ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 1/7 стр. 16
  • Одговор на библиски прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Одговор на библиски прашања
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Сличен материјал
  • Кој е Исус Христос?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Кој е Исус Христос?
    Добра вест од Бог!
  • Исус спасува — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Христовата откупнина — Божји пат за спасение
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 1/7 стр. 16

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Дали е можно да живееме вечно?

Што направил Бог за да нѐ ослободи од смртта?

Првиот човек, Адам, живеел со векови. Но, со текот на времето остарел и умрел. Оттогаш, луѓето на различни начини се обидуваат да останат млади. Сепак, никој не успеал да ѝ побегне на смртта. Зошто? Адам остарел и умрел поради тоа што бил непослушен и му згрешил на Бог. Ние старееме затоа што од Адам сме ги наследиле гревот и смртта. (Прочитај 1. Мојсеева 5:5; Римјаните 5:12.)

За да имаме вечен живот, потребно е некој да плати откупнина за нас (Јов 33:24, 25). Откупнина е цената што се плаќа за некој да биде ослободен, а ние треба да бидеме ослободени од смртта (2. Мојсеева 21:29, 30). Исус ја платил таа цена со тоа што умрел за нас. (Прочитај Јован 3:16.)

Како можеме да добиеме вечен живот?

Нема сите луѓе да бидат ослободени од болестите и стареењето. Всушност, оние што не му се послушни на Бог, како Адам, ќе ја изгубат можноста да живеат. Само луѓето на кои им се простени гревовите ќе можат да живеат вечно. (Прочитај Исаија 33:24; 35:3-6.)

За да ни бидат простени гревовите, мора и ние да направиме нешто. Треба да го запознаеме Бог така што ќе ја проучуваме неговата Реч, Библијата. Од неа ќе научиме како да имаме посреќен живот уште сега и како да ја стекнеме Божјата милост за да добиеме вечен живот во иднина. (Прочитај Јован 17:3; Дела 3:19.)

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 3. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели