ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 1/7 стр. 4-7
  • Каде можеш да најдеш внатрешен мир?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Каде можеш да најдеш внатрешен мир?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто толку малку мир?
  • Каде да се најде внатрешен мир
  • Внатрешен мир во вознемирен свет
  • Наоѓање вистински мир денес
  • Можеш ли да најдеш внатрешен мир?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Можеш ли да најдеш мир во овој немирен свет?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Нека ”мирот Божји“ го чува твоето срце
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Мир — како можеш да го најдеш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 1/7 стр. 4-7

Каде можеш да најдеш внатрешен мир?

Постојат многу разлики меѓу нашево време и времето на Торо, спомнат во претходната статија. Главна разлика е тоа што денес нема недостиг на совети за тоа како да се постигне душевен мир. Психолози и писатели на книги за самопомош — па дури и новинари по весниците — нудат свои идеи. Нивниот совет може да биде од краткорочна помош; но за долгорочни решенија е потребно нешто подлабоко. Тоа е она што го пронашле поединците спомнати во претходната статија.

АНТОНЈУ, Маркос, Герсон, Вања и Марсело биле со различно потекло и имале различни проблеми. Но, заеднички им биле најмалку три работи. Прво, имало време кога ‚немале надеж и биле без Бог во светот‘ (Ефесјаните 2:12, NW). Второ, копнееле по душевен мир. И трето, сите тие го нашле внатрешниот мир по кој копнееле откако прифатиле библиска студија со Јеховините сведоци. Како што напредувале, сфатиле дека Бог е заинтересиран за нив. Навистина, како што им рекол Павле на атињаните од негово време, Бог „не е далеку од секого меѓу нас“ (Дела 17:27). Искрената увереност во ова е главен фактор за да се стекне внатрешен мир.

Зошто толку малку мир?

Библијата дава две основни причини за недостигот на мир во светот — било да станува збор за внатрешен мир или мир меѓу луѓето. Првата е објаснета во Јеремија 10:23: ‚Патот на човекот не зависи од него. Не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои‘. Човекот нема ниту мудрост ниту далековидост да управува со себеси без помош, а единствената помош која има вистинска вредност доаѓа од Бог. Луѓето кои не бараат Божје водство нема никогаш да постигнат траен мир. Втората причина за недостигот на мир се гледа од зборовите на апостол Јован: „Целиот свет лежи во власта на злобниот“ (1. Јованово 5:19, NW). Без божествено водство, напорите на човекот да постигне мир секогаш ќе бидат осуетени од активностите на оној кој е невидлив, но многу реален — и многу моќен — „злобниот“ Сатана.

Заради овие две причини — тоа што повеќето луѓе не бараат Божје водство и што Сатана е многу активен во светот — човечкиот род во целина се наоѓа во бедна состојба. Апостол Павле добро го опишал ова: „Сите созданија заедно со нас воздивнуваат и тажат досега“ (Римјаните 8:22). Кој не би се сложил со оваа проценка? Во богатите како и во сиромашните нации, семејните проблеми, криминалот, неправдата, конфликтите меѓу личностите, економската несигурност, племенската и етничка омраза, угнетувањето, болестите и уште многу други работи, им го одземаат душевниот мир на луѓето.

Каде да се најде внатрешен мир

Кога ја проучувале Божјата реч — Библијата — Антонју, Маркос, Герсон, Вања и Марсело научиле работи кои им го измениле животот. Како прво, научиле дека еден ден светската ситуација ќе биде поинаква. Ова не е само некоја нејасна надеж дека на крајот сѐ ќе испадне добро. Таа е реална, добро заснована доверба дека Бог има намера со човештвото и дека уште сега можеме да извлечеме корист од таа намера ако ја вршиме неговата волја. Тие го примениле во животот она што го научиле од Библијата, и работите за нив станале подобри. Нашле поголема среќа и мир отколку што мислеле дека е возможно.

Антонју повеќе не се меша во протестите и борбите на работниците. Тој знае дека промените постигнати на тој начин се само ограничени и привремени. Овој поранешен водач на работниците научил за Божјето Царство. Тоа е Царството за кое се молат милиони луѓе кога ја рецитираат Господовата молитва (или Оченаш) и му велат на Бог: „Да дојде царството Твое“ (Матеј 6:10а). Антонју научил дека Божјето Царство е реална небесна влада која ќе му донесе вистински мир на човештвото.

Маркос научил да го спроведува во пракса мудриот библиски совет во врска со бракот. Како резултат на тоа, овој поранешен политичар сега е пак среќно обединет со сопругата. И тој со нетрпение го чека времето, што наскоро ќе дојде, кога Божјето Царство ќе го замени овој алчен, себичен светски систем со подобар систем. Тој има многу подлабоко разбирање за онаа реченица од Господовата молитва која гласи: „Да биде волјата Твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:10б). Кога на Земјата ќе се врши Божјата волја, луѓето ќе имаат квалитет на живот каков што немале никогаш пред тоа.

А што е со Герсон? Тој повеќе не е скитник и крадец. Животот на ова поранешно улично дете сега има смисла бидејќи тој својата енергија ја користи за да им помага на другите да најдат внатрешен мир. Како што покажуваат овие искуства, проучувањето на Библијата и применувањето на она што го вели таа може во голема мера да го промени на подобро животот на еден човек.

Внатрешен мир во вознемирен свет

Централен историски лик во извршувањето на Божјата волја е Исус Христос, и кога луѓето ја проучуваат Библијата со Јеховините сведоци, тие учат многу за него. Ноќта кога се родил тој, ангелите му пееле фалби на Бог: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!“ (Лука 2:14). Кога Исус пораснал, бил заинтересиран да им го подобри животот на луѓето. Ги разбирал нивните чувства и покажувал извонредно милосрдие кон измачените и болните. И, во склад со зборовите на ангелите, им донел на кротките извесна мера внатрешен мир. При крајот на својата служба, на учениците им рекол: „Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да се бои“ (Јован 14:27).

Исус бил повеќе од филантроп. Тој се споредил себеси со пастир, и своите кротки следбеници ги споредил со овци, кога рекол: „Јас дојдов за да имаат живот вечен и да имаат изобилие. Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир си ја полага душата своја за овците“ (Јован 10:10, 11). Да, за разлика од многуте денешни водачи кои првенствено се грижат за себеси, Исус го дал животот за своите овци.

Како можеме да извлечеме корист од она што го правел Исус? Многумина ги знаат зборовите: „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен“ (Јован 3:16). Практикувањето вера во Исус бара, пред сѐ, спознание за него и за неговиот Татко, Јехова. Спознанието за Бог и за Исус Христос може да води до присен однос со Јехова Бог, што ќе ни помогне да постигнеме душевен мир.

Исус рекол: „Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по Мене, и Јас ќе им дадам живот вечен; и никогаш нема да загинат; и никој не ќе ги отме од раката Моја“ (Јован 10:27, 28). Какви само срдечни, утешителни зборови! Точно, Исус ги кажал речиси пред две илјади години, но денес тие имаат исто толкава сила како и тогаш. Никогаш не заборавај дека Исус Христос сѐ уште е жив и активен, и дека сега владее како востоличен Цар на Божјето небесно Царство. Исто како кога пред многу години одел по Земјата, тој сѐ уште е загрижен за кротките кои копнеат по душевен мир. Освен тоа, тој сѐ уште е Пастир на своите овци. Ако го следиме, ќе ни помогне да стекнеме внатрешен мир, што вклучува доверливо исчекување во иднина да доживееме целосен мир — што ќе значи отсуство на насилство, војна и криминал.

Вистинските користи доаѓаат од тоа што знаеме и веруваме дека Јехова, преку Исус, ќе ни помогне. Сети се на Вања која како млада девојка била оставена со тешки одговорности и мислела дека Бог ја заборавил. Сега таа знае дека Бог не ја напуштил. Вања вели: „Научив дека Бог е реална личност со особини кои пленат. Љубовта го поттикнала да го испрати својот Син на Земјата за да ни даде живот. Многу е важно да се знае тоа“.

Марсело сведочи дека неговиот однос со Бог е реален. Овој човек, некогашен љубител на забави, коментира: „Младите луѓе честопати не знаат што да прават, и на крајот се повредуваат самите себе. Некои се впуштаат во злоупотреба на дрога, како што направив и јас. Се надевам дека уште многумина ќе бидат благословени, како што сум и јас, со тоа што ќе ја дознаат вистината за Бог и за неговиот Син“.

Преку грижливо проучување на Библијата, Вања и Марсело развиле силна вера во Бог и доверба во неговата спремност да им помогне да се справат со своите проблеми. Ако го правиме она што го правеле тие — ја проучуваме Библијата и го применуваме она што го вели таа — ќе пронајдеме голем внатрешен мир, како што пронашле и тие. Во нашиот случај навистина ќе важи охрабрувањето на апостол Павле: „За ништо не грижете се, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања, и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исуса Христа“ (Филипјаните 4:6, 7).

Наоѓање вистински мир денес

Исус Христос го води народот кој е гладен за вистината по патот кој води до вечен живот во земниот рај. Додека ги води кон чистото обожавање на Бог, тие доживуваат мир сличен на оној кој е опишан во Библијата: „Тогаш народот Мој ќе живее во мирни живеалишта и во безопасни села и во пребивалишта на блажените“ (Исаија 32:18). А ова е само предвкус за мирот кој ќе го уживаат во иднина, зашто читаме: „Кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир. Праведниците ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно“ (Псалм 36:11, 29).

Значи, дали можеме да имаме внатрешен мир денес? Да. Освен тоа, можеме да бидеме сигурни дека во блиска иднина Бог ќе го благослови послушното човештво со мир како никогаш порано. Тогаш, зошто не побараш во молитва да ти го даде својот мир? Ако имаш проблеми кои ти го одземаат мирот, моли се на начинот на кој се молел цар Давид: „Скрбите на срцето мое се умножија; извади ме од неволјите мои. Погледај ги страдањата и маките мои, па прости ми ги сите гревови мои“ (Псалм 24:17, 18). Биди уверен дека Бог ги слуша таквите молитви. Тој ја протега својата рака и им дава мир на сите кои го бараат со искрено срце. Со љубов ни се гарантира: „Близу е Господ до сите, кои го признаваат, до сите, кои вистински Го призиваат. Он им ја исполнува желбата на оние, кои се бојат од Него, ги услишува молитвите нивни, и ги спасува“ (Псалм 144:18, 19).

[Истакната мисла на страница 5]

Човекот нема ниту мудрост ниту далековидост за да управува со себеси без помош, а единствената помош која има вистинска вредност доаѓа од Бог

[Истакната мисла на страница 6]

Спознанието за Бог и за Исус Христос може да води до присен однос со Јехова Бог, што ќе ни помогне да постигнеме душевен мир.

[Слика на страница 7]

Следењето на библиските совети придонесува за мирен семеен живот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели