ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 1/6 стр. 12-13
  • Треба ли да се молиме на светци?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Треба ли да се молиме на светци?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА
  • ТРЕБА ЛИ ДА СЕ ПЛАШИШ ДА МУ СЕ МОЛИШ НА БОГ?
  • Како можат да ти помогнат вистинските светци?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Треба ли да се молиме на „светци“?
    Разбудете се! 2010
  • Молитва
    Разбудете се! 2014
  • Треба ли да им се молам на светците?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 1/6 стр. 12-13

Треба ли да се молиме на светци?

СИТЕ ние сме се нашле на мака и сме имале потреба некој да ни помогне. Во тие моменти, веројатно ни бил потребен сочувствителен пријател кој минал низ истите проблеми и тешкотии. Пријателот кој ни ги разбира чувствата и поминал многу во животот е вистинско богатство.

Некои го чувствуваат истото и кога се молат. Наместо да му се обратат на Бог — кој можеби им изгледа премногу возвишен и недостижен — полесно им е да му се обратат на некој светец. Тие мислат дека светците, поради тоа што веќе ги искусиле неволјите и проблемите со кои се соочуваат сите луѓе, имаат поголемо сочувство и разбирање. На пример, оние што изгубиле нешто вредно можеби му се молат на „Свети“ Фануриј — заштитник на изгубените работи. Други можеби му се молат на „Свети“ Никола — заштитник на децата, морињата, патниците и трговците. А некои ѝ се молат на „Света“ Петка, која се смета за заштитничка од разни несреќи и болести.

Но, што вели Библијата? Дали е исправно да се молиме на светци? Дали Бог ги слуша молитвите што им ги упатуваме на светците? Освен тоа, зар не треба да се запрашаме: Дали Бог сака да им се молиме на светци?

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Обичајот луѓето да се молат на светци потекнува од верувањето дека тие се посредници меѓу Бог и луѓето. Во една црковна книга пишува: „Светците покажуваат грижа кон своите браќа на Земјата со тоа што се заземаат за нив пред Господ“ (Dogmatics of the Orthodox Eastern Church). Според тоа, оној што им се моли на светците се надева дека тие ќе му покажат посебна милост затоа што се во повластена положба пред Бог.

Дали ова верување се темели на Библијата? Некои велат дека самиот апостол Павле во своите списи дал основа да се молиме на светци. На пример, на христијаните во Рим им напишал: „Ве заколнувам браќа преку нашиот Господар Исус Христос и преку љубовта што потекнува од духот заедно со мене горливо да му се молите на Бог за мене“ (Римјаните 15:30). Дали Павле барал од неговите сохристијани да го застапуваат пред Бог? Се разбира дека не. Како апостол на Христос, попрво тие би побарале од него да ги застапува пред Бог. Павле едноставно покажал дека е во ред да побараме од некој сохристијанин да му се моли на Бог за нас. Но, сосема друго е да му се молиме на некој што мислиме дека е на небото за да му ги пренесе нашите барања на Бог. Зошто?

Во евангелието според Јован, Исус рекол: „Јас сум патот и вистината и животот. Никој не доаѓа кај Таткото освен преку мене“ (Јован 14:6). Исто така, Исус рекол: ‚Што и да побарате од Таткото во мое име, ќе ви даде‘ (Јован 15:16). Исус не кажал дека треба да му ги упатуваме молитвите нему за потоа тој да му ги пренесе на Бог. Наместо тоа, за да бидат слушнати нашите молитви, мора да му ги упатуваме на Бог но преку Исус, а не преку некој друг.

Кога учениците го прашале како да се молат, Исус им рекол: „Кога се молите, речете: ‚Татко, нека се свети името твое‘“ (Лука 11:2). Овие зборови јасно потврдуваат дека молитвите треба секогаш да му ги упатуваме на Бог, а не на Исус или на некој друг. Во склад со ова, логично е да заклучиме дека треба да му се молиме само на Бог преку Исус Христос, а не да им се молиме на посредници или „светци“.

Со молитвите му оддаваме почит на Бог. А ако му оддаваме таква почит на некој друг освен на Бог, тогаш постапуваме спротивно на она што го вели Библијата (Јован 4:23, 24; Откровение 19:9, 10). Затоа, треба да му се молиме само на Бог.

ТРЕБА ЛИ ДА СЕ ПЛАШИШ ДА МУ СЕ МОЛИШ НА БОГ?

Во Проповедта на гората, Исус раскажал една споредба за дете што побарало од татко му нешто за јадење. Дали таткото ќе му даде камен наместо леб? Или отровна змија наместо риба? (Матеј 7:9, 10). Незамисливо е еден родител да направи такво нешто!

Како еден татко, Бог сака слободно да зборуваме со него

Сега пробај ти да се ставиш во кожата на еден родител. Замисли си дека твоето дете сака да побара нешто од тебе. Секогаш си бил близок со него и тоа можело во секое време да ти се обрати. Меѓутоа, одеднаш детето без основа почнува да се плаши како ќе реагираш, па затоа замолува некој друг да ти го пренесе неговото барање. Како ќе се чувствуваш? Што ако му стане навика постојано да ти се обраќа преку тоа лице? Дали ќе ти биде мило? Се разбира дека не! Добрите родители сакаат нивните деца да им се обраќаат лично и да се чувствуваат слободни да побараат од нив сѐ што им треба.

Како заклучок на споредбата за детето кое бара храна, Исус рекол: „Ако вие, иако сте зли, знаете да им давате добри дарови на своите деца, колку повеќе вашиот Татко кој е на небесата ќе им даде добри работи на оние што го молат?“ (Матеј 7:11). Без сомнение, родителите од срце сакаат да им даваат убави работи на своите деца. Тогаш, колку повеќе нашиот небесен Татко сака да ги чуе нашите молитви и да одговори на нив!

Бог сака да му се обраќаме во молитва само нему, дури и кога сме разочарани поради нашите слабости и грешки. Тој не му дал задача на никој друг да ги слуша нашите молитви. Во Библијата пишува: „Фрли го своето бреме на Јехова, и тој ќе те поткрепи“ (Псалм 55:22). Наместо да очекуваме некој светец или кој и да е друг да нѐ застапува пред Бог, треба подобро да го запознаеме Јехова за да се чувствуваме поблиски со него.

Нашиот небесен Татко се грижи за секого поединечно. Тој сака да ни помага кога имаме проблеми и сака да се зближиме со него (Јаков 4:8). Колкава чест е што во секое време можеме да му се обраќаме на нашиот Бог и Татко — „тој што ги слуша молитвите“! (Псалм 65:2).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели