ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 15/2 стр. 26-30
  • Да одиме по патеката на сѐ посилна светлина

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да одиме по патеката на сѐ посилна светлина
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Организациски подобрувања благодарение на просветлувањето
  • Сѐ посилната светлина води до натамошни подобрувања
  • Јехова го осветлува патот во поглед на доктрините
  • Продолжи да одиш по патеката на сѐ посилна светлина
  • Блесоци на светлина — големи и мали — втор дел
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Оди во чекор со Јеховината организација
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Следи ја светлината на светот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Јеховината слава светли врз неговиот народ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 15/2 стр. 26-30

Да одиме по патеката на сѐ посилна светлина

„Праведничката патека е како светлината на разденувањето, што е сѐ појасна до полниот ден“ (ПОСЛОВИЦИ 4:18).

1, 2. Што искусил Божјиот народ како резултат на сѐ посилната духовна светлина што им ја излева Јехова?

КОЈ може подобро да го опише ефектот на изгрејсонцето врз мракот во ноќта од самиот Извор на светлината, Јехова Бог? (Псалм 36:9). ‚Кога утринската светлина ќе се разлее до краевите на земјата‘, вели Бог, ‚земјата се претвора во печатна глина и се бои како некаква облека‘ (Јов 38:12-14). Како што сончевата светлина станува сѐ посилна, предметите на Земјата добиваат сѐ појасен облик, исто како што меката глина добива поинаков облик кога врз неа ќе се втисне изгравиран печат.

2 Јехова е Извор и на духовна светлина (Псалм 43:3). Иако светот и понатаму е во духовна темнина, вистинскиот Бог продолжува да излева светлина врз својот народ. Со каков резултат? Библијата ни го дава овој одговор: „Праведничката патека е како светлината на разденувањето, што е сѐ појасна до полниот ден“ (Пословици 4:18). Сѐ посилната светлина што ни ја испраќа Јехова и понатаму ја осветлува патеката на неговиот народ. Таа придонесува за подобрувања во поглед на организацијата, доктрините и моралот.

Организациски подобрувања благодарение на просветлувањето

3. Кое ветување е дадено во Исаија 60:17?

3 Преку пророкот Исаија, Јехова прорекол: „Место бакар, ќе донесам злато, место железо, ќе донесам сребро; место дрва, бакар, место камен, железо“ (Исаија 60:17). Исто како што замената на послаб со појак материјал значи подобрување, Јеховините сведоци направиле подобрувања во поглед на организирањето на работите во текот на „завршетокот на системот на работи“ (Матеј 24:3; 2. Тимотеј 3:1).

4. Каква одговорна положба била воведена во 1919 година, и каква корист имало од тоа?

4 Во почетниот дел од последните денови, собранијата на Истражувачите на Библијата, како што биле познати Јеховините сведоци во тоа време, ги избирале своите старешини и слуги помошници по демократски пат. Но, некои старешини немале вистински дух на проповедање. Некои не само што не сакале да го вршат делото на проповедање туку ги одвраќале и другите од тоа. Затоа, во 1919 година, во секое собрание била воведена една нова одговорна положба — управник за службата. Тој не бил избиран од собранието, туку подружницата на Божјиот народ го поставувала на неговата положба по теократски пат. Тој имал одговорност да го организира проповедничкото дело, да доделува подрачја и да ги охрабрува другите да проповедаат. Во годините што следеле, делото на проповедање на Царството зело голем замав.

5. Кое подобрување било направено во 1920-тите?

5 Сите во собранието добиле уште поголемо охрабрување со поттикот „Објавувајте го, објавувајте го, објавувајте го Царот и неговото царство“, кој бил даден во 1922 година на конгресот на Истражувачите на Библијата во Седар Поинт (Охајо, САД). Во 1927 година, службата на проповедање била организирана на таков начин што неделите биле одредени како најпогодни денови за учество во проповедничкото дело од куќа до куќа. Зошто баш недела? Затоа што тој ден повеќето луѓе не биле на работа. Јеховините сведоци денес го покажуваат истиот дух со тоа што настојуваат да одат кај луѓето тогаш кога постои најголема веројатност да ги најдат дома, како на пример, на викендите и навечер.

6. Која резолуција била прифатена во 1931 година, и како влијаела врз делото на проповедање на Царството?

6 Голем поттик на делото на проповедање на Царството бил даден во неделата попладне на 26 јули 1931 година, кога била усвоена една резолуција најнапред на еден конгрес во Колумбус (Охајо, САД), а потоа и во целиот свет. Еве како гласел дел од таа резолуција: „Ние сме слуги на Јехова Бог и имаме задача да извршиме едно дело во негово име и, од послушност кон неговата заповед, да сведочиме за Исус Христос и да им објавуваме на луѓето дека Јехова е вистинскиот и Семоќен Бог; затоа радосно прифаќаме да го носиме името што го кажал Господарот Бог, и сакаме да бидеме познати и наречени со тоа име, а тоа е Јеховини сведоци“ (Исаија 43:10). Колку јасно ова ново име ја опишувало главната активност на сите оние што го носат! Да, сите Јеховини слуги требало да учествуваат во едно дело што им го доделил тој. Во целиот свет, Сведоците го прифатиле ова дело со големо воодушевување!

7. Која промена била воведена во 1932 година, и зошто?

7 Многу старешини понизно се посветиле на проповедничкото дело. Но, во некои места, старешините што биле избрани биле против идејата секој во собранието да учествува во јавната служба. Меѓутоа, на повидок биле и некои други подобрувања. Во 1932 година, преку Стражарска кула, собранијата добиле упатства да престанат да избираат старешини и слуги помошници по пат на гласање. Наместо тоа, требало да изберат одбор на собранието составен од духовни мажи што учествувале во делото на проповедање. Така, надгледувањето им било доверено на оние што активно учествувале во службата, и делото одлично одело напред.

Сѐ посилната светлина води до натамошни подобрувања

8. Кое подобрување било направено во 1938 година?

8 Светлината станувала „сѐ појасна“. Во 1938 година сосема било укинато избирањето по пат на гласање. Сите слуги во собранието требало да бидат именувани по теократски пат под надзор на „верниот и разборит роб“ (Матеј 24:45-47). Промената спремно ја прифатиле речиси сите собранија на Јеховините сведоци, и делото на сведочење продолжило да дава плод.

9. Која промена била воведена во 1972 година, и зошто тоа претставувало подобрување?

9 Почнувајќи од 1 октомври 1972 година, била направена уште една промена во поглед на надгледувањето во собранието. Во собранијата на Јеховините сведоци во целиот свет било воведено надгледување од страна на старешинство, и со тоа било заменето надгледувањето од страна на само еден собраниски слуга, или надгледник. Оваа нова промена многу ги охрабрила зрелите мажи да ги стекнат способностите потребни за да преземат водство во собранието (1. Тимотеј 3:1-7). Како резултат на тоа, поголем број браќа стекнале искуство во грижата за собраниските одговорности. Тие биле од голема корист во грижата за многуте нови што ја прифатиле библиската вистина!

10. Која промена била воведена во 1976 година?

10 Членовите на Водечкото тело биле организирани во шест одбори и, почнувајќи од 1 јануари 1976 година, сите активности на организацијата и на собранијата во целиот свет биле под надзор на овие одбори. Резултатите од тоа што сите аспекти од делото за Царството биле под водство на „многу советници“ биле одлични! (Пословици 15:22; 24:6).

11. Кое подобрување било направено во 1992 година, и зошто?

11 Во 1992 година било направено уште едно подобрување, кое може да се спореди со она што се случило откако Израелците и други луѓе се вратиле од изгнанството во Вавилон. Во тоа време, немало доволен број левити за да ги извршуваат службите во храмот. Затоа, на Нетините, кои не биле Израелци, им биле дадени повеќе задолженија за да им помагаат на левитите. Во склад со тоа, за да ѝ се помогне на класата на верниот и разборит роб во грижата за сѐ поголемите одговорности поврзани со делото што се извршува на Земјата, во 1992 година некои „други овци“ добија поголеми одговорности во службата. Тие беа поставени како помошници на одборите на Водечкото тело (Јован 10:16).

12. Како Јехова го поставил мирот за главатар?

12 Каков бил резултатот од сево ова? „Мирот ќе го поставам за твој главатар, Правдата за владетел“, вели Јехова (Исаија 60:17). Денес меѓу Јеховините слуги владее ‚мир‘, а љубовта кон ‚правдата‘ станала нивни ‚владетел‘ — силата што ги мотивира да му служат на Бог. Тие се добро организирани да го извршуваат делото на проповедање на Царството и правење ученици (Матеј 24:14; 28:19, 20).

Јехова го осветлува патот во поглед на доктрините

13. Како Јехова ја осветлил патеката на својот народ во поглед на доктрините во 1920-тите?

13 Јехова исто така постепено го осветлува патот на својот народ во поглед на доктрините, односно библиските учења. Еден пример за тоа наоѓаме во Откровение 12:1-9. Во овој извештај се спомнуваат три симболични лика: „жена“ која е бремена и раѓа дете, „змеј“ и „син, машко“. Знаеш ли кој е претставен со секој од овие ликови? Тоа било откриено во една статија со наслов „Раѓањето на нацијата“, која излегла во Стражарска кула од 1 март 1925 година. Преку таа статија Божјиот народ подобро ги разбра пророштвата во врска со раѓањето на Царството, а со тоа јасно се покажа дека има две различни организации — Јеховината и Сатановата. Потоа, во 1927/28 година, Божјите слуги сфатиле дека славењето на Божиќ и на родендените не е во склад со Библијата и престанале да ги прославуваат.

14. Кои доктринарни вистини биле разјаснети во 1930-тите?

14 Во 1930-тите биле расветлени уште три доктринарни вистини. Со години Истражувачите на Библијата знаеле дека ‚големото мноштво‘ што се спомнува во Откровение 7:9-17 не е исто што и 144-те илјади, кои ќе владеат со Христос како цареви и свештеници (Откровение 5:9, 10; 14:1-5). Меѓутоа, не било јасно кое е тоа големо мноштво. Исто како што со сѐ посилната утринска светлина нејасните предмети почнуваат да добиваат облик и боја, во 1935 година било откриено дека големото мноштво се оние што ќе ја преживеат „големата неволја“ и ќе имаат прилика да живеат вечно на Земјата. Подоцна истата година било разјаснето нешто што ги засегало децата на Јеховините сведоци на училишна возраст во повеќе земји. Додека патриотизмот се разгорувал низ целиот свет, Сведоците сфатиле дека поздравувањето на знамето не е само формална работа. Следната година била објаснета уште една доктринарна вистина, дека Христос умрел на столб, а не на крст (Дела 10:39).

15. Кога и како била нагласена светоста на крвта?

15 Веднаш по Втората светска војна, во која било вообичаено во лекувањето на ранетите војници да се применува трансфузија на крв, сѐ повеќе се разјаснувало прашањето за светоста на крвта. Во Стражарска кула од 1 јули 1945 година, биле охрабрени „сите обожаватели на Јехова што сакаат да добијат вечен живот во неговиот нов свет на праведност да ја почитуваат светоста на крвта и да се повинат на Божјите праведни закони во врска со оваа многу битна работа“.

16. Кога бил објавен Преводот Нов свет на Светото писмо, и кои две извонредни обележја ги има?

16 Во 1946 година се увидело дека е потребен нов превод на Библијата во кој ќе бидат употребени најновите сознанија и кој нема да биде извалкан од догми што се темелат на традициите на христијанскиот свет. Работата на еден таков превод започнала во декември 1947 година. Во 1950 година бил издаден Превод Нов свет на Христијанските грчки списи на англиски јазик. Хебрејските списи на англиски јазик излегувале постепено во пет тома, почнувајќи од 1953 година. Последниот том излегол во 1960 година, нешто повеќе од 12 години откако започнала работата на преводот. Комплетниот Превод Нов свет на Светото писмо во еден том излегол во 1961 година. Денес овој превод е објавен на многу јазици и има некои извонредни обележја. Во него се користи Божјето име, Јехова. Освен тоа, бидејќи е направен дословен превод од оригиналните списи, помага сѐ појасно да се разбере Божјата вистина.

17. Што било уште повеќе расветлено во 1962 година?

17 Во 1962 година било разјаснето кои се „вишите власти“ што се спомнати во Римјаните 13:1 и во колкава мера треба да им биде подложен еден христијанин. Една темелна разработка на 13. поглавје од Римјаните и библиските стихови како што се Тит 3:1, 2 и 1. Петрово 2:13, 17 јасно покажа дека изразот ‚виши власти‘ не се однесува на Јехова Бог и Исус Христос, туку на човечките власти.

18. Кои вистини биле разјаснети во 1980-тите?

18 Во годините што следеле, патеката на праведните продолжила да станува сѐ појасна и појасна. Во 1985 година било расветлено што значи тоа да се биде прогласен праведен „за живот“ и праведен како Божји пријател (Римјаните 5:18; Јаков 2:23). Значењето на христијанската јубилејна година било сосема објаснето во 1987 година.

19. Како Јехова му дал поголема духовна светлина на својот народ во последниве години?

19 Во 1995 година, подобро беа разбрани некои поединости во врска со одвојувањето на „овците“ од „козите“. Во 1998 година беше детално објаснета визијата за храмот што ја добил Езекиел, која веќе се исполнува. Во 1999 година беше објаснето кога и како ‚одвратната работа стои на свето место‘ (Матеј 24:15, 16; 25:32). А во 2002 година беше стекнато поголемо разбирање за тоа што значи да се обожава Бог „со дух и со вистина“ (Јован 4:24).

20. На кое друго поле Божјиот народ направил подобрувања?

20 Освен подобрувања во поглед на организацијата и доктрините, има подобрувања и во поглед на христијанското однесување. На пример, во 1973 година стана јасно дека употребата на тутун претставува „валканост на телото“ и дека е сериозен престап (2. Коринќаните 7:1). По една деценија, во Стражарска кула од 15 јули 1983 година беше разјаснет нашиот став за употребата на огнено оружје. Ова се само неколку примери за сѐ посилната светлина во нашево време.

Продолжи да одиш по патеката на сѐ посилна светлина

21. Кој став ќе ни помогне да продолжиме да одиме по патеката на сѐ посилна светлина?

21 „Не е лесно да прифатиш некоја промена и да се подложиш на неа“, признава еден долгогодишен старешина. Што му помогнало да ги прифати многуте подобрувања на кои бил сведок во текот на 48-те години колку што е објавител на Царството? Тој одговара: „Клучот лежи во тоа да имаш исправен став. Да одбиеш да прифатиш некое подобрување значи да останеш назад додека организацијата оди напред. Ако се најдам во ситуација кога ми е тешко да ги прифатам промените, размислувам за она што Петар му го рекол на Исус: ‚Господи, кај кого да отидеме? Ти имаш зборови на вечен живот‘. Тогаш се прашувам: ‚Каде да отидам — во темнината на овој свет?‘ Тоа ми помага цврсто да се држам за Божјата организација“ (Јован 6:68).

22. Како ни користи тоа што одиме во светлината?

22 Факт е дека светот околу нас е во густа темнина. Додека Јехова продолжува да фрла светлина врз својот народ, јазот помеѓу нив и оние во светот станува сѐ поширок. Што прави за нас оваа светлина? Исто како што снопот светлина што го фрлаат фаровите врз една дупка на патот не ја отстранува дупката, така и светлината од Божјата реч не ги отстранува стапиците. Сепак, светлината што ни ја праќа Бог сигурно ни помага да ги избегнуваме тие стапици за да можеме и понатаму да одиме по патеката на сѐ посилна светлина. Затоа, да продолжиме да обрнуваме внимание на Јеховината пророчка реч „како на светилка која свети на темно место“ (2. Петрово 1:19).

Се сеќаваш ли?

• Кои организациски подобрувања ги направил Јехова кај својот народ?

• До кои подобрувања во поглед на доктрините дошло како резултат на сѐ посилната светлина?

• На кои промени си бил сведок ти лично, и што ти помогнало да ги прифатиш?

• Зошто сакаш и понатаму да одиш по патеката на сѐ посилна светлина?

[Слики на страница 27]

Конгресот од 1922 во Седар Поинт (Охајо) ги охрабри Истражувачите на Библијата да го извршуваат Божјето дело

[Слика на страница 29]

Брат Н. Х. Нор го објавува ‚Преводот Нов свет на Христијанските грчки списи‘ во 1950 година

[Извор на слика на страница 26]

© 2003 BiblePlaces.com

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели