ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 1/7 стр. 32
  • Зошто да се простува?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да се простува?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 1/7 стр. 32

Зошто да се простува?

„НАУЧНИЦИТЕ спроведоа едно истражување кое почна да покажува дека простувањето може со сигурност да го подобри здравјето во емоционален — а можно е и во физички поглед“, се известува во The Toronto Star од Канада. Сепак, професор Карл Торесен од универзитетот Стенфорд (САД), водечки истражувач во проектот на Стенфорд за простувањето, забележува дека „сосема мал број луѓе разбираат што е простувањето и како функционира тоа“.

Вистинското простување се смета за витален аспект на христијанството. Извештајот од The Toronto Star го дефинира како „признавање дека си бил навреден, откажување од секаква огорченост која произлегла од тоа, и на крај, реагирање кон оној што те навредил со милост, па дури и со љубов“. Тоа мора да се разликува од преминувањето преку грешките, извинувањето, заборавањето или одрекувањето на престапот; и не значи да се навраќаш на ситуацијата во која си бил малтретиран. Извештајот вели дека клучот за вистинското простување е „да се ослободиш од лутината и од негативните чувства“.

Истражувачите велат дека е потребно натамошно проучување на физичките користи од простувањето. Меѓутоа, тие известуваат за психолошките користи кои вклучуваат „помалку стрес, вознемиреност и депресија“.

Една извонредна причина зошто да се простува е изразена во Ефесјаните 4:32 (NW), каде се вели: „Бидете љубезни еден спрема друг, нежно сочувствителни, доброволно простувајќи си еден на друг токму како што и Бог преку Христос доброволно ви прости вам“. Кога станува збор за простувањето, како и во многу други погледи, поттикнати сме да го имитираме Бог (Ефесјаните 5:1).

Одбивањето да им се простува на другите кога постои основа за милост, може неповолно да влијае врз нашиот личен однос со Бог. Јехова очекува да си простуваме еден на друг. Тогаш ќе можеме да се молиме тој да ни прости нам (Матеј 6:14; Марко 11:25; 1. Јованово 4:11).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели