Милиони одат — дали и Вие?
Каде одат? На годишното прославување на смртта на Исус Христос. Во 1996 година, ширум светот присуствуваа вкупно 12.921.933 лица.
Зошто одат? Поради значењето на Исусовата смрт за човештвото. Таа значи ослободување од болест, страдање и смрт. Дури и саканите умрени ќе бидат воскреснати во живот на Земја која ќе биде обновена во Рај.
Како може смртта на Исус Христос да донесе такви благослови? Поканети сте да го дознаете тоа. Јеховините сведоци Ви изразуваат добредојде на состанокот со нив на овој важен настан.
Присуствувајте во Салата на Царството која е најблиску до Вашиот дом. Годинава, датумот е недела, 23 март, после зајдисонце. Проверете кај Јеховините сведоци во Вашето место за точното време.