ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 1/12 стр. 3-4
  • Карактеристика уникатна за човекот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Карактеристика уникатна за човекот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што се мисли со етика?
  • Како да одредиш што е исправно а што погрешно?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • 7. Вредности
    Разбудете се! 2018
  • Чесноста — пат до вистинскиот успех
    Разбудете се! 2012
  • Препуштени на свет во кој сѐ е релативно
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 1/12 стр. 3-4

Карактеристика уникатна за човекот

Џоди поседува агенција за недвижнини. Тој ѝ помага на една жена да ги сортира и да ги продаде работите од куќата на нејзината почината сестра. Пребарувајќи околу стариот камин, Џоди наоѓа две стари кутии за рибарски прибор. Кога ја отвора едната, не може да си верува на очите. Во кутијата има купчиња банкноти од по 100 долари завиткани во алуминиумска фолија — вкупно 82.000 долари во готово! Џоди е сам во собата. Што да прави? Да си ја земе кутијата без збор или да ѝ каже на клиентката дека ги нашол парите?

ДИЛЕМАТА на Џоди истакнува една особина по која ние луѓето се разликуваме од животните. Во The World Book Encyclopedia стои: „Една карактеристика специфична за човекот е да си поставува промислени прашања за тоа што треба или што не треба да прави“. Кога едно гладно куче ќе види парче месо на масичето, тешко дека ќе размислува дали да го изеде или не. Но, Џоди има способност да ја одмери исправноста на својата одлука. Ако ги задржи парите, тогаш краде, но нема скоро никаква веројатност да го фатат. Парите не се негови; но, неговата клиентка нема поим дека постојат. Освен тоа, повеќето луѓе во местото каде што живее Џоди ќе го сметаат за глупав ако ѝ ги даде парите на клиентката.

Што би направил ти кога би бил на местото на Џоди? Твојот одговор на ова прашање ќе зависи од моралните, односно од етичките мерила на однесување според кои си избрал да живееш.

Што се мисли со етика?

„Етика“ се дефинира како „наука која ги истражува прашањата во врска со тоа што е исправно, а што погрешно од морална гледна точка“ (Collins Cobuild English Dictionary). Авторот Ерик Џ. Истон вели: „Зборовите ‚етика‘ и ‚моралност‘ имаат корени со исто значење. Првиот потекнува од грчки збор (ethikos), а вториот од латински (moralis), и обата укажуваат на нешто што го диктираат обичаите и традицијата“.

Долго време, религијата била таа што обично ги диктирала моралните мерила на однесување според кои луѓето живееле. Божјата реч, Библијата, имала силно влијание во многу општества. Сепак, сѐ поголем број луѓе ширум светот ги отфрлаат религиозните мерила бидејќи сметаат дека не се практични. Ги отфрлаат и библиските морални мерила тврдејќи дека се старомодни. Што ја пополнило празнината? Книгата Ethics in Business Life (Етиката во деловниот свет) забележува дека „световната мудрост . . . ја зазела позицијата на авторитет што претходно ѝ припаѓала на религијата“. Наместо да се свртат кон религиозни извори, мнозина бараат водство од световни експерти што се занимаваат со етички истражувања. Биоетичарот Пол Мекнил вели: „Мислам дека етичарите се световни свештеници . . . Таму каде што некогаш беше водич религијата, сега е етиката“.

Како можеш да одредиш што е исправно а што погрешно кога стоиш пред тешки одлуки? Дали твоите морални мерила ги одредува Бог или лично ти?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели