ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/8 стр. 32
  • „Јас не сонувам, нели?“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Јас не сонувам, нели?“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/8 стр. 32

„Јас не сонувам, нели?“

Следниов извештај доаѓа од Малави, во врска со еден од историските обласни конгреси на Јеховините сведоци — „Радосни фалители“, што беа одржани таму во текот на летото 1995 година.

„ДОЛЖ главниот пат, отприлика на полпат на западниот брег од езерото Малави, за првпат после 29 години е поставен еден знак. На него пишува: ‚Обласен конгрес на Јеховини сведоци‘.

Покрај знакот е паркиран еден голем камион, а од неговата приколка излегуваат повеќе од 200 делегати од градот Мзузу. Тие донесоа бовчи со облека, ќебиња, тенџериња, кофи, храна, дрва за оган и Библии за да им се придружат на околу 3.000 свои браќа и сестри од други места.

Додека ги поздравуваме браќата што се симнуваат од камионот, пристигнува Џорџ Чикако, на 63 години, туркајќи го својот велосипед по песокот, откако два дена се возел од Кота Кота. Низ годините, брат Чикако отслужи четири затворски казни поради неговото одбивање да ги компромитира библиските начела. Неговиот братучед умре од тепањата што ги доби додека беше затворен. ‚Јас не сонувам, нели?‘ — прашува брат Чикако. ‚Овој конгрес се одржува среде бел ден, а овие луѓе гласно ги пеат песните на Царството! За сето тоа време, моравме да се состануваме во темнината на ноќта, да ги шепотиме песните на Царството и да си ги триеме рацете наместо да аплаудираме. Сега се состануваме отворено, а луѓето се изненадени што гледаат дека нѐ има толку многу, бидејќи мислеа оти сме само малкумина!‘

Конгресната локација е оградена со жива ограда и е лесно покриена со трска за да даде сенка. Беа изградени мали колиби од трева и ноќевалишта на отворено за да се сместат делегатите. Ноќниот воздух е исполнет со звукот на прекрасни мелодични гласови кои повеќе не се пригушени од стравот од прогонство.

Колку само е прикладно што конгресот го има како свое мото ‚Радосни фалители‘“.

[Извор на слика]

Mountain High Maps® Copyright © 1995 Digital Wisdom, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели