ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 1/10 стр. 32
  • Дали „клоцаш против остен“?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали „клоцаш против остен“?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 1/10 стр. 32

Дали „клоцаш против остен“?

ВО БИБЛИСКИ времиња, остенот — долг стап, кој обично на врвот имал остар метален шилец — се користел за терање и водење запрежни животни. Каков бил резултатот ако животното тврдоглаво се спротивставувало на боцкањата од остенот така што се буткало кон него? Наместо да си олесни, си нанесувало уште поголема болка.

Воскреснатиот Исус зборувал за остени кога му се појавил на еден човек по име Савле, кој бил на пат да уапси некои од учениците на Исус. Од среде една заслепувачка светлина, Савле го чул Исус како вели: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш? Тешко ти е да клоцаш против остен“. Со тоа што ги малтретирал христијаните, Савле всушност се борел против Бог, следејќи правец со којшто можел само да се повреди (Дела 26:14).

Би можеле ли и ние ненамерно да ‚клоцаме против остен‘? Библијата ги споредува „беседите [зборовите, NW] на мудрите луѓе“ со остени што нѐ тераат да одиме во исправен правец (Проповедник 12:11). Инспирираниот совет од Божјата реч може да нѐ поттикне и да нѐ води исправно — ако му дозволиме (2. Тимотеј 3:16). Ако се спротивставиме на неговите боцкања, можеме само да се повредиме.

Савле ги зел при срце зборовите на Исус, го променил својот животен пат и станал саканиот христијански апостол Павле. Тоа што ќе обрнеме внимание на божествениот совет исто така ќе ни донесе и вечни благослови (Пословици 3:1—6).

[Извор на слика на страница 32]

L. Chapons/Illustrirte Familien-Bibel nach der deutschen Uebersetzung Dr. Martin Luthers

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели