ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 1/5 стр. 30
  • Храбро соочување со противењето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Храбро соочување со противењето
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 1/5 стр. 30

Храбро соочување со противењето

ЕДНА разбеснета толпа луѓе ги присилиле двајцата соработници на апостол Павле, Гај и Аристарх, да влезат во театарот во Ефес. Таму, разбеснетото мноштво викало околу два часа: „Велика е Артемида на ефешаните!“ (Дела 19:28, 29, 34). Дали соработниците на Павле останале цврсти кога се соочиле со ова противење? И што довело до оваа ситуација?

Павле успешно проповедал во градот Ефес скоро три години. Како резултат на тоа, мнозина од ефешаните престанале да обожаваат идоли (Дела 19:26; 20:31). Еден типичен ефески идол бил мала сребрена фигурка од храмот на Артемида, божицата на плодноста, чиј величествен храм се издигал над градот. Ваквите минијатурни верзии на храмот се носеле како амајлии или, пак, стоеле по домовите на луѓето. Се разбира, христијаните не купувале вакви идоли (1. Јованово 5:21).

Димитриј, еден од сребрарите, сметал дека службата на Павле претставува закана за нивниот профитабилен бизнис. Служејќи се со полувистини и преувеличување, тој ги убедил другите занаетчии дека луѓето низ цела Мала Азија ќе престанат да ја обожаваат Артемида. Штом гневните сребрари почнале да извикуваат фалби на Артемида, избила вистинска буна и настанал метеж во целиот град (Дела 19:24-29).

Илјадници луѓе се насобрале во театарот, кој имал капацитет да собере 25.000 гледачи. Павле сакал да му се обрати на разбеснетото мноштво, но некои од градските службеници пријателски го посоветувале да не го прави тоа. Конечно, градскиот писар некако го смирил мноштвото, и така Гај и Аристарх успеале да се извлечат неповредени (Дела 19:35-41).

И Божјите слуги денес можеби ќе се соочат со противници, па и со буна, додека ја извршуваат својата служба. Честопати ја проповедаат добрата вест во градови во кои врие од идолопоклонство, неморал и криминал. Сепак, тие храбро ги следат стапките на апостол Павле, кој ‚не се воздржал да поучува јавно и од куќа до куќа‘ во градот Ефес (Дела 20:20). И тие, како и Павле, се радуваат кога гледаат како ‚Јеховината реч моќно расте и преовладува‘ (Дела 19:20).

[Слика на страница 30]

Урнатини од театарот во Ефес

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели