ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 15/10 стр. 8-11
  • Пронаоѓање духовно богатство во Гвинеја

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пронаоѓање духовно богатство во Гвинеја
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Поднаслови
  • Духовни скапоцености
  • Увозно духовно богатство
  • „Скапоценостите“ ги прават неопходните промени
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 15/10 стр. 8-11

Пронаоѓање духовно богатство во Гвинеја

НИЗ вековите, многу трагачи по скапоцености и богатство биле спремни да си го стават животот на коцка. Во својата потрага, похрабрите меѓу нив стигнале дури до Гвинеја (Западна Африка), каде што нашле два различни вида скапоцености — материјални и духовни. Во оваа земја, богата со дијаманти, злато, железна руда и висококвалитетен боксит (од кој се произведува алуминиум), живеат повеќе од девет милиони Гвинејци.

Иако во земјата нема многу припадници на христијанските религии, луѓето се верници и голем број од нив ги ценат духовните скапоцености. Што се тие скапоцености? Тоа се верните слуги на Јехова кои, во Агеј 2:7, се опишани како „скапоценостите од сите народи“.

Духовни скапоцености

Копањето длабоко во земјата во потрага по скриено богатство бара доста напор. Слично е и во христијанската служба — за да се пронајде духовно богатство, потребен е сериозен напор. Проповедањето за Царството во Гвинеја започна во централното подрачје на земјата во почетокот на 1950-тите години, а се прошири до главниот град, Конакри, дури во почетокот на 1960-тите години. Сега, бројот на собранија и групи низ целата земја изнесува 21, а во нив има околу 900 Јеховини сведоци.

Во 1987 година за првпат пристигнаа мисионери во оваа земја и служеа во единственото собрание во Конакри. Сега во главниот град и во внатрешноста има повеќе од 20 мисионери. Тие ревносно ги зајакнуваат собранијата и учествуваат во проповедањето заедно со објавителите.

На Лук, кој живее во Конакри, посебна радост му причинувало проучувањето на Библијата со Алберт, млад лекар. Во својата потрага по религиозната вистина, Алберт отишол во многу цркви, а се вовлекол себеси и во спиритизам. Го носел прстенот што му го дал некој спиритист, кој требало со гаранција да му донесе среќа. Откако многу пати се разочарал додека ја барал вистинската религија, Алберт го фрлил својот прстен и се помолил: „Боже, ако постоиш, направи да те пронајдам и да ти служам. Ако не, ќе живеам како што знам и умеам“. Кратко потоа Алберт отишол на гости кај сестра му, и таму слушал додека неговата внука ја проучува Библијата со една жена Јеховин сведок. По некое време се договориле Лук да ја проучува Библијата со него.

Лук бил спремен секоја седмица да пешачи по повеќе од 5 километри во еден правец за да ја проучува Библијата со Алберт. Иако Лук имал мало образование, Алберт, кој бил факултетски образован, бил воодушевен од цврстата вера што Лук ја имал во Библијата и од тоа што живеел според она што го проповедал. Колку многу му значело на Алберт тоа што дознал дека страдањето на луѓето не е по вина на Бог, туку напротив, дека Јехова има намера да му стави крај и да ја претвори Земјата во рај! (Псалм 37:9-11). Вистините од Библијата, заедно со убавото однесување што го забележал кај членовите на собранието, го трогнале Алберт.

Но, како што и необработениот дијамант мора трудољубиво да се изреже од вешт мајстор за да свети, така и Алберт, за да може да живее според праведните мерила на Бог, морал да ги отстрани слоевите на световно однесување што биле налепени на него. Престанал да оди кај спиритисти, престанал да пие и да се коцка. Но, најголем проблем му било да престане да пуши. На крајот, кога почнал многу да го моли Јехова да му помогне, тој успеал. Шест месеци откако започнал да ја проучува Библијата, законски го регистрирал својот брак. Потоа и неговата сопруга почнала да ја проучува Библијата. Сега и двајцата се крстени слуги на Јехова.

Мартин е уште еден духовен дијамант. Тој почнал да ја проучува Библијата во Гекеду, на возраст од 15 години. Неговите родители, католици, не сакале тој да оди на состаноците на Јеховините сведоци. Му ја уништиле библиската литература, го истепале и го избркале од дома. Како што е случај со дијамантот, кој настанува кога јаглеродот ќе се стави под огромен притисок, така и кај Мартин, противењето само направило уште повеќе да ги засака библиските вистини. Со текот на времето, неговите родители омекнале, и можел да се врати дома. Што придонело тие да се сменат? Сфатиле колку се разликува однесувањето на Мартин од однесувањето на другите нивни деца, кои станале бунтовни и сексуално неморални. Убеден дека новата вера на Мартин е само за негово добро, татко му почнал да ги прима на гости членовите од собранието. Мајка му многу пати им се заблагодарила на браќата за сѐ што направиле за нејзиниот син. Мартин се крсти на 18 години и подоцна ја заврши Школата за организациско оспособување, а моментално служи како специјален пионер.

Увозно духовно богатство

Иако Гвинеја извезува многу природни богатства, некои од нејзините духовни богатства се „увозни“. Многу луѓе емигрирале од другите африкански земји, обично од економски причини. Други дошле за да избегаат од долги и сурови војни.

Ернестина, од Камерун, дошла во Гвинеја пред 12 години. Таа со години проучувала со Јеховините сведоци и доаѓала на состаноците, но никако да се крсти. Со преполни очи солзи, го гледала крштавањето на Покраинскиот собир на Јеховините сведоци во 2003 година. Исполнета со чувство на вина, му се помолила на Јехова: „Имам веќе 51 година, а ништо добро не направив за тебе. Сакам да ти служам“. Потоа, Ернестина почнала да прави нешто за да ја постигне својата цел, која била предмет на нејзината скромна молитва. Му објаснила на човекот со кого живеела дека ќе продолжи да живее со него само ако законски се регистрираат. Тој се согласил и, во ноември 2004 година, со солзи радосници таа се крсти.

Во првите години на 1990-те, во Гвинеја се преселија илјадници бегалци од Либерија и Сиера Леоне, меѓу кои и стотици слуги на Јехова. Кратко откако пристигнале во логорот за бегалци, браќата организирале редовни состаноци, служба на проповедање и изградиле Сала на Царството. Некои од бегалците во логорите станале слуги на Јехова. Еден од нив е Исак. Откако се крстил, на Исак му се укажала можност да се врати на работа во една голема компанија во Либерија. Наместо да ја искористи таа можност, тој одлучил да остане во логорот за бегалци Лена и да служи како општ пионер. Тој вели: „Не треба да барам дозвола од шефот за да присуствувам на состаноците или на конгрес. Можам слободно да му служам на Јехова“. Во декември 2003 година, во овој изолиран логор беше одржан Обласен конгрес за 150-те Сведоци меѓу вкупно 30.000 бегалци таму. Беше убаво што присуствуваа 591 лице, меѓу кои и деветмина глуви, кои имаа прилика да ја следат програмата на знаковен јазик. Дванаесетмина беа крстени. Браќата покажаа огромно ценење за тоа што им беше овозможена ваква духовна гозба.

„Скапоценостите“ ги прават неопходните промени

Не постои нешто што ќе ги сопре трагачите по злато и дијаманти. Но, колку е трогателно да се види сето она што  го прават новите за да не дозволат ништо да ги сопре да му служат на Јехова! Да ја земеме за пример Зејнап.

На 13 години, Зејнап присилно била натерана да работи како роб. Ја зеле од дома од една друга западноафриканска земја и ја однеле во Гвинеја. На 20 години ја чула пораката од Библијата. Многу сакала да го примени она што го учела.

Воопшто не ѝ било лесно да доаѓа на состаноците. Но, тие многу ѝ значеле, и била решена да не дозволи ништо да ја спречи да доаѓа (Евреите 10:24, 25). Ќе ги скриела книгите надвор за да си ги земе кога ќе оди на состанок. Неколку пати била сурово претепана од „газдите“ затоа што одела на ваквите духовни собири.

Подоцна околностите се промениле, и Зејнап била ослободена. Веднаш почнала да оди на сите состаноци, што ѝ помогнало многу брзо да напредува. Одбила високо платена работа затоа што немало да може да доаѓа на состаноците, каде што добивала христијански поуки. Се запишала во Теократската школа за служба, станала некрстен објавител на Царството и подоцна се крстила во симбол на својот завет дека ќе му служи на Јехова. Веднаш потоа започнала да служи како помошен пионер. По шест месеци поднела молба да служи како општ пионер.

Откако бил на неколку состаноци, еден заинтересиран човек рекол: „Кога сум овде, не чувствувам дека сум сиромашен“. Многу луѓе се заинтересирани само за материјалното богатство на Гвинеја, но оние што го сакаат Јехова ревносно трагаат по духовното богатство во неа. Да, „скапоценостите од сите народи“ денес се учат на чист начин да му служат на Јехова.

[Рамка на страница 8]

ГВИНЕЈА - 2005

Највисок број Сведоци: 883

Библиски студии: 1.710

Присутни на Спомен-свеченоста: 3.255

[Карти на страница 8]

(Види во публикацијата)

ГВИНЕЈА

Конакри

СИЕРА ЛЕОНЕ

ЛИБЕРИЈА

[Слика на страница 9]

Алберт и Лук

[Слика на страница 9]

Салата на Царството во Конакри

[Слика на страница 10]

Ернестина

[Слика на страница 10]

Мартин

[Слика на страница 10]

Зејнап

[Извор на слика на страница 8]

USAID

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели