ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/10 стр. 3-4
  • Стравот — пријател или непријател?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Стравот — пријател или непријател?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Сличен материјал
  • Нека во твоето срце се развие страв од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Научи како да најдеш радост во стравот од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Бој се од Јехова и исполнувај ги неговите заповеди
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Плаши се од Јехова и слави го неговото свето име
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/10 стр. 3-4

Стравот — пријател или непријател?

„Размислувам за тоа на кој начин сакам да умрам. Не сакам да бидам застрелана, но ако сепак бидам, тогаш сакам да бидам погодена во глава, токму овде, за да умрам моментално.“

ЕДЕН репортер на весникот Los Angeles Times го слушнал тоа од едно 14-годишно девојче. Тој интервјуирал ученици во врска со неодамнешните убивања — млади кои убивале и стари и други млади. Извештајот носел наслов: „Светот на стравот“.

Сигурно си свесен за тоа дека многумина живеат во еден свет на страв. Страв од што? Тешко е да се издвои некој посебен вид страв. Погледни дали можеш во долната рамка да најдеш работи од кои се плашат твоите пријатели или многу луѓе на твоето подрачје. Рамката е земена од Newsweek, од 22 ноември 1993, и таа ги покажува резултатите од анкетата направена помеѓу „758 деца на возраст помеѓу 10 и 17 години, заедно со нивните родители“.

Кога би биле интервјуирани сега, овие млади сигурно би навеле дополнителни причини за страв, како на пример земјотресите. Во врска со катастрофалниот земјотрес во Лос Анџелес, во јануари 1994, Time известил: „Помеѓу симптомите на посттрауматското стресно растројство се неконтролираните ненадејни сеќавања на минатите искуства, ноќни мори, претерана претпазливост и гнев поради недостиг на контрола над својот живот“. Еден бизнисмен кој решил да се пресели од тоа подрачје, рекол: „Материјалната штета е ништо во споредба со стравот. Одиш в кревет и си легнуваш со кондури. Не спиеш. Само седиш таму, чекајќи тоа да се случи секоја ноќ. Навистина ужасно“.

„Една низа несреќи ги доведува Јапонците до работ на нервите“, тоа беше насловот кој на 11 април 1995 се појави во еден извештај од Токио. Тој вели: „Нападот со нервен гас . . . беше особено сериозен удар врз јапонската психа бидејќи се појави како дел од низата настани кои заедно создадоа нови темелни стравувања во врска со иднината. . . . Луѓето веќе не се чувствуваат сигурно на улиците кои некогаш беа познати по својата безбедност, било дење или ноќе“. Но, не се само постарите тие кои се плашат. „Професор Ишикава [од Универзитетот Сејо] рекол дека стравот . . . бил особено нагласен помеѓу младите луѓе кои честопати немале јасна претстава за тоа што им носи иднината“.

Доказите навестуваат дека еден „случај на ужасен терор може да ја измени хемијата на мозокот, правејќи ги луѓето поосетливи на покачувањето на адреналинот, дури и со децении подоцна“. Научниците се обидуваат да сфатат на кој начин мозокот интерпретира една страшна ситуација — како проценуваме одредени детали и реагираме со страв. Професор Жозеф Ле Ду напишал: „Откривајќи ги патеките на нервниот систем преку кои одредена ситуација предизвикува едно суштество да учи за стравот, се надеваме дека ќе ги одгатнеме општите механизми на овој вид сеќавање“.

Меѓутоа, повеќето од нас не се толку многу заинтересирани за хемиската или за невролошката основа за страв. Можеби во суштина сме повеќе заинтересирани за одговори на прашањата како што се: Зошто се плашиме? Како би требало да реагираме? Дали има некој корисен страв?

Веројатно ќе се сложиш дека стравот може понекогаш и да ти помогне. На пример, замисли си дека е темно додека се приближуваш кон твојата куќа. Вратата е подотворена, иако кога си заминал добро си ја затворил. Ти се чини дека низ прозорецот гледаш некакви сенки кои се движат. Веднаш стануваш напнат, претчувствувајќи дека се случува нешто опасно. Можеби крадец или некој вооружен натрапник е внатре.

Твојот инстинктивен страв во таквите ситуации може да те спаси од тоа да не западнеш несвесно во некоја опасна ситуација. Стравот може да ти помогне да бидеш претпазлив или да добиеш помош пред да ти биде нанесена некоја можна повреда. Постојат многу вакви примери: знак кој те предупредува за висок напон; радио-известување за некоја луња која бргу се приближува кон твојата област; некаков продорен звук од моторот на твојот автомобил додека возиш по прометна улица.

Во некои случаи чувството на страв навистина може да биде пријател. Тоа може да ни помогне да се заштитиме или да постапуваме мудро. Меѓутоа, добро ти е познато дека постојаниот или интензивниот страв не е никаков пријател. Тој е непријател. Може да предизвика губење на здивот, силно чукање на срцето, несвестица, треперење, повраќање и чувство дека сме отсечени од околината.

Можеби ќе ти биде посебно интересно кога ќе откриеш дека Библијата го опишува нашето време како време кое ќе биде одбележано со страшни настани на Земјата и со зголемен страв. Зошто е тоа случај и какво влијание би требало да има врз твојот живот и твоето размислување? Исто така, зошто може да се каже дека од библиска гледна точка постои еден секојдневен страв кој е особено корисен и добар? Да видиме.

[Рамка на страница 3]

Запрашани за тоа што најмногу ги загрижува нив и нивните семејства, возрасни и деца ги кажуваат своите стравови:

ДЕЦА РОДИТЕЛИ

56% Насилство врз некој член од семејството 73%

53% Еден од возрасните го губи работното место 60%

43% Неспособност да обезбеди храна 47%

51% Неспособност да обезбеди медицинска нега 61%

47% Неспособност да обезбеди кров над глава 50%

38% Некој член од семејството има проблем со дрога 57%

38% Распад на семејството 33%

Извор: Newsweek, 22 ноември 1993

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели