ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 15/8 стр. 12-16
  • Откупнината нѐ спасува

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Откупнината нѐ спасува
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Спасени од Божјиот гнев
  • Како нѐ избавува откупнината
  • По колку висока цена била обезбедена откупнината?
  • Благослови од откупнината
  • Продолжи да покажуваш вера во откупнината
  • Откупнината — најголемиот дар од Бог
    Што навистина учи Библијата?
  • Јехова обезбедува „откупнина за мнозина“
    Приближи му се на Јехова
  • Продлабочувај го своето ценење за откупнината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Соодветна откупнина за сите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 15/8 стр. 12-16

Откупнината нѐ спасува

„Кој верува во Синот, има вечен живот. Кој не му е послушен на Синот, нема да види живот, туку Божјиот гнев останува врз него“ (ЈОВАН 3:36)

1, 2. Која била една причина зошто почнала да се издава Сионска Стражарска кула?

„НИТУ еден човек што внимателно ја проучува Библијата не може да не забележи колку е нагласено значењето на Христовата смрт“, стоеше во четвртиот број од ова списание, кој излезе во октомври 1879 год. Статијата заврши со следнава сериозна мисла: „Да се чуваме од секоја идеја со која се одрекува дека преку смртта на Христос била обезбедена жртва помирница за гревот“. (Прочитај 1. Јованово 2:1, 2.)

2 Една од причините зошто почна да излегува Сионска Стражарска кула во јули 1879 год. беше да се одбрани библиското учење за откупнината. Она што стоеше во неа беше „храна во вистинско време“ бидејќи кон крајот на 19 век сѐ поголем број на таканаречени христијани почнаа да се сомневаат дека смртта на Исус може да биде откупнина за нашите гревови (Мат. 24:45). Во тоа време, мнозина станаа жртви на теоријата на еволуција, која не се согласува со фактот дека човекот го изгубил совршенството кое го имал во почетокот. Еволуционистите учат дека човекот, всушност, самиот постепено се усовршува и нема никаква потреба од откупнина. Затоа, особено е значаен следниов совет што апостол Павле му го дал на Тимотеј: „Чувај го она што ти е доверено и избегнувај ги празните разговори, кои го сквернават она што е свето, и противречното таканаречено спознание. Поради тоа што се расфрлаа со таквото таканаречено спознание, некои отстапија од верата“ (1. Тим. 6:20, 21).

3. Кои прашања ќе ги разгледаме?

3 Без сомнение, ти си решен ‚да не отстапиш од верата‘. За да успееш во тоа, добро е да размислиш за следниве прашања: Зошто ми е потребна откупнината? По која висока цена ја обезбедил Јехова? Како може да ми користи тој прекрасен дар кој има моќ да ме спаси од Божјиот гнев?

Спасени од Божјиот гнев

4, 5. Што покажува дека Божјиот гнев останува врз овој злобен свет?

4 Библијата и целата историја на човештвото покажуваат дека, уште од гревот на Адам, Божјиот гнев „останува врз“ човечкиот род (Јован 3:36). Ова јасно се гледа по тоа што, кога-тогаш, секој човек мора да умре. Освен тоа, од првиот грев наваму, луѓето постојано ги снаоѓаат неволји. А со своето соперничко владеење, Сатана не успеал да ги заштити ниту, пак, некоја човечка влада успеала да ги задоволи основните потреби на сите свои граѓани (1. Јов. 5:19). Затоа човештвото и понатаму е измачувано од војни, криминал и сиромаштија.

5 Според тоа, јасно е дека денешниот злобен свет нема благослов од Јехова. Павле рекол дека „Божјиот гнев се излева од небото на секоја безбожност“ (Рим. 1:18-20). Затоа, оние што живеат безбожно и не се каат за тоа нема да ги избегнат последиците од своето однесување. Денес, Божјиот гнев се разгласува преку пораките на суд што се излеваат како садови со неволја врз Сатановиот свет и кои излегуваат во многу наши библиски публикации (Отк. 16:1).

6, 7. Во кое дело предводат помазаните христијани, и каква можност сѐ уште имаат лицата што се дел од Сатановиот свет?

6 Дали ова значи дека е предоцна барем некои да се ослободат од власта на Сатана и да ја стекнат Божјата милост? Не. Вратата што води до помирување со Јехова сѐ уште е широко отворена. Помазаните христијани — во улога на „пратеници кои го застапуваат Христос“ — предводат во проповедањето преку кое ги повикуваат луѓето од сите народи ‚да се помират со Бог‘ (2. Кор. 5:20, 21).

7 Апостол Павле рекол дека Исус „нѐ избавува од гневот што доаѓа“ (1. Сол. 1:10). Во времето кога Јехова за последен пат ќе го излее својот гнев, непокајничките грешници ќе бидат уништени (2. Сол. 1:6-9). Кој ќе се спаси? Библијата вели: „Кој верува во Синот, има вечен живот. Кој не му е послушен на Синот, нема да види живот, туку Божјиот гнев останува врз него“ (Јован 3:36). Значи, кога ќе му биде ставен крај на овој свет, сите што се живи и имаат вера во Исус и во откупнината нема да бидат уништени во Божјиот конечен ден на гнев.

Како нѐ избавува откупнината

8. а) Каква прекрасна иднина ги чекала Адам и Ева? б) Како покажал Јехова дека е совршено праведен Бог?

8 Кога Јехова ги создал, Адам и Ева биле совршени. Ако му останеле послушни, Земјата сега ќе беше полна со нивни среќни потомци кои ќе живееја заедно со нив во Рај. Но, за жал, нашите први родители намерно ја прекршиле Божјата заповед. Како резултат на тоа, биле осудени на вечна смрт и биле истерани од првобитниот Рај. Значи, гревот навлегол во човечкото семејство уште пред да им се родат деца, а на крајот, првиот маж и првата жена остареле и умреле. Ова покажува дека Јехова си стои на зборот. Освен тоа, тој е Бог на совршена правда. Јехова го предупредил Адам дека ќе умре ако земе од забранетиот плод — и тоа навистина се случило.

9, 10. а) Зошто умираат потомците на Адам? б) Како можеме да се спасиме од вечна смрт?

9 Како потомци на Адам, ние сме наследиле несовршено тело кое е подложно на грев и, на крајот, на смрт. Кога Адам згрешил, ние, така да се каже, сме биле во неговите бедра. На тој начин, и ние сме биле осудени на смрт заедно со него. Доколку би ги отстранил стареењето и смртта без да се плати откупнина, Јехова не би си стоел на зборот. Всушност, Павле зборувал во името на сите нас кога рекол: „Знаеме дека Законот е духовен, а јас сум телесен, продаден во ропството на гревот. Беден човек сум јас! Кој ќе ме избави од телото, кое ме води во таква смрт?“ (Рим. 7:14, 24).

10 Само Јехова Бог можел да обезбеди законска основа за да може на праведен начин да ни ги прости гревовите и да нѐ ослободи од казната на вечна смрт. Ова го направил така што го испратил својот сакан Син од небото за да се роди како совршен човек и да го даде животот како откупнина за нас. За разлика од Адам, Исус останал совршен — ‚тој не направил грев‘ (1. Пет. 2:22). Затоа, можел да стане татко на совршен човечки род. Но, наместо тоа, Исус дозволил Божјите непријатели да го убијат за да може да ги усвои грешните потомци на Адам и да им овозможи на оние што веруваат во Него да добијат вечен живот. Библијата објаснува: „Еден е Бог и еден е посредник помеѓу Бог и луѓето, човекот, Христос Исус, кој се даде себеси како соодветна откупнина за сите“ (1. Тим. 2:5, 6).

11. а) Која споредба може да ни помогне да сфатиме како ни користи откупнината? б) Кој сѐ може да извлече корист од откупнината?

11 За да сфатиме како нѐ спасува откупнината, да направиме споредба со ситуацијата во која се наоѓаат некои луѓе кои ја изгубиле сета заштеда вложена во некоја корумпирана банка и, како резултат на тоа, западнале во долг. Сопствениците на банката заслужено се осудени на долги години затвор. Но, што да прават невините жртви? Доведени до питачки стап, тие немаат никаков излез освен ако некој љубезен и богат човек не ја преземе банката и не им ги врати сите заштеди и така ги ослободи од долгот. На сличен начин, Јехова Бог и неговиот сакан Син ги купиле потомците на Адам и ги ослободиле од нивниот долг, односно ги поништиле нивните гревови, на темел на крвта што ја пролеал Исус. Затоа Јован Крстител можел да го рече следново за Исус: „Еве го Божјето Јагне, кое го отстранува гревот на светот!“ (Јован 1:29). Во оние чии гревови се отстранети не спаѓаат само живите туку и мртвите.

По колку висока цена била обезбедена откупнината?

12, 13. Што учиме од она што го чувствувал Авраам додека се подготвувал да го принесе Исак за жртва?

12 Невозможно е потполно да сфатиме колку висока цена платиле нашиот небесен Татко и неговиот сакан Син за да ја обезбедат откупнината. Но, во Библијата се раскажани некои случки што можат да ни помогнат да размислуваме за оваа работа. На пример, замисли како мора да се чувствувал Авраам кога патувал три дена до Морија за да ја послуша следнава Божја заповед: „Те молам, земи го својот син, својот единец, Исак, кого толку го сакаш, па појди во земјата Морија и таму принеси го како жртва паленица на еден од ридовите, кој ќе ти го покажам!“ (1. Мој. 22:2-4).

13 На крајот, Авраам стигнал до местото што го одредил Бог. Срцето сигурно му се кинело од болка додека ги врзувал рацете и нозете на Исак, а потоа го положил на жртвеникот што го направил со свои раце. Колку неподносливо тежок мора да бил за Авраам моментот кога го кренал ножот за да го убие својот син! Замисли како се чувствувал и самиот Исак додека лежел на жртвеникот и чекал да ја почувствува острата болка од смртоносниот бодеж. Во последен момент, Јеховин ангел го спречил Авраам да го прободе. Она што во таа прилика се случило со нив ни помага да разбереме колку мора да му било тешко на Јехова кога им дозволил на застапниците на Сатана да го убијат Неговиот Син. А тоа што Исак спремно се подложил на барањето на Авраам е одличен пример за спремноста со која Исус страдал и умрел за нас (Евр. 11:17-19).

14. Која случка од животот на Јаков ни помага да сфатиме колку скапо платил Јехова со откупнината што ја дал за нас?

14 Колку скапо платена била откупнината може да се види и ако ја споредиме со една случка од животот на Јаков. Од сите свои синови, тој најмногу го сакал Јосиф. За жал, браќата на Јосиф му завидувале и го мразеле. Сепак, тој спремно прифатил да појде кога татко му го испратил да види како се неговите браќа. Во тие денови, синовите на Јаков го паселе стадото овци на 100-тина километри северно од својот дом во Хеврон. Можеш ли да си ја замислиш болката што ја почувствувал Јаков кога неговите синови му ја предале облеката на Јосиф целата натопена со крв? „Тоа е облеката на син ми! — извикал. „Лута ѕверка го изела! Јосиф е растргнат на парчиња!“ Сето ова многу го погодило Јаков, кој тажел по својот син многу дни (1. Мој. 37:33, 34). Јехова не реагира на ситуациите на сосема ист начин како несовршените луѓе. Но, ако размислуваме за оваа случка од животот на Јаков, можеби сепак ќе успееме донекаде да сфатиме како мора да се чувствувал Бог кога неговиот сакан Син бил малтретиран и сурово убиен како човек на Земјата.

Благослови од откупнината

15, 16. а) Како покажал Јехова дека ја прифаќа откупнината? б) Какви благослови си добил благодарение на откупнината?

15 Јехова Бог го воскреснал својот верен Син давајќи му величествено духовно тело (1. Пет. 3:18). Цели 40 дена воскреснатиот Исус им се појавувал на своите ученици за да ја зајакне нивната вера и да ги подготви за огромното проповедничко дело што стоело пред нив. Потоа се вознел на небото. Таму му ја принел на Бог вредноста на својата пролеана крв во корист на своите вистински следбеници, кои имаат вера во неговата откупна жртва. Јехова Бог покажал дека ја прифаќа Христовата откупнина со тоа што го овластил Исус да го излее светиот дух врз своите ученици кои биле собрани во Ерусалим на Педесетница 33 год. од н.е. (Дела 2:33).

16 Овие помазани следбеници на Христос веднаш почнале да ги поттикнуваат луѓето да се спасат од Божјиот гнев така што ќе се крстат во името на Исус Христос за да им бидат простени гревовите. (Прочитај Дела 2:38-40.) Од тој значаен историски ден досега, Бог привлекол кон себе милиони луѓе од сите народи, кои можат да станат пријатели со него на темел на верата во откупната жртва на Исус (Јован 6:44). Но, се поставуваат уште две прашања: Дали на кој и да било од нас му е дадена надеж за вечен живот поради неговите добри дела? И, дали тоа што еднаш ни била дадена, значи дека не е можно да ја изгубиме?

17. Како треба да гледаш на тоа што Бог ти дал прекрасен благослов да бидеш негов пријател?

17 Откупнината е потполно незаслужена. Но, со тоа што покажуваат вера во неа, милиони луѓе денес веќе станале пријатели со Бог и имаат надеж дека ќе живеат вечно во Рајот на Земјата. Сепак, тоа што сме станале Јеховини пријатели не е гаранција и дека ќе останеме негови пријатели. За да се спасиме во Божјиот иден ден на гнев, и понатаму мора да покажуваме длабока благодарност за „откупнината што ја плати Христос Исус“ (Рим. 3:24; прочитај Филипјаните 2:12).

Продолжи да покажуваш вера во откупнината

18. Што се очекува од оној што покажува вера во откупнината?

18 Од мотото на оваа статија, Јован 3:36, може да се види дека покажуваме вера во Господарот Исус Христос со тоа што сме му послушни. Благодарноста за откупнината треба да нѐ поттикне да живееме во склад со учењата на Исус, меѓу кои е и она што го поучувал во врска со моралот (Мар. 7:21-23). „Божјиот гнев доаѓа“ врз сите оние што без ронка каење прават блуд, кажуваат безобразни шеги и вршат „секаква нечистотија“, во што спаѓа и упорното гледање порнографија (Еф. 5:3-6).

19. На кои видливи начини може да покажеме дека имаме вера во откупнината?

19 Ако сме благодарни за откупнината, ќе бидеме зафатени со ‚дела од кои се гледа дека сме му оддадени на Бог‘ (2. Пет. 3:11). Да одвоиме доволно време за редовна и сесрдна молитва, за лично проучување на Библијата, за состаноци, за семејно проучување и за ревносно проповедање за Царството. И, ‚да не заборавиме да правиме добро и да делиме со другите, зашто со таквите жртви му се угодува на Бог‘ (Евр. 13:15, 16).

20. Каков благослов можат да очекуваат во иднина сите оние што и понатаму покажуваат вера во откупнината?

20 Кога Јеховиниот гнев ќе биде излеан врз овој злобен свет, навистина ќе бидеме пресреќни што сме имале вера во откупнината и што сме покажувале благодарност за неа! А во Божјиот ветен нов свет, ќе бидеме вечно благодарни што преку тој прекрасен дар, Бог ни помогнал да се спасиме од Неговиот гнев. (Прочитај Јован 3:16; Откровение 7:9, 10, 13, 14.)

Како би одговорил?

• Зошто ни е потребна откупнината?

• По колку висока цена била обезбедена откупнината?

• Кои благослови ги имаме од откупнината?

• Како покажуваме вера во откупната жртва на Исус?

[Слика на страница 13]

Вратата за помирување со Јехова е широко отворена

[Слики на страница 15]

Ако размислуваме за овие случки со Авраам, Исак и Јаков, ќе можеме да сфатиме колку скапо платена била откупнината

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели