ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/5 стр. 13-15
  • Катастрофа на Соломоновите Острови

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Катастрофа на Соломоновите Острови
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Земјотрес!
  • Надоаѓа цунами
  • Акции за спасување
  • Пофалби од луѓето што гледаа
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/5 стр. 13-15

Катастрофа на Соломоновите Острови

Беше понеделник, 2 април 2007 год. Земјотрес со јачина од 8,1 степен погоди делови од Соломоновите Острови, тропски архипелаг североисточно од Австралија. За неколку минути, огромни бранови високи и до 10 метри се струполија врз островите на Западната Провинција, при што загинаа 52 души, а 6.000 луѓе останаа без покрив над глава.

Меѓу најтешко погодените беше крајбрежниот град Гизо, во кој има околу 7.000 жители и е сместен на истоимениот остров. Овој град се наоѓаше на само 45 километри од епицентарот на земјотресот. Едно мало собрание на Јеховините сведоци во Гизо се подготвуваше таа вечер да ја одбележи годишната Спомен-свеченост во знак на сеќавање на Исусовата смрт (1. Коринќаните 11:23-26). Денот започна нормално со прекрасно изгрејсонце и мирно море. Потоа, во 7.39 часот, имаше земјотрес.

Земјотрес!

Во моментот кога настанал земјотресот, Рон Паркинсон, собраниски старешина, и неговата сопруга, Дороти, подготвувале појадок. „Нашата стара куќа се заниша како кокосова палма, но не се урна“, вели Рон. „Имаше неверојатно силно бучење. Креденците, шифоњерите, садовите, пијаниното и други предмети испопаѓаа на подот. Едвај успеавме да излеземе. Дороти си ги разрани босите нозе од скршеното стакло“.

И мисионерите Тони и Кристин Шо, кои живеат во близина, брзо истрчале надвор. „Земјата толку силно се тресеше што, кога паднав, не можев да станам“, вели Кристин. „Во морето пловеа куќи. Еден огромен бран ги одвлекол од темелите. Луѓето во кануа очајно веслаа меѓу остатоците од уништените куќи барајќи преживеани. Потоа настана уште еден силен земјотрес — па уште еден. И следните пет дена постојано имаше помали земјотреси. Беше страшно!“

Надоаѓа цунами

Кога погодил земјотресот, Патсон Баеа бил во својот дом на островот Сепо Хајте, околу 6 километри од Гизо. Како ја преживеале оваа катастрофа тој и неговата фамилија?

Патсон се сеќава на тие тешки моменти: „Се стрчав по плажата кон жена ми, Наоми, и нашите четири деца. Беа испопаѓани на земја од потресот, но не беа повредени. Децата трепереа од страв, а некои плачеа. Јас и Наоми брзо ги смиривме.

Забележав дека морето чудно се бранува. Беше очигледно дека ќе има цунами. Ми беше јасно дека нашиот мал остров сигурно ќе биде преплавен. Во опасност беше и мајка ми, Евалин, која живееше на едно блиско островче. Брзо се сместивме во нашето моторно кану и веднаш тргнавме да ѝ помогнеме.

Не бевме одминале многу кога под кануто помина еден огромен бран. Морето се креваше и се спушташе. Кога пристигнавме кај мајка ми, таа беше толку збркана и во шок што се плашеше да влезе во водата. Наоми и Џереми, нашиот 15-годишен син, се нурнаа во разбрануваната вода и ѝ помогнаа да доплива до кануто. Потоа, со полна брзина, се упативме на отворено море.

Морето веќе беше толку повлечено што се гледаа коралните гребени околу островите. И наеднаш, еден огромен бран ги преплави и двата острова. Нашата гостинска куќичка на брегот беше откорната од темел и сосема уништена. Водата ја преплави и куќата во која живеевме и уништи многу работи. Подоцна, кога морето се потсмири, успеавме да спасиме неколку Библии и песнарки од нашата оштетена куќа и тргнавме кон Гизо“.

По целиот брег имаше остатоци од уништените куќи и тела на многу настрадани. Најголема штета претрпе западната страна на островот. Еден бран висок околу пет метри збриша најмалку 13 села!

Таа ноќ, во Салата на Царството на Јеховините сведоци во Гизо се собраа 22 лица за да ја одбележат Спомен-свеченоста на Исусовата смрт. За среќа, никој од нив не беше сериозно повреден во катастрофата што се случи. „Немаше струја, а газиените ламби ни беа скршени“, вели Рон. „Па така, брат Шо го одржа говорот на светлоста од еден фенер. Во темнината, на сет глас му испеавме песни на благодарност на Јехова.

Акции за спасување

Кога веста за несреќата стигна во Хонијара, главниот град, локалната подружница на Јеховините сведоци брзо организираше акција за спасување. Одговорните браќа веднаш телефонираа во погодените подрачја и дознаа дека повеќето Сведоци се на безбедно. Доверливи лица беа испратени да проверат што се случи со една сестра која живееше на островот Чоисел, далеку од другите Сведоци. На крајот ја најдоа жива и здрава. Исто така, во градот Гизо беа испратени пари за да се купат неопходните работи за да се пружи помош.

Претставници од подружницата пристигнаа во Гизо в четврток, со првиот лет што можеа да го резервираат. „Понесовме неколку кутии со артикли и средства за помош“, вели Крег Такер, член на Одборот на подружницата. „Другите патници мораа да го оставаат својот багаж поради ограничувањата во тежината на товарот, но ние се израдувавме кога нашите пакети пристигнаа безбедно. Тие беа меѓу првите пратки за помош што пристигнаа во подрачјето погодено од катастрофата. Другите работи пристигнаа со брод по два дена“.

Во меѓувреме, Тони Шо и Патсон Баеа, заедно со други Сведоци од Гизо, веслале два часа со кану за да им помогнат на двајца Сведоци што живееја на островот Ранонга. Од силниот земјотрес, овој остров кој е долг 32 и широк 8 километри беше кренат уште цели два метра над нивото на морето! Ненадејното раздвижување на водата околу островот очигледно го предизвикало цунамито што ги погоди околните острови.

„Членовите на собранието многу се израдуваа кога нѐ видоа“, вели Тони. „Беа живи и здрави и останаа надвор затоа што се плашеа да не има уште земјотреси. Нашиот чамец беше првиот што донесе хуманитарна помош. Пред да заминеме, сите заедно од сѐ срце му се заблагодаривме на Јехова во молитва“.

Патсон вели: „По неколку дена, повторно појдовме на Ранонга за да донесеме уште хуманитарна помош и да побараме едно семејство Сведоци што живееја на еден зафрлен крај на островот. Конечно ги најдовме Метју Иту и неговата фамилија, кои имаа подигнато шатори длабоко во шумата. Плачеа од радост кога видоа дека не сме ги заборавиле! Земјотресот ја урнал и нивната куќа, како и повеќето други градби во селото. Меѓутоа, најважно им беше секој да добие нова Библија, бидејќи своите ги изгубија во катастрофата“.

Пофалби од луѓето што гледаа

Ваквата христијанска љубов не можеше да помине незабележано од другите. „Еден новинар, кој ги критикувал дотогашните акции за спасување, бил изненаден и одушевен кога дознал дека Јеховините сведоци ги снабдиле своите членови со храна, церади и други неопходни работи за само неколку дена по земјотресот“, вели Крег Такер. „Селаните од Ранонга беа одушевени што брзо дојдовме на помош и се жалеа што нивните цркви со ништо не им помогнале“, додава Патсон. Една жена рекла: „Вашата организација ви помогна многу брзо!“

Сведоците им помагаа и на другите луѓе. „Кога ја посетивме импровизираната болница во Гизо, видовме една брачна двојка што ја запознавме неодамна“, раскажува Кристин Шо. „И мажот и жената беа повредени и многу потресени. Цунамито го оттргнало внучето од рацете на жената и тоа се удавило. Веднаш се вративме дома за да им однесеме храна и облека. Ни беа многу благодарни.“

Но, на жртвите од природните катастрофи не им треба само материјална помош. Особено им е потребна утехата што може да ја даде само Божјата реч, Библијата. „Некои свештеници велеа дека Бог ги казнува луѓето за нивните гревови“, вели Рон. „Но, од Библијата им прочитавме дека Бог никогаш не предизвикува ништо лошо. Многумина ни се заблагодарија за таа духовна утеха“ (2. Коринќаните 1:3, 4; Јаков 1:13).a

[Фуснота]

a Види ја статијата „,Зошто‘ — Да се одговори на најтешкото прашање“, која беше објавена во Разбудете се! од ноември 2006 год., страници 3-9. По несреќата, на жителите на островот Гизо им беа разделени стотици примероци од ова списание.

[Графикон/карти на страница 13]

(Види во публикацијата)

Чоисел

Гизо

Гизо

Ранонга

ХОНИЈАРА

АВСТРАЛИЈА

[Слика на страница 15]

Семејството Баеа во нивното моторно кану

[Слика на страница 15]

Штетата што ја предизвика цунамито на островот Гизо

[Слика на страница 15]

Оваа Сала на Царството беше единствената градба што не беше урната во селото Лале на островот Ранонга

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели