, предизвикувајќи дури и разумните луѓе да постапуваат неразумно. За својата работа во едно опасно подрачје, Одар напомнува: „Се трудам да бидам позитивен и да не го хранам својот ум со страв од лошите работи што би можеле да се случат, бидејќи тоа предизвикува непотребна напнатост и паника. Се трудам да ги почитувам сите луѓе“. Освен тоа што постојано внимава и се држи настрана од оние кои се сомнителни, тој спомнува уште една помош како да се контролираат емоциите: „Над сѐ, негувам доверба во Јехова Бог, имајќи на ум дека ништо не може да го избегне неговиот поглед и дека сѐ што се случува е со негова дозвола“.

Па сепак, никој не сака да живее во постојан страв. Освен тоа, кој може да рече дека претераниот страв и стресот не се штетни за емоционалното и за физичкото здравје? Затоа, каква надеж постои за оние кои се плашат дека би можеле да бидат нападнати во секое време? Бидејќи многумина се плашат дека најлошото во врска со криминалот е сѐ уште пред нас, дали некогаш ќе го видиме крајот на насилството? Те поттикнуваме да ја прочиташ следнава статија со наслов: „Крај на стравот — Кога?“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели