ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/10 стр. 31
  • Девствен брак?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Девствен брак?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/10 стр. 31

Девствен брак?

ВО ОБИД да ги доведат во склад наводната трајна девственост на Марија и нејзиниот брак со Јосиф, многу сликари и скулптори го прикажале Јосиф како човек кој бил во напредната возраст. Тие резонирале дека Јосиф всушност бил повеќе како старател на Марија отколку како сопруг. Но, папата Јован Павле II неодамна застапувал едно поинакво гледиште за таа работа. Тој сугерира дека Јосиф во „тоа време не бил остарен човек“. Наместо тоа, „неговата внатрешна совршеност, плодот на милоста го довела до тоа да го живее својот брачен однос со Марија со девствена наклоност“.

Доколку Марија имала намера засекогаш да остане девица, тогаш зошто се свршила? „Може да се претпостави“, одговара папата, „дека во времето на нивната свршувачка имало разбирање меѓу Јосиф и Марија во врска со планот да живее како девица.“

Меѓутоа, Библијата поинаку ја претставува таа работа. Матеевиот извештај вели дека Јосиф „немал односи со неа сѐ додека не родила син“ (Матеј 1:25, католичка New American Bible, курзивот од нас). После раѓањето на Исус, брачната заедница на Јосиф и Марија во никој случај не била девствена. Еден доказ за тоа е што подоцна во евангелскиот извештај покажано е дека Исус имал браќа и сестри (Матеј 13:55, 56).

Според тоа, иако Библијата наведува дека Марија била девица кога го родила Исус, не постои основа да се тврди дека таа живеела како девица во остатокот од својот живот со Јосиф.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели