Омилената песнарка на Ирина
ДЕВЕТГОДИШНАТА Ирина од Софија (Бугарија) неодамна се крсти како Јеховин сведок. Таа сака да пее, а особено ужива да ги пее песните од книгата Пејте му фалби на Јехова. Затоа, таа си поставила за цел секој месец да учи напамет по неколку песни.
Еден од најомилените предмети на Ирина во училиштето ѝ е музичко воспитување. Затоа, нејзината наставничка по музичко била збунета кога Ирина одбила да пее во училишниот хор. Зошто одбила? Таа знаела дека голем дел од мелодиите кои би се барало да ги пее, величаат национални херои и празници кои се од паганско потекло. Некои песни поддржуваат дури и бунт и насилство за да се унапредуваат национални идеи. Учителката не можела да го сфати ставот на Ирина околу оваа работа. Ирина ѝ напишала писмо на наставничката, изнесувајќи ѝ ги своите верски уверувања — но без успех.
Татко ѝ на Ирина се досетил. Ѝ дал на наставничката примерок од книгата Пејте му фалби на Јехова која ги содржи песните што Ирина сака да ги пее. По неколку дена, наставничката ја викнала Ирина во кабинетот по музичко. Ја замолила Ирина да испее неколку нејзини омилени песни од книгата — и тоа пред нејзините соученици — додека самата ја придружувала на пијано. Изведбата траела повеќе од еден час! Наставничката морала да признае дека омилената песнарка на Ирина навистина содржи некои прекрасни мелодии.