ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 15/9 стр. 30-32
  • Најдов смисла во животот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Најдов смисла во животот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Во потрага по нешто подобро
  • Ми се отворија очите!
  • Моето семејство ја прифати библиската вистина
  • Со годините, животот ми стана уште поисполнет
  • Водев исполнет живот
  • Среќна што можам да направам повеќе
    Разбудете се! 2005
  • Радосна што и покрај тешкотиите воспитав осум деца да му служат на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Награден за практикување побожна оддаденост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • „Бидејќи ја имаме оваа служба . . . не се предаваме“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 15/9 стр. 30-32

Најдов смисла во животот

Раскажал Гаспар Мартинез

На некој начин, мојот живот е обична приказна за едно сиромашно селанче кое се збогатило во градот. Но, ќе видите дека богатството што го стекнав не беше она што го очекував.

ПОРАСНАВ во 1930-тите, во едно сушно селско подрачје во областа Ла Риоха, која се наоѓа во северна Шпанија. Кога имав десет години, морав да го напуштам училиштето, но дотогаш веќе имав научено да читам и да пишувам. Заедно со другите шест браќа и сестри го минував денот на полето, чувајќи ги овците или обработувајќи ги малите ниви што ги имавме.

Бидејќи бевме сиромашни, си мислевме дека парите и материјалните работи можат да нѐ направат среќни. Им завидувавме на оние што имаа повеќе од нас. Но, бискупот еднаш рече дека во нашето село живеат „најпобожните луѓе во неговата бискупија“. Тогаш не му паѓаше на ум дека, со текот на времето, мнозина од нас ќе ја напуштат католичката вера.

Во потрага по нешто подобро

Се оженив за Мерцедес, една девојка од истото село. За кратко време ни се роди првиот син. Во 1957 год., се преселивме во блискиот град Логроњо, каде што постепено се пресели и целото мое семејство. Наскоро сфатив дека, како обичен работник без некој посебен занает, немав многу шанси да заработувам доволно за да го издржувам семејството. Се прашував каде да се свртам за совет во животот. Отидов во градската библиотека за таму да побарам информации што би можеле да ми помогнат, иако, всушност, и не знаев што барам.

Подоцна слушнав дека имало некоја емисија на радио преку која на луѓето им се нудело да ја проучуваат Библијата преку писма. Набрзо откако ја завршив оваа дописна школа, неколку членови на евангелистичката црква контактираа со мене. Во нивната црква појдов само неколку пати бидејќи брзо забележав дека постои соперништво помеѓу угледните лица во групата. Но, освен што веќе не се вратив таму, заклучив и дека сигурно сите религии се исти.

Ми се отворија очите!

Во 1964 год., еден младич кој се викаше Еухенио дојде кај нас дома. Тој беше Јеховин сведок, религија за која немав чуено дотогаш. Но, бев спремен да разговарам со него за Библијата. Мислев дека добро ја познавам. Му одговарав користејќи неколку стихови што ги научив од дописната библиска школа. Иако се обидов да одбранам некои од протестантските учења, длабоко во себе ни јас не верував во нив.

По два долги разговора, морав да признаам дека Еухенио ја користи Библијата како вистински стручњак. Се чудев кога го гледав како ги наоѓа стиховите и ми го објаснува значењето, иако имаше помало образование од мене. Тој ми покажа од Библијата дека живееме во последните денови и дека Божјето Царство наскоро ќе ја претвори Земјата во Рај. Тоа навистина ме заинтересира (Пс. 37:11, 29; Иса. 9:6, 7; Мат. 6:9, 10).

Спремно прифатив да ја проучувам Библијата. Речиси сѐ што учев ми беше ново и ме допираше до срце. Пред мене се отвори еден сосема нов свет, нешто за кое вредеше да се живее. Конечно го најдов она што го барав. Веќе не ми беше толку важно да си обезбедам подобар живот ниту да најдам подобро платена работа. Ако Бог има намера да им стави крај на болестите и на смртта, тогаш тој сигурно ќе се погрижи и за сѐ друго! (Иса. 33:24; 35:5, 6; Отк. 21:4).

Веднаш почнав да им го кажувам она што го учев на моите роднини, и со восхит им ги објаснував Божјите ветувања за една рајска Земја каде што верните луѓе ќе живеат засекогаш.

Моето семејство ја прифати библиската вистина

Наскоро, дванаесетмина од нас решивме да се собираме секоја недела попладне кај мојот чичко за да разговараме за библиските ветувања. Секоја седмица го правевме ова по два-три часа. Кога Еухенио виде дека толку многу мои роднини се интересираат за Библијата, договори лично да го посетува секое семејство.

Имав и други роднини во Дуранго, гратче оддалечено околу 120 километри, каде што немаше ниту еден Сведок. Затоа, три месеци подоцна, зедов неколку дена одмор да ги посетам и да им ја објаснам мојата новопронајдена вера. Тие денови, десетина луѓе се собиравме секоја вечер, и јас им зборував до раните утрински часови. Сите беа воодушевени од она што го слушаа. Кога си заминав оттаму, им оставив Библии и библиска литература, а потоа продолживме да контактираме.

Кога Сведоците пристигнаа во Дуранго — каде што пред тоа никој немаше проповедано — тие најдоа 18 лица што едвај чекаа да ја проучуваат Библијата. Сведоците со радост се договорија да проучуваат одделно со секое семејство.

Сѐ дотогаш, Мерцедес не сакаше да ја проучува Библијата, но не толку затоа што не ѝ се допаѓаа библиските учења, туку затоа што се плашеше од луѓето. Во тоа време, делото на Јеховините сведоци беше забрането во Шпанија, па таа си мислеше дека властите ќе ги истераат нашите две деца од училиште и дека сите ќе бидеме отфрлени од општеството. Но, кога виде дека целото семејство почна да ја прифаќа библиската вистина, и таа изрази желба да проучува.

За две години, 40 членови од моето пошироко семејство станаа Сведоци и се крстија за да покажат дека му се заветувале на Бог. Да, моето семејство имаше иста цел во животот како и јас. Чувствував дека навистина постигнав нешто вредно. Бог великодушно нѐ благослови давајќи ни големо духовно богатство.

Со годините, животот ми стана уште поисполнет

Во следните 20 години, главно се грижев за воспитувањето на нашите два сина и помагав во локалното собрание. Кога јас и Мерцедес се доселивме во Логроњо, во овој град со 100.000 жители имаше само 20-ина Сведоци. Набрзо потоа, ми беа доверени многу одговорности во собранието.

Кога имав 56 години, фабриката каде што работев ненадејно се затвори, и така останав без работа. Бидејќи отсекогаш имав силна желба да служам полновремено, ги искористив овие нови околности за да станам пионер. Добивав многу мала пензија, и не беше лесно да се врзе крај со крај. Мерцедес исто така заработуваше нешто со чистење. Успевавме да го поминеме месецот, и никогаш не ни недостасуваа основните работи. Сѐ уште служам како пионер, а таа повремено служи како помошен пионер, и многу го сака проповедањето.

Пред неколку години, Мерцедес редовно ѝ ги оставаше нашите списанија на една млада жена по име Мерче, која ја проучувала Библијата како мала. Мерче ја читаше нашата литература со голем интерес, и Мерцедес забележа дека таа во срцето сѐ уште ја цени библиската вистина. На крајот, прифати да ја проучува Библијата и добро напредуваше. Но, Висенте, нејзиниот маж, многу пиеше и не можеше да задржи ниту едно работно место. Како резултат на тоа, не се грижеше за неа во материјален поглед, а нивниот брак беше на стаклени нозе поради неговиот проблем со алкохолот.

Жена ми ѝ предложи на Мерче да го замоли Висенте да разговара со мене, и на крајот тој се согласи. Откако се видовме неколку пати, прифати да ја проучува Библијата. Благодарение на тоа, Висенте почна да се менува, и успеваше да не пие и по неколку денови. Потоа, периодите кога не пиеше станаа подолги и траеја по цела седмица или повеќе. На крајот, сосема престана да пие. Неговиот изглед значително се подобри, и неговото семејство се обедини. Тој, заедно со жена му и ќерка му, многу му помага на малото собрание на Канарските Острови каде што живеат сега.

Водев исполнет живот

Иако некои мои роднини, кои пред многу години ја запознаа библиската вистина, сега се починати, моето пошироко семејство и понатаму расте, а Бог богато нѐ благослови (Изр. 10:22). Навистина многу се радувам кога гледам дека речиси сите од оние што почнаа да ја проучуваат Библијата пред 40 години — заедно со нивните деца и внуци — и понатаму верно му служат на Јехова!

Денес, многу мои телесни роднини се Сведоци, а мнозина од нив служат како старешини, слуги-помошници и пионери. Мојот постар син и жена му служат во подружницата на Јеховините сведоци во Мадрид (Шпанија). Кога јас станав Сведок, во Шпанија имаше околу 3.000 Јеховини сведоци. Сега има над 100.000. Навистина уживам во полновремената служба и многу сум му благодарен на Бог што водев прекрасен живот во неговата служба. Иако немам некое посебно образование, понекогаш служам како заменик на покраинскиот надгледник.

Пред неколку години, дознав дека веќе речиси никој не живее во селото каде што пораснав. Поради сиромаштијата, со текот на годините сите негови жители ги оставиле нивите и куќите, и заминале во потрага по подобар живот. За среќа, голем број од тие иселеници — меѓу кои сум и јас — успеаја да пронајдат духовно богатство. Дознавме дека животот навистина има смисла и дека нема поголема радост од тоа човек да му служи на Јехова.

[Слика на страница 32]

Речиси сите членови на семејството на брат Мартинез кои се во вистината

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели