ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w99 15/4 стр. 32
  • Светски мир од кој извор?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Светски мир од кој извор?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
w99 15/4 стр. 32

Светски мир од кој извор?

ДАЛИ глобализацијата на образованието и религијата ќе донесе светски мир? Ова е сонот на д-р Роберт Мелер, поранешен асистент на генералниот секретар на Обединетите нации и добитник на наградата на УНЕСКО за Образование во мир, во 1989 година. Во весникот The Vancouver Sun беше известено дека д-р Мелер е „уверен дека сите ученици на Земјината топка мора да бидат поучени за централниот систем од факти и вредности во врска со планетата, човечноста и ненасилството“. Тој си го замислува денот кога сите образовни институции ширум светот ќе ги поучуваат децата дека ОН е најголемата надеж за мир. Исто така, верува дека „сите светски религии треба да станат членови на една нова организација слична на ОН, наречена Обединети религии“, известува Sun. Тогаш „целокупното религиозно учење ќе унапредува ненасилство“.

Дали светскиот мир некогаш ќе стане реалност? Сосема сигурно! Но, не преку некакво човечко застапништво. Пред повеќе од 2.700 години, еден инспириран писател го идентификувал највисокиот извор на образование за мир кога претскажал дека луѓето со праведни срца ќе бидат „поучени од Јехова“ и дека нивниот мир ќе биде „изобилен“ (Исаија 54:13, NW).

Бог е оној „кој дава мир“, вели Библијата (Римјаните 16:20, NW). Уште сега се одвива едно извонредно глобално образовно дело додека Јехова го поучува својот народ да ‚бара мир и да се стреми кон него‘, да ги ‚прекова мечевите свои во плугови‘ и да не се ‚учи повеќе на војна‘ (1. Петрово 3:11; Исаија 2:2—4).

Обожавањето кое се темели на вистина, во кое нема лицемерство и измама, е одобрено и благословено од Бог (Матеј 15:7—9; Јован 4:23, 24). Само вистинското обожавање, во целосен склад со Божјата реч, може да создаде луѓе кои живеат во мир и единство и кои имаат вистинска љубов еден кон друг (Јован 13:35).

За да научиш повеќе за тоа што вели Божјата реч во врска со светскиот мир, те покануваме да стапиш во контакт со издавачите на ова списание.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели