ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 1/11 стр. 5
  • Не споредувај се со другите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Не споредувај се со другите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сличен материјал
  • Што очекува Јехова од нас?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Како да се бориш со негативните чувства?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Ти имаш вредност во Божјите очи!
    Разбудете се! 1999
  • Што бара Јехова од тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 1/11 стр. 5

Чекор 2

Не споредувај се со другите

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА? „Секој нека го испита своето дело, па ќе има причина за задоволство во самиот себе, а не споредувајќи се со други“ (Галатите 6:4).

ЗОШТО НЕ Е ЛЕСНО? Можеби сме склони да се споредуваме со другите — понекогаш со оние што имаат помалку од нас, а честопати со оние што се посилни, побогати или понадарени од нас. Како и да е, тоа не носи ништо добро. Така може да дојдеме до погрешниот заклучок дека вредноста на една личност зависи од она што го поседува или од она што може да го направи. Исто така, кај нас може да се роди завист и незаситна желба да бидеме најдобри (Проповедник 4:4).

ШТО МОЖЕШ ДА СТОРИШ? Труди се да гледаш на себеси онака како што те гледа Бог. Дозволи неговото гледиште да влијае врз твојата самопочит. „Човекот го гледа она што го гледаат очите, а Јеховаa го гледа она што е во срцето“ (1. Самоилова 16:7). Јехова не ја мери твојата вредност на тој начин што те споредува со другите луѓе, туку ти го гледа срцето и ги испитува твоите мисли, чувства и намери (Евреите 4:12, 13). Тој ги разбира твоите ограничувања и сака и ти самиот да бидеш свесен за нив. Ако ја мериш својата вредност споредувајќи се со другите, може да станеш или вообразен или вечно незадоволен. Затоа, скромно прифати го фактот дека не можеш да бидеш најдобар на секое поле (Изреки 11:2).

Што треба да правиш за да бидеш вреден во Божји очи? Јехова го вдахновил пророкот Михеј да напише: „Тој ти кажа, земен човеку, што е добро. Бара ли Јехова, твојот Бог, од тебе нешто друго, освен да постапуваш праведно, да ја сакаш добротата и скромно да одиш со него?“ (Михеј 6:8). Ако го следиш тој совет, Бог ќе се грижи за тебе (1. Петрово 5:6, 7). Зар има нешто друго што може да ти донесе поголемо задоволство?

[Фуснота]

a Божјето име е запишано во Библијата.

[Слика на страница 5]

Јехова ја мери нашата вредност според она што го имаме во срцето

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели