ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/7 стр. 31
  • Тој ‚истраја до крај‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тој ‚истраја до крај‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/7 стр. 31

Тој ‚истраја до крај‘

ВО ЕДНА видеопрезентација во 1993, која беше покажана пред новите членови на персоналот на седиштето на Јеховините сведоци, Лајман Александар Свингл ги изрази своите чувства во врска со служењето на Јехова: „Умри на нога!“a

Деведесетгодишниот брат Свингл го стори токму она на што ги охрабри другите. Тој ‚истраја до крај‘ (Матеј 24:13). Иако имаше физички болки, в среда, на 7 март, присуствуваше на еден состанок на Водечкото тело на Јеховините сведоци, чиј член беше и самиот. Наредниот вторник состојбата му се влоши, и на 14 март во 4.26 часот наутро, неговиот лекар констатира дека е мртов.

Лајман Свингл ја започна својата служба во светското седиште на Јеховините сведоци во Бруклин (Њујорк) на 5 април 1930. Таму служеше речиси 71 година. Првата задача на Лајман беше во книговезницата, потоа во печатницата, а помагаше и во правењето печатарска боја. Всушност, брат Свингл помина околу 25 години во одделението за печатарска боја. Исто така, 20 години служеше како член на персоналот за пишување при седиштето. Во последните 17 години од животот работеше во канцеларијата на Благајната.

Лајман беше смел објавител на Божјето Царство. Во првите години кога дојде во Бруклин, тој и неговиот цимер, Артур Ворзли, со чамец на Сведоците едреа по реката Хадсон. Користејќи опрема за засилување на гласот, поминуваа многу викенди разнесувајќи ја пораката за Царството во крајбрежните средини.

Брат Свингл е роден на 6 ноември 1910 во Линколн (Небраска), но неговото семејство брзо потоа се преселило во Солт Лејк Сити (Јута). Таму, во 1913, неговите родители станале Библиски студенти, како што тогаш се нарекувале Јеховините сведоци. Низ годините, семејството Свингл било домаќин на многу гостувачки говорници од бруклинското седиште на Сведоците, и тие мажи извршиле позитивно влијание врз Лајман. Во 1923, на 12-годишна возраст, тој се крстил во симбол на своето предание на Бог.

Откако повеќе од 26 години служеше во Бруклин како самец, животот на Лајман неизмерно се збогати кога на 8 јуни 1956 се ожени со Кристл Цирхер. Тие беа неразделни и учествуваа заедно во службата сѐ до смртта на Кристл во 1998. Околу три години пред тоа, таа доживеа мозочен удар, поради што стана тежок инвалид. Секојдневната ангажираност на Лајман околу нејзината нега беше инспирирачки пример на оддаденост за сите, особено за оние што гледаа како Лајман со љубов ја турка инвалидската количка по плочниците во соседството, додека Кристл им нудеше Стражарска кула и Разбудете се! на минувачите.

Брат Свингл беше отворен, срдечен човек кој им беше многу драг на оние што го познаваа. Како и неговите родители, и тој ја негуваше библиски темелената надеж да живее со Исус Христос во небесното Царство и уверени сме дека сега ја оствари таа надеж (1. Солуњаните 4:15-18; Откровение 14:13).

[Фуснота]

a Ова значи да се умре додека активно се учествува во делото.

[Слика на страница 31]

Брат Свингл служеше 25 години во одделението за печатарска боја

[Слика на страница 31]

Лајман и Кристл беа неразделни

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели