‚Е, кога сите би биле како нив!‘
Така се изразил еден колумнист во весникот Letzebuerger Journal од Луксембург. За кого зборувал?
Тој отишол во Полска за да присуствува на една прослава по повод 50-годишнината од ослободувањето на Аушвиц и забележал дека една група која многу страдала таму, воопшто не била ни спомната. Во неговата уводна статија од 2 февруари 1995, тој ја идентификувал оваа група како Јеховини сведоци, пишувајќи: „Ниту најсуровиот притвор, ниту концентрациониот логор, ниту заканувањата дека ќе умрат од глад или од секира или, пак, од гилотина, не можеле да ги натераат да се откажат од својата вера“. Тој продолжил: „Дури и есес-стражарите се восхитувале на храброста која Јеховините сведоци ја имале додека се соочувале со смртта“.
Јеховините сведоци не сакале да умрат по своја желба. Но, слично на христијаните од првиот век, илјадници од нив порадо избрале да умрат отколку да ги компромитираат христијанските начела. Со таквата вера на истакнат начин се разликувале од другите во тие мрачни денови на Третиот Рајх.
Колумнистот заклучил: „Е, кога сите луѓе би биле како Јеховините сведоци!“ Кога би биле, Втората светска војна никогаш не би ни започнала.