ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/4 стр. 3-4
  • Зошто времињава се толку лоши?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто времињава се толку лоши?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Сличен материјал
  • Трето прашање: Зошто Бог дозволува да страдам?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Зошто добрите луѓе страдаат?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Дали Бог се грижи за нас?
    Дали Бог се грижи за нас?
  • Што вели Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/4 стр. 3-4

Зошто времињава се толку лоши?

КОГА ќе седнеш да прочиташ некој весник или да гледаш вести на ТВ или да слушаш вести на радио, очекуваш некакви лоши вести, зарем не? Веројатно не си изненаден кога дознаваш дека уште беснее некоја текушта војна, дека насилниот криминал сѐ уште зема замав или, пак, дека гладот сѐ уште ѝ ја исцедува силата на некоја земја во развој.

Ако живееш на извесна оддалеченост од овие збиднувања, веројатно не се чувствуваш секогаш премногу вознемирен поради таквите извештаи. Впрочем, кој може да си дозволи да сочувствува со сите тие маси страдалници? Сепак, многу е тешко а да не се остане трогнат кога сме соочени со начинот на кој страдањата влијаат врз поединците. Со други зборови, едно е да се чита за некоја војна и да се размислува за статистиките во врска со смртните случаи, а сосема друго е да се чита за малечкиот Аднан, деветгодишно Босанче чија мајка била убиена кога една бомба им го уништила домот. Само после неколку месеци, татко му на Аднан бил смртно погоден од снајпер додека заедно оделе по една улица. Само после неколку седмици, сестра му искрвавела до смрт пред негови очи како жртва на артилериска граната која паднала во училишниот двор. Лекарите кои го лекувале Аднан од траумата, заклучиле дека момчето е неосетливо, лишено од секакви чувства — дури и од љубопитност. Стравовите и сцените од минатото фрлале црна сенка врз часовите кога е буден; ноќните мори му го одземале спокојството на сонот. Аднан не е статистика. Тој е дете кое страда; не можеме а да не сочувствуваме со него.

Истото важи и за другите светски болки. Едно е да се чита за глад; сосема друго е да се гледа сликата на едно 5-годишно девојче со подуен стомак и со екстремитети како костур, одвај жива жртва на изгладнетост. Едно е да читаш статистики за криминалот; сосема друго е да слушнеш за некоја постара вдовица која била брутално претепана, опљачкана и силувана. Едно е да читаш за распаѓањето на семејството; сосема друго е да дознаеш дека некоја мајка намерно го изгладнела и злобно го измалтретирала своето сопствено дете.

Болно е да се чита за ваквите работи. Но, колку само е полошо кога некоја од овие глобални неволји директно ќе нѐ погоди нас! Кога лично трпиш зло, поголемата слика што е прикажувана преку светските вести може да стане поразна. Ужасно е да се соочиш со фактот дека страдањето од криминал, од војна, од глад и од болест се шири во размери што се без преседан во човечката историја. Последиците од справувањето со реалностите на овој XX век навистина можат да бидат огромни — збунетоста, стравот и депресијата се вообичаени.

Луѓето од многу религии бараат одговори на вознемирувачките прашања како овие: Зошто работите се толку лоши? Каде оди човештвото?

За жал, религиите денес ретко нудат задоволителни одговори. Кога првпат го виде прашањето на насловната страница од списаниево, можеби реагираше со скептицизам — разбирлива реакција. Фундаменталистичките религии честопати се обидуваат да го изнудат од Библијата она што таа едноставно не го содржи — точниот ден и час на крајот на овој свет. (Види Матеј 24:36.) Издавачите на ова списание претпочитаат да дозволат Библијата самата да се објасни себеси. Можеби ќе бидеш изненаден кога ќе дознаеш дека библиската дискусија за последните денови е фактичка и разумна. А Библијата прави повеќе отколку само да објасни зошто работите се толку лоши. Таа дава и надеж за иднината, надеж која навистина е утешна. Те покануваме да ги разгледаш следните статии за да видиш како го прави тоа.

[Извор на слика на страница 3]

Jobard/Sipa Press

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели