ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/2 стр. 3-4
  • Што значи религиозната слобода за тебе?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што значи религиозната слобода за тебе?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како е со религиозната слобода?
  • Друг вид религиозна слобода
  • Не промашувај ја целта на слободата дадена од Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Слободен, но одговорен народ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Служи му на Јехова, Богот на слободата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Добредојдовте на Обласните конгреси ”Љубители на слободата!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/2 стр. 3-4

Што значи религиозната слобода за тебе?

Иако во Соединетите Држави слободата на религијата се смета за основно право, во 1940-тите години во земјата имаше бран од насилнички толпи против Јеховините сведоци

МИЛИОНИ се бореле за неа. Некои дури и умреле за неа. Таа навистина е еден од најскапоцените поседи на човештвото. Што е тоа? Слободата! The World Book Encyclopedia ја дефинира слободата како „способност да се прават избори и истите да се спроведуваат“. Таа продолжува: „Од правна гледна точка, луѓето се слободни ако општеството не им наметнува неправедни, непотребни или неразумни ограничувања. Општеството исто така мора да ги штити нивните права — т. е. нивните основни слободи, способности и привилегии“.

Идејата звучи едноставно. Меѓутоа, во праксата се чини дека е буквално невозможно луѓето да се сложат каде точно треба да се постават границите на слободата. На пример, некои веруваат дека владата треба да донесе закони за да ја заштити слободата на своите граѓани. Но, други ќе аргументираат дека овие закони се самите окови од кои граѓаните треба да бидат ослободени! Јасно е дека различни луѓе различно ја сфаќаат слободата.

Како е со религиозната слобода?

Можеби слободата за која се водат најжестоки дебати е слобода на религијата, која е дефинирана како „право да се верува и да се практикува верата по сопствениот избор“. Според Универзалната декларација на Обединетите нации за човековите права, „секој има право на слобода на мислата, совеста и религијата“. Тоа го вклучува правото на едно лице „да ја промени својата религија или верување“, како и слободата „да ја манифестира својата религија или верување во учењето, практикувањето, обожавањето и држењето обичаи“ (член 18).

Се разбира, ние би очекувале секоја нација која искрено се грижи за своите субјекти да даде таква слобода. За жал, ова не е секогаш случај. „Религијата ги допира најдлабоките чувства на многу луѓе“ — забележува The World Book Encyclopedia. „Некои влади имаат тесни врски со една религија, а луѓето од другите вери ги сметаат како закана за политичката власт. Исто така, една влада може да ја смета религијата како политички опасна, затоа што религиите можат приврзаноста кон Бог да ја ставаат пред послушноста спрема државата“.

Од овие причини, некои влади поставуваат ограничувања врз практикувањето на религијата. Неколку влади забрануваат практикување на каква и да било вера воопшто. Други, пак, иако тврдат дека застапуваат слобода на обожавањето, строго ги контролираат сите религиозни активности.

На пример, разгледај ја ситуацијата што долги години преовладуваше во Мексико. Иако Уставот гарантираше религиозна слобода, тој пропишуваше: „Црквите што се користат за јавно обожавање се сопственост на Нацијата, која е претставена преку сојузната влада, која треба да одреди кои цркви можат и понатаму да се користат како такви“. Во 1991 година, Уставот беше коригиран за да му се стави крај на ова ограничување. Меѓутоа, овој пример илустрира дека религиозната слобода може во различни земји различно да се толкува.

Друг вид религиозна слобода

Дали постои религиозна слобода во земјата во која живееш ти? Ако да, како е дефинирана таа? Можеш ли да го обожаваш Бог на начинот што си го избрал ти или, пак, си принуден да станеш член на државната религија? Дали ти е дозволено да читаш и да шириш религиозна литература или, пак, таквиот печатен материјал е забранет од владата? Можеш ли да зборуваш со другите за својата вера или, пак, тоа се смета за повреда на нивните религиозни права?

Одговорите на овие прашања зависат од тоа каде живееш. Меѓутоа, интересно е тоа што постои еден вид религиозна слобода кој воопшто не зависи од местото на живеење. Додека бил во Ерусалим во 32 година н. е., Исус им рекол на своите следбеници: „Ако вие останете при Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици; и ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:31, 32).

Што мислел Исус со оваа изјава? Неговите еврејски слушатели копнееле по ослободување од римското владеење. Но, Исус не дискутирал за слобода од политичко угнетување. Наместо тоа, на своите ученици им ветувал нешто многу подобро, како што ќе видиме од следнава статија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели