ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/2 стр. 27-31
  • Мојата животна желба — никогаш да не умрам

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мојата животна желба — никогаш да не умрам
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто умре Реџ?
  • Прифаќање на библиската вистина
  • Организирање на проповедничкото дело
  • Искуства од времето на војната
  • Да се издржат испитите на верата
  • Соочување со иднината со доверба
  • Јехова ги привлекува понизните кон вистината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Неволјите во војната ме подготвија за животот
    Разбудете се! 2004
  • Исправни одлуки што ми донесоа трајни благослови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Радосна што и покрај тешкотиите воспитав осум деца да му служат на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/2 стр. 27-31

Мојата животна желба — никогаш да не умрам

РАСКАЖАЛ ХЕКТОР Р. ПРИСТ

„Ракот е неизлечив“, рече лекарот. „Не можеме ништо повеќе да сториме за тебе.“ Таа дијагноза беше поставена пред повеќе од десет години. Па сепак, јас сѐ уште ја негувам библиски темелената надеж засекогаш да живеам на Земјата без никогаш да умрам (Јован 11:26).

МОИТЕ родители беа искрени методисти кои редовно одеа в црква во едно провинциско гратче, недалеку од нашата семејна фарма. Роден сум во прекрасната земјоделска долина Вајрарапа, на околу 130 километри североисточно од Велингтон (Нов Зеланд). Таму уживавме во глетката на планините покриени со снежна покривка, бистрите планински реки, брановидните ридови и плодните рамници.

Во Методистичката црква бевме поучувани дека сите добри луѓе одат на небо, а лошите во пекол — место на огнено мачење. Не можев да сфатам зошто Бог, ако веќе сакал луѓето да живеат на небо, не ги поставил таму уште на почетокот. Секогаш се плашев од смртта и честопати се прашував зошто мораме да умреме. Во 1927 година, кога имав 16 години, нашето семејство доживеа трагедија. Токму тоа беше повод за моето трагање по одговори на моите прашања.

Зошто умре Реџ?

Кога брат ми Реџ имаше 11 години, сериозно се разболе. Лекарот не можеше да одреди што не е в ред и не беше во можност да му помогне. Мајка ми го повика методистичкиот свештеник. Тој се молеше над Реџ, но тоа не ја утеши неа. Всушност, таа му рече на свештеникот дека неговите молитви се безуспешни.

Кога умре Реџ, мама разговараше со секого, обидувајќи се да ја задоволи својата жед за вистинити одговори околу тоа зошто морал да умре нејзиниот млад син. Додека разговарала со еден бизнисмен во градот, прашала дали тој знае нешто за состојбата на мртвите. Тој немал поим, но рекол: „Некој остави овде една книга, па слободно земете ја“.

Мајка ми ја донесе книгата дома и почна да ја чита. Не можеше да се оддели од неа. Постепено почна да ѝ се менува целото расположение. На семејството му рече: „Ова е тоа; ова е вистината“. Таа книга беше The Divine Plan of the Ages (Божествениот план на вековите), првиот том од Studies in the Scriptures (Студии на Писмата). Јас отпрвин бев сомничав и се обидував да аргументирам против начинот на кој беше изнесена намерата на Творецот во книгата. На крајот, моите аргументи исчезнаа.

Прифаќање на библиската вистина

Си мислев: ‚Претстави си да живееш вечно, никогаш да не умреш!‘ Една таква надеж е токму она што и би се очекувало од еден Бог кој е полн со љубов. Рајска Земја! Да, тоа беше нешто за мене.

Откако ги научи овие прекрасни вистини, мајка ми со уште три христијански сестри од Велингтон — сестрите Томпсон, Бартон и Џонс — ќе ги снемаше со денови, ширејќи го семето на Царството по сите села. Иако татко ми го немаше мисионерскиот дух на мајка ми, тој ја поддржуваше во нејзината активност.

Јас бев уверен во вистината, но едно извесно време малку правев во корист на моите верувања. Во 1935 година се оженив со Роуена Корлет и, со текот на времето, бевме благословени со нашата ќерка Инид и со синот Бари. Јас работев како купувач на стока, набавувајќи илјадници грла од околните фармери. Кога овие фармери ќе дискутираа за политика, ми годеше да им речам: „Ниеден од овие човечки напори нема да успее. Божјето Царство е единствената влада која успешно ќе функционира“.

За жал, се оддадов на тутунот; постојано имав пура во устата. Со текот на времето, здравјето ми се влоши и бев сместен во болница со големи болки во стомакот. Ми рекоа дека имам акутен гастроентерит, предизвикан од моето пушење. Иако престанав со оваа навика, не ми беше необично да сонувам како пушам една пура или цигара која никогаш не догорува. Каква само ужасна зависност може да биде тутунот!

Откако престанав со тутунот, направив и други важни прилагодувања. Во 1939 година, кога имав 28 години, се крстив во реката Мангети, близу нашиот дом во селото. Роберт Лазенби, кој подоцна го надгледуваше делото на проповедање на Нов Зеланд, патуваше дури од Велингтон за да одржи говор во нашиот дом и да ме крсти. Од тоа време па наваму, јас станав храбар Сведок на Јехова.

Организирање на проповедничкото дело

После моето крштавање, бев наименуван за надгледник на собранието Екетахуна. Мојата сопруга, Роуена, уште не ја беше прифатила библиската вистина. Меѓутоа, јас ѝ кажав дека ќе го викнам Алф Брајант од Пахиатуа за да ми покаже како да сведочам исправно од куќа до куќа. Сакав да го организирам делото на проповедање и систематски да го обработам нашето подрачје.

Роуена рече: „Хектор, ако одиш да сведочиш од куќа до куќа, јас нема да бидам тука кога ќе се вратиш. Ќе те напуштам. Твојата одговорност е тука — дома со твоето семејство“.

Не знаев што да правам. Колебливо, се облеков. ‚Мора да го сторам тоа‘, си мислев во себе. ‚Од тоа зависи мојот живот, а и животот на моето семејство.‘ Затоа ја уверив Роуена дека не сакам на никаков начин да ја повредам. Ѝ реков дека многу ја сакам, но бидејќи се работи за Јеховиното име и сувереност, а и за нашите сопствени животи, едноставно морам да проповедам на овој начин.

Алф и јас отидовме до првата врата, и тој презеде водство во разговорот. Но, тогаш несвесно го презедов разговорот, велејќи му на станарот дека она што се случило во времето на Ное, е паралела на она што се случува во нашево време и дека мораме да сториме нешто за да си обезбедиме спасение (Матеј 24:37-39). Таму оставив неколку џебни брошури.

На заминување, Алф ми рече: „Од каде ти е сето тоа спознание? Па јас не сум ти потребен. Ти оди сам и така ќе обработиме двапати повеќе од подрачјето“. Така и направивме.

Додека се враќавме дома, не знаев што ќе нѐ очекува. На мое изненадување и радост, Роуена ни беше подготвила по една шолја чај. По две недели, мојата сопруга ми се придружи во јавната служба и стана извонреден пример за христијанска ревност.

Меѓу првите кои станаа Јеховини сведоци во нашата земјоделска долина беа Мод Мансер, нејзиниот син Вилијам и ќерката Руби. Сопругот на Мод беше еден избувлив човек со груба надворешност. Еден ден, Роуена и јас дојдовме на нивната фарма за да ја земеме Мод во служба. Младиот Вилијам ни го беше подготвил својот автомобил, но татко му имаше други планови.

Ситуацијата беше напната. Ја замолив Роуена да ја придржи нашата ќеркичка Инид. Влегов во автомобилот на Вилијам и бучно излетав од гаражата додека г-н Мансер се обидуваше брзо да ја затвори вратата од гаражата пред да можеме да излеземе. Но, не успеа. Откако малку одвозивме, застанавме и јас излегов од автомобилот за да го пресретнам разбеснетиот г-н Мансер. Му реков: „Ние ќе одиме во служба на подрачјето, а г-ѓа Мансер доаѓа со нас“. Го замолив и неговиот гнев некако спласна. Кога ќе се сетам на тоа, веројатно требаше поинаку да постапам, но сепак подоцна тој стана поповолно настроен спрема Јеховините сведоци, иако самиот никогаш не стана Сведок.

Во тие години имаше само неколкумина од Јеховиниот народ и ние навистина уживавме и имавме корист од посетите на полновремените слуги кои престојуваа на нашата фарма. Меѓу овие посетители беа Адријан Томпсон и неговата сестра Моли, кои посетија еден од првите класови на Библиската школа Гилеад на Стражарска кула за мисионери и служеа на странски доделби во Јапонија и во Пакистан.

Искуства од времето на војната

Во септември 1939 година, почна II светска војна, а во октомври 1940, новозеландската влада ја забрани активноста на Јеховините сведоци. Многу од нашите христијански браќа беа изведувани пред судовите во земјата. Некои беа одведени во работни логори и изолирани од своите сопруги и децата. Додека беснееше војната, иако имавме фарма со млекара, се прашував дали ќе бидам повикан во војска. Потоа беше дадено известување дека фармерите повеќе нема да бидат земани од своите фарми во војска.

Роуена и јас продолживме со нашата христијанска служба, и секој од нас поминуваше по повеќе од 60 часа во делото на проповедање. За сето тоа време, имав предност да им помагам на младите Сведоци кои ја задржуваа својата христијанска неутралност. Се појавував во нивна одбрана пред судовите на Велингтон, Палмерстон Норт, Пахиатуа и Мастертон. Обично, во регрутната комисија имаше по еден член на свештенството и беше задоволство да се разоткрива нивното нехристијанско поддржување на воените напори (1. Јованово 3:10-12).

Една ноќ, додека Роуена и јас ја проучувавме Стражарска кула, ни упаднаа детективи. При претресот во нашиот дом најдоа библиска литература. „Заради ова можете да одите в затвор“, нѐ известија. Кога детективите влегоа во својот автомобил за да си одат, открија дека кочниците се блокирани и автомобилот не можеше ни да се помрдне. Вилијам Мансер помогна да се поправи автомобилот, и никогаш повеќе не слушнавме за овие луѓе.

За време на забраната, литературата ја криевме во една зграда на едно оддалечено место од нашата фарма. Сред полноќ, јас ќе ја посетев новозеландската канцеларија на подружницата и ќе го натоварев својот автомобил со литература. Потоа ќе ја носев дома и ќе ја складирав на нашето изолирано место. Една ноќ, кога пристигнав во подружницата за да подигнам една тајна пратка, целото место наеднаш беше осветлено! Полицијата извика: „Те фативме!“ Но, на мое изненадување, ме пуштија без многу врева.

Во 1949 година, Роуена и јас ја продадовме фармата и одлучивме да бидеме пионери сѐ додека не се потрошат парите. Се преселивме во една куќа во Мастертон и служевме како пионери во собранието Мастертон. За две години, беше основано собранието Фетерстон со 24 активни објавители, а јас служев како претседавачки надгледник. Потоа, во 1953 година, ја имав предноста да патувам во Соединетите Држави за да присуствувам на осумдневниот меѓународен конгрес на Јеховините сведоци на стадионот Јенки во Њујорк Сити. Роуена не можеше да ме придружува затоа што требаше да се грижи за нашата ќерка Инид која страдаше од церебрална парализа.

По моето враќање на Нов Зеланд, морав да прифатам световна работа. Повторно се вративме во собранието Мастертон, каде што бев наименуван за претседавачки надгледник. Отприлика во тоа време, Вилијам Мансер го купи Малиот театар во Мастертон и тоа стана првата Сала на Царството во Вајрарапа. Во текот на 1950-тите, нашето собрание уживаше добар духовен и бројчан пораст. Затоа, кога ќе нѐ посетеше покраинскиот надгледник, често ги охрабруваше зрелите поединци да се преселат во други делови од земјата за да помогнат таму во делото на проповедање, и извесен број лица и го сторија тоа.

Нашето семејство остана во Мастертон и, во текот на следните децении, не само што имав многу предности во собранието туку се радував на задолженија и на националните и на меѓународните конгреси. Роуена ревносно учествуваше во службата на подрачјето, постојано помагајќи им на другите да го прават истото.

Да се издржат испитите на верата

Како што беше забележано на почетокот, во 1985 година ми поставија дијагноза дека имам неизлечив рак. Колку само сакавме мојата верна сопруга Роуена и јас, заедно со нашите деца, да бидеме меѓу милионите кои живеат сега, а кои нема никогаш да умрат! Но, лекарите ме испратија дома да умрам. Сепак, прво ме прашаа што мислам јас за дијагнозата.

„Ќе задржам спокојно срце и ќе бидам оптимист“, одговорив. Всушност, мој стабилизатор стана библиската изрека: „Кроткото срце е живот за телото“ (Изреки 14:30).

Специјалистите за рак го пофалија тој библиски совет. „Таквиот душевен став е 90 отсто од лекот за пациентите заболени од рак“, рекоа тие. Исто така, ми препорачаа и седум седмици терапија со зрачење. За среќа, на крајот успеав во борбата против ракот.

Во текот на ова особено тешко време, доживеав еден тежок удар. Мојата прекрасна, лојална сопруга, доби излив на крв во мозокот и умре. Се тешев со примерите на верните лица, запишани во Светото писмо, и со начинот на кој Јехова ги решил работите за нив додека тие ја задржале својата беспрекорност. Затоа, мојата надеж во новиот свет остана светла (Римјаните 15:4).

Меѓутоа, станав депримиран и сакав да престанам да служам како старешина. Локалните браќа ме храбреа сѐ додека повторно не собрав сила да продолжам. Како резултат на тоа, во изминатите 57 години бев во можност непрекинато да служам како христијански старешина и надгледник.

Соочување со иднината со доверба

Служењето на Јехова во сите овие години беше непроценлива предност. Какви само благослови имав! Ми се чини дека не беше толку одамна кога како 16-годишно момче ја слушнав мајка ми како извика: „Ова е тоа; ова е вистината!“ Мајка ми остана верен, ревносен Сведок сѐ до нејзината смрт во 1979 година, кога имаше преку 100 години. Нејзината ќерка и шесте сина исто така станаа лојални Сведоци.

Моја горлива желба е да доживеам да видам како Јеховиното име ќе биде исчистено од секаков срам. Дали ќе ја остварам мојата животна желба никогаш да не умрам? Се разбира, тоа останува да се види. Сепак, јас сум уверен дека мнозина, да, милиони конечно ќе го доживеат тој благослов. Затоа, сѐ додека сум жив, ќе го ценам изгледот да бидам вброен меѓу оние кои нема никогаш да умрат (Јован 11:26).

[Слика на страница 28]

Мајка ми

[Слика на страница 28]

Со мојата сопруга и децата

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели