Обилно време за обучување на воскреснатите
ЕДНА многу слободна проценка за бројот на лицата кои некогаш живееле на Земјата е 20 милијарди (20.000.000.000). Библијата покажува дека сите тие нема да воскреснат, но дури и ако претпоставиме дека ќе воскреснат, како ќе може за 1.000 години да воскреснат и да бидат школувани?
Една илустрација открива дека Јехова има на ум за човештвото едно едноставно, практично нешто. Без да сакаме да прорекуваме, само како илустрација, да претпоставиме дека оние кои го сочинуваат ‚големото мноштво‘ од праведни лица кои живи ‚ќе дојдат од големата неволја‘ на овој систем на работи (Откровение 7:9, 14, NW) ќе бројат 5.000.000 луѓе (секој 1.200-ти човек од моменталното население на Земјата). Потоа ако, откако ќе дозволи, да речеме, да поминат 100 години тие да се обучат и да ‚подложат‘ дел од Земјата (1. Мојсеева 1:28), Бог има намера да врати три проценти од овој број, тоа би значело дека за секое новодојдено лице ќе се грижат 33 обучени лица. Бидејќи годишниот пораст од три проценти, камата на камата, го удвојува бројот отприлика на секои 24 години, пред истекувањето на 400 години од Христовото Илјадагодишно владеење би можеле да воскреснат сите 20 милијарди луѓе, со што ќе се даде обилно време да бидат обучени и да им се суди на воскреснатите без да се наруши хармонијата и редот на Земјата. На тој начин Бог, со својата семоќна сила и мудрост, е во можност да ја доведе својата намера до славен крај потполно во рамките на законите и подготовките кои ги направил за човештвото уште во почетокот, со незаслужената љубезност на воскресението (Римјаните 11:33—36).