ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/4 стр. 31
  • Верата го мотивирала да дејствува

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Верата го мотивирала да дејствува
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/4 стр. 31

Верата го мотивирала да дејствува

КОГА Јехова го ополномоштил Мојсеј да ја изведе израелската нација од египетско ропство, Мојсеј отпрвин се правдал, велејќи: „О, Господи, Те Молам, не сум доброречив човек; ни порано сум бил, ниту вчера, ни завчера, па ни сега, откако проговори Ти со слугата Твој, бидејќи немам добар глас и тепкам, тешко зборувам“ (2. Мојсеева 4:10). Да, Мојсеј не се чувствувал оспособен за една таква тешка задача.

Слично и денес, многу Јеховини слуги понекогаш се чувствуваат недостаточни за да ги исполнат должностите што им се доделени. На пример, еден христијански надгледник по име Теодор, раскажува: „Од сите работи што Јехова ги бара од мене, службата на подрачјето е најтешка. Кога бев млад, набрзина ќе отидев до вратата, се правев дека ѕвонам, па мирно ќе си заминев, надевајќи се дека никој нема да ме слушне или да ме види. Кога станав повозрасен, престанав да го правам тоа, но помислата да одам од врата до врата, ме истоштуваше. Дури и ден-денеска ми станува лошо пред да одам во служба, но пак одам“.

Што е тоа што ги оспособило Мојсеј и современите Сведоци како Теодор, да излезат на крај со таквите стравови? Библијата одговара: „Со вера тој [Мојсеј] го напушти Египет . . . зашто веруваше во [зашто остана постојан како да го гледаше, НС] Оној, Кој не се гледаше, како да Го гледа“ (Евреите 11:27).

Навистина, покажувајќи вера во Јехова, Мојсеј бил во состојба да ги надмине своите чувства на недостаточност и да ги исполни своите доделени должности како судија, пророк, национален водач, посредник на сојузот на Законот, заповедник, историчар и библиски писател.

На сличен начин, ако имаме вера како Мојсеј, ќе одиме ‚како да го гледаме Оној, Кој не се гледа‘. Таквата вера влева храброст и нѐ оспособува да ги преземеме на себе нашите христијански одговорности — дури и кога се чувствуваме недостаточни.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели