Кој е виновен?
Многумина го обвинуваат Бог за своите неволји. Една библиска изрека наведува: „Лудоста на човекот му го расипува животот, а срцето му се лути на Јахве!“ (Изреки 19:3, Kršćanska sadašnjost). Сепак, да се смета Бог одговорен за човечките јадови е исто како да се обвини некој производител на автомобили за распространетоста на собраќајните несреќи поради возење во пијана состојба.
Бог му дал на човештвото скапоцено водство во својата Реч, Библијата. Проучувајќи ја оваа божествена библиотека и живеејќи според законите и начелата што ги изложува таа, можеме да избегнеме многу стапици во животот. За разлика од тоа, постапувањето спротивно на Божјето водство е катастрофално. На пример, оние кои прекумерно јадат, пушат, прекумерно пијат или вршат неморал, честопати сносат трагични здравствени последици (Лука 21:34; 1. Коринтјаните 6:18; 2. Коринтјаните 7:1). Христијанскиот апостол Павле напишал: „Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее: кој сее во телото свое, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот“ (Галатјаните 6:7, 8).
Колку само е подобро да се живее според Божјите закони и начела! Ако го правиме тоа, ќе ја доживееме вистинитоста на Божјето ветување изречено преку пророкот Исаија: „Јас сум Господ, Бог твој, Кој те учи на добро, Кој те води по оној пат, по кој треба да одиш. О, да беше ги слушал Моите заповеди! Тогаш твојот мир ќе беше како река, и твојата правда како морски бранови“ (Исаија 48:17, 18).