ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/7 стр. 32
  • Трајни впечатоци

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Трајни впечатоци
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/7 стр. 32

Трајни впечатоци

СЕКОЈА година, Јеховини сведоци се собираат секој во својата земја на христијански собири и конгреси. Тоа го прават за да уживаат во духовно изградувачката поука и во дружењето. Но, траен впечаток врз посетителите можат да остават и други аспекти од нивните собири.

На пример, во јули 1999, илјадници Сведоци во Мозамбик се собраа на три збогатувачки дена на Обласните конгреси „Божјата пророчка реч“. Многумина од присутните беа на конгрес за првпат. Тие не беа импресионирани само од зборовите што ги чуја од подиумот туку и од она што го видоа околу себе.

Во Собирната сала во Мапуто беше даден еден ваков коментар: „Никогаш во животот не сум видела толку убаво место! Во тоалетите имаше сапун и огледала, па дури и тие мирисаа на чисто. Имаше мирна околина без врева од деца кои се тепаат. И немаше туркање! Видов среќни, млади луѓе како водат охрабрувачки разговори. Бев импресионирана и од начинот на кој сите беа толку убаво облечени. Следниот пат ќе ги донесам и моите деца и ќе го уверам сопругот дека мораме да присуствуваме на овој конгрес“.

Да, чесноста, интегритетот и физичката чистота на Јеховините сведоци не поминуваат незабележано. Зошто Сведоците се поинакви? Бидејќи навистина се обидуваат да го применуваат она што го учат од Библијата. Зошто не им се придружиш годинава на нивните национални конгреси или на седмичните состаноци во некоја локална Сала на Царството и самиот не се увериш во тоа?

[Слика на страница 32]

ЗАМБИЈА

[Слика на страница 32]

КЕНИЈА

[Слика на страница 32]

МОЗАМБИК

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели