ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 15/11 стр. 14-15
  • Покажи дека ја цениш дарежливоста на Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Покажи дека ја цениш дарежливоста на Јехова
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • НЕСПОРЕДЛИВ ПРИМЕР НА ДАРЕЖЛИВОСТ
  • „Работата е голема“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Нивниот вишок ја покрил немаштијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Јехова богато го благословува спремниот дух
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Како може да се грижиме за потребите на другите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 15/11 стр. 14-15
Една жена ја поминува својата кредитна картичка низ електронски читач за картички

Покажи дека ја цениш дарежливоста на Јехова

ЈЕХОВА е дарежлив Бог (Јак. 1:17). Од бескрајното ноќно небо начичкано со ѕвезди до зелениот килим кој ја покрива Земјата, творештвото ја возвишува дарежливоста на Јехова (Пс. 65:12, 13; 147:7, 8; 148:3, 4).

Псалмистот толку многу го ценел својот Творец што бил поттикнат да напише песна со која се величаат Јеховините дела. Прочитај го Псалм 104, и размисли дали и ти имаш слични чувства. Псалмистот рекол: „Ќе му пеам на Јехова додека сум жив, со песна ќе го фалам својот Бог сѐ додека постојам“ (Пс. 104:33). Зарем не го посакуваш и ти истото?

НЕСПОРЕДЛИВ ПРИМЕР НА ДАРЕЖЛИВОСТ

Јехова сака да бидеме дарежливи како него, а ни објаснува и зошто треба да бидеме такви. Забележи што напишал апостол Павле под водство на Божјиот дух: „На оние што се богати во сегашниов свет заповедај им да не бидат вообразени и да не се потпираат на несигурното богатство, туку на Бог, кој богато ни дава сѐ за да уживаме во тоа. Заповедај им да прават добро, да се богатат со добри дела, да бидат дарежливи, спремни да го делат со другите она што го имаат. Со тоа ќе го собираат она богатство што е добар темел за иднината, за да го освојат вистинскиот живот“ (1. Тим. 6:17-19).

Во своето второ послание до собранието во Коринт, Павле нагласил каков став треба да имаме кон давањето. Тој рекол: „Секој нека направи како што одлучил во своето срце, не без волја, ниту со сила, зашто Бог го сака веселиот дарител“ (2. Кор. 9:7). А потоа кажал кој ќе извлече корист од великодушното давање: 1) оние на кои им се дава, бидејќи нивните потреби ќе бидат задоволени и 2) оние што даваат, затоа што ќе добијат духовни благослови (2. Кор. 9:11-14).

Павле го завршил тој дел од посланието така што го спомнал најсилниот доказ за Божјата дарежливост. Тој напишал: „Му благодариме на Бог за неговиот неопислив дар!“ (2. Кор. 9:15). Очигледно, овој дар ја вклучува сета добрина што Јехова им ја покажува на своите слуги преку Исус Христос. Тој дар е толку величествен што не може да се опише со зборови.

Како може да покажеме дека го цениме сето она што Јехова и неговиот Син веќе го направиле и ќе го направат за нас во иднина? Еден начин е така што великодушно ќе ги трошиме своето време, сила и средства во делото за Царството, сеедно дали можеме да дадеме малку или многу (1. Лет. 22:14; 29:3-5; Лука 21:1-4).

КАКО НЕКОИ ДАВААТ ПРИЛОЗИ ЗА МЕЃУНАРОДНОТО ДЕЛО

Исто како во времето на апостол Павле, мнозина денес ‚ставаат настрана‘, односно редовно одвојуваат одредена сума пари и ги пуштаат во кутиите за прилози со натпис: „За меѓународното дело“ (1. Кор. 16:2). Секој месец, собранијата ги испраќаат овие прилози до подружницата на Јеховините сведоци која се грижи за нивната земја. Освен тоа, секој може да испрати доброволен паричен прилог и директно до правното тело што го користат Јеховините сведоци во неговата земја. За да го дознаете називот на ова правно тело, ве молиме контактирајте со подружницата која се грижи за вашата земја. Адресата на подружницата може да се најде на интернет-страницата www.jw.org/mk. Директно можат да се испратат следниве видови прилози:

БЕЗУСЛОВНИ ПОДАРОЦИ

  • Во некои земји може да се даваат прилози преку системите за електронско банкарство, дебитна или кредитна картичка. Во некои подружници е можно да се приложува и преку нашата интернет-страница jw.org или преку друга интернет-страница отворена со таа намена.

  • Може да се подарат пари, накит или, пак, други вредни работи. Таквите прилози треба да се испратат со едно кратко писмо во кое се наведува дека станува збор за безусловен подарок.

УСЛОВНИ ДОНАЦИИ

  • Може да се донираат пари со услов да му бидат вратени на давателот доколку му се потребни.

  • Таквите прилози треба да се испратат со едно кратко писмо во кое се наведува дека станува збор за условна донација.

ДРУГИ НАЧИНИ НА ДАВАЊЕ

Освен давање парични прилози и вреден личен имот, има и други начини на кои може да се приложи за меѓународното дело на Царството. Тие се наведени подолу. Сеедно како сакате да приложите, ве молиме најпрво контактирајте со подружницата која се грижи за вашата земја. Бидејќи законските барања и даночните закони се различни од една до друга земја, важно е да разговарате со даночен или законски советник пред да решите на кој начин ќе дадете донација.

Осигурување: Правното тело што го користат Јеховините сведоци може да биде именувано како корисник на средствата од полиса за животно или пензиско осигурување.

Банковни сметки: Давателот може да го овласти правното тело што го користат Јеховините сведоци во неговата земја, во случај на негова смрт, да ги наследи паричните средства кои се ставени на неговата банковна сметка. Претходно треба да се исполнат сите законски барања за средствата да бидат исплатени од страна на банката.

Хартии од вредност и обврзници: Хартии од вредност и обврзници можат да се дадат како безусловен подарок на правното тело што го користат Јеховините сведоци во одредена земја.

Недвижнини: На правното тело што го користат Јеховините сведоци во одредена земја може да му се подари недвижен имот. Давателот може да го даде како безусловен подарок или, пак, да го задржи на користење до крајот на животот. За таквиот имот треба да постојат уредни документи за подоцна да може да се продаде.

Тестаменти: Имот или пари можат да бидат оставени во наследство на правното тело што го користат Јеховините сведоци со законски заверен тестамент.

Оние што сакаат да приложат за меѓународното дело на некој од овие начини можат да се обратат до подружницата во својата земја за да ги добијат потребните информации. Таму можат да дознаат како би можеле да дадат прилози сега или, пак, да остават донации преку тестамент. Со овие начини на давање, мнозина помогнале да се извршуваат нашите религиозни и хуманитарни дејности низ целиот свет.

За повеќе информации, можете да контактирате со подружницата која се грижи за вашата земја.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели