ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 1/6 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Сличен материјал
  • Помош од Божјите ангели
    Учи од Големиот Учител
  • „Јеховината реч сѐ повеќе растеше“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Ангели — како влијаат врз луѓето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Дали имаш ангел чувар?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 1/6 стр. 31

Прашања од читателите

Зошто, кога чуле дека затворениот Петар е пред вратата, учениците рекле: „Тоа е неговиот ангел“? (Дела 12:15).

Учениците можеби неисправно претпоставиле дека пред портата стои ангелски гласник што го претставувал Петар. Да го разгледаме контекстот на овој стих.

Петар бил уапсен од Ирод, по чија наредба бил убиен Јаков. Затоа учениците имале добра причина да веруваат дека и Петар ќе го снајде истото. Окован во синџири, затворениот Петар го чувале четворица стражари во четири смени. Но, една вечер, еден ангел го ослободил преку чудо и го извел од затворот. Кога конечно сфатил што се случува, Петар рекол: „Сега навистина знам дека Јехова го испрати својот ангел па ме избави од раката на Ирод“ (Дела 12:1-11).

Петар веднаш отишол во куќата на Марија, мајката на Јован Марко, каде што биле собрани повеќемина ученици. Кога чукнал на вратата од влезната порта, тргнала да отвори една слугинка по име Рода. Кога го препознала гласот на Петар, истрчала да им каже на другите, а Петар го оставила да чека надвор! Отпрвин учениците не можеле да поверуваат дека Петар е пред портата. Наместо тоа, неисправно претпоставиле: „Тоа е неговиот ангел“ (Дела 12:12-15).

Дали учениците верувале дека Петар веќе бил убиен и дека неговиот бестелесен дух бил пред портата? Тешко може да се поверува во тоа, зашто следбениците на Исус ја знаеле вистината од Светото писмо за тоа што се случува со мртвите — дека тие „не знаат ништо“ (Проповедник 9:5, 10). Тогаш, што мислеле учениците кога рекле: „Тоа е неговиот ангел“?

Учениците на Исус знаеле дека, низ историјата, ангелите им помагале на поединци од Божјиот народ. На пример, Јаков зборувал за „ангелот, кој ме избавуваше од секое зло“ (Битие 48:16). А во врска со едно дете што било меѓу нив, Исус им рекол на своите следбеници: „Гледајте да не презрете еден од овие мали; зашто ви велам дека нивните ангели на небото секогаш го гледаат лицето на мојот Татко кој е на небото“ (Матеј 18:10).

Интересно, еден превод на Библијата (Young’s Literal Translation of the Holy Bible) го преведува зборот aggelos („ангел“) како „гласник“. Изгледа некои Евреи верувале дека секој слуга на Бог си има свој ангел — всушност, „ангел чувар“. Се разбира, Божјата реч не поучува директно за ова гледиште. Сепак, кога рекле: „Тоа е неговиот ангел“, можно е учениците да мислеле дека пред портата стои ангелски гласник што го претставува Петар.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели