ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 1/11 стр. 6
  • Биди благодарен

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Биди благодарен
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сличен материјал
  • Зошто е важно да покажуваме ценење?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Јехова е Бог што знае да цени
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Зошто да се заблагодаруваме?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Благодарете му на Јехова и тој ќе ве благослови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 1/11 стр. 6

Чекор 3

Биди благодарен

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА? „За сѐ благодарете“ (1. Солуњаните 5:18).

ЗОШТО НЕ Е ЛЕСНО? Живееме со луѓе што се вообразени и неблагодарни, ставови што лесно би можеле да ги усвоиме и ние (2. Тимотеј 3:1, 2). Освен тоа, можеби се чувствуваме принудени да вклучиме сѐ повеќе и повеќе активности во нашиот и онака пренатрупан распоред. Би можеле толку да се оптовариме со проблемите или да се преокупираме со остварувањето на личните цели што ќе немаме време да го цениме она што веќе го имаме или, пак, да се заблагодариме за она што другите го прават за нас.

ШТО МОЖЕШ ДА СТОРИШ? Одвој си време да размислуваш за убавите работи што ги имаш сега. Точно, можеби те притискаат многу проблеми. Но, размисли малку за цар Давид. Понекогаш се чувствувал скршен и премален од болка. Сепак, тој го молел Бог: „Размислувам за сите твои дела, се интересирам за делото на твоите раце“ (Псалм 143:3-5). И покрај неволјите, Давид останал благодарен и затоа чувствувал внатрешно задоволство.

Размислувај за она што го прават другите за да ти помогнат и покажи дека си им благодарен. Исус дал прекрасен пример во овој поглед. На пример, кога неговата пријателка Марија му излеала скапо масло врз главата и врз нозете, некои налутено прашале: „Зошто да се растура така мирисливото масло?“a Тие сметале дека маслото требало да се продаде и парите да им се дадат на сиромашните. Исус одговорил: „Оставете ја! Зошто ја напаѓате?“ Потоа рекол: „Таа направи сѐ што можеше“ (Марко 14:3-8; Јован 12:3). Наместо да го сврти вниманието на она што Марија не го направила, Исус покажал благодарност за она што таа веќе го направила.

Некои ги ценат семејството, пријателите или другите убави работи што ги имале дури откако ќе ги изгубат. Би можел да избегнеш да ти се случи тоа ако размислуваш за убавите работи што ги имаш сега! Затоа, врежи си ги во мислите или запиши си ги на хартија работите за кои си благодарен.

Бидејќи „секој добар дар“ доаѓа од Бог, ќе биде добро да му ја искажеме нашата благодарност во молитва (Јаков 1:17). Редовните молитви можат да ни помогнат да останеме благодарни и на тој начин да бидеме задоволни во животот (Филипјаните 4:6, 7).

[Фуснота]

a Во првиот век, излевањето масло врз главата на гостинот било чин на гостопримство, а излевањето масло врз неговите нозе било чин на понизност.

[Слика на страница 6]

Дали покажуваш благодарност за она што другите го прават за тебе?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели