ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w99 15/4 стр. 31
  • „Отпловување на море во бура“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Отпловување на море во бура“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
w99 15/4 стр. 31

„Отпловување на море во бура“

ЗАРЕМ не сметаш дека таквиот потфат е нешто што е во непогодно време, неразумно и може да доведе до катастрофа? Сепак, некои се втурнуваат во таква ситуација на еден фигуративен начин. Како? Англискиот автор од 17 век Томас Фулер рекол: „Немој да правиш ништо во неконтролиран бес. Тоа е отпловување на море во бура“.

Преземањето некакви мерки во состојба на неконтролиран гнев може да има трагични последици. Тоа го потврдува еден настан кој е запишан во Библијата. Симеон и Левиј, синови на древниот патријарх Јаков, реагирале на насилството врз нивната сестра Дина така што тргнале на јуриш во една осветољубива лутина. Резултатот бил масовно убиство и пљачка. Не е ни чудо што Јаков го осудил нивното злобно дело со зборовите: „Ме смутивте и ме омразивте кај народот од оваа земја“ (1. Мојсеева 34:25—30).

Божјата реч, Библијата, на мудар начин го препорачува спротивниот правец. Таа вели: „Престани да се гневиш и остави ја јароста, не жести се толку многу — самиот да не правиш зло“ (Псалм 36:8). Следењето на тој совет може да спречи големи гревови (Проповедник 10:4; види и Изреки 22:24, 25).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели