ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/4 стр. 32
  • ‚Потребна ви е истрајност‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ‚Потребна ви е истрајност‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/4 стр. 32

‚Потребна ви е истрајност‘

‚ПОТРЕБНА ни е истрајност‘ за да го добиеме „исполнувањето на ветувањето“ (Евреите 10:36, НС). Еден библиски научник објаснува дека грчкиот збор за „истрајност“ што го употребил апостол Павле во овој текст, понекогаш служел за да ја опише „способноста на некое растение да живее под тешки и неповолни околности“.

На планините во Европа расте едно токму такво растение. Навистина е чудно тоа што е наречено живеј засекогаш. Се разбира, ова алпско растение не живее засекогаш, туку успева од година в година, давајќи прекрасни цветови секое лето. The New Encyclopædia Britannica објаснува дека името живеј засекогаш му било дадено на растението поради неговата „издржливост и долготрајност“. (Научното име за овие растенија од родот Sempervivum исто така значи „живеј засекогаш“; на наше подрачје познато како грлешник.)

Она што ова долговечно растение го прави невообичаено е тоа што расте на најнегостољубиви места. Може да се најде високо на ветровитите планински падини, каде што температурите може да се спуштат за 35°C во рок од 24 часа. Тоа може да пушти корен во некоја карпеста пукнатина со многу малку почва. Кои се некои од тајните на неговата истрајност во таквите сурови услови?

Живеј засекогаш има сочни ливчиња, кои внимателно собираат вода. Ова му овозможува потполно да ја користи сета влага што се добива од дождот или од снеговите што се топат. Освен тоа, растението расте во гроздови кои ја обединуваат својата сила за цврсто да се фатат за својата карпеста подлога. Пуштајќи корен во пукнатините, тоа има некаква заштита од природните сили, иако можеби има малку почва. Со други зборови, тоа напредува така што го искористува најдоброто од тешките околности.

Во духовна смисла, ние можеме да се најдеме во околности кои го испитуваат квалитетот на нашата истрајност. Што ќе ни помогне да истраеме кога сме под испит? Како растението живеј засекогаш, и ние можеме да ја собираме животодајната вода од Божјата Реч и блиско да се дружиме со вистинските христијани заради поддршка и заштита. А над сѐ, како алпското цвеќе, мораме жилаво да се припоиме за нашата „карпа“, Јехова, како и за неговата Реч и за неговата организација (2. Царства 22:3).

Навистина, растението живеј засекогаш е атрактивен потсетник дека, дури и во сурова околина, можеме да истраеме ако ги искористиме расположливите подготовки. Јехова ни гарантира дека таквата истрајност ќе доведе до тоа да ‚ги добиеме ветувањата‘, што дословно ќе значи да живееме засекогаш (Евреите 6:12; Матеј 25:46).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели