ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/8 стр. 32
  • „Кој ги раѓа капките на росата?“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Кој ги раѓа капките на росата?“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/8 стр. 32

„Кој ги раѓа капките на росата?“

ЕДЕН новинар од 19 век ги опишал капките роса како „течни скапоцени камења на Земјата, кои ги формирал воздухот“. Нашиот Творец го запрашал древниот патријарх Јов: „Кој ги раѓа капките на росата?“ (Јов 38:28). Бог го потсетил Јов на божественото потекло на драгоцената роса.

Освен нејзината убавина, која е блескава како скапоцен камен, росата во Библијата е поврзана со благослов, плодност, изобилие и сочувување на животот (1. Мојсеева 27:28; 5. Мојсеева 33:13, 28; Захарија 8:12). За време на топлата, сушна сезона во Израел, ‚росата ермонска‘ ја сочувувала вегетација на земјиштето, а со тоа и нејзиниот народ. Пошумените и снежни врвови на планината Ермон сѐ уште произведуваат ноќна пареа која се кондензира за да формира обилна роса. Псалмистот Давид го споредил освежувањето кое го донесувала оваа роса со угодното искуство од живеењето во единство со сообожавателите на Јехова (Псалм 132:3).

Упатствата на пророкот Мојсеј до Израел биле нежни и освежувачки, како капки роса. Тој рекол: „Како роса да паднат зборовите мои, како пороен дожд на троскот и како слана на сено [обилен дождец врз вегетацијата, NW]“ (5. Мојсеева 32:2). Денес, Јеховините сведоци ја објавуваат животодајната добра вест за Божјето Царство до краевите на Земјата (Матеј 24:14). Бог ја упатува поканата: „,Дојди!‘ И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот дарум“ (Откровение 22:17). Милиони луѓе од сите нации ја прифаќаат оваа понуда за духовно освежување од Бог кој може вечно да го поддржува животот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели