ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w19 Март стр. 29-31
  • Јехова го цени твоето „амин“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова го цени твоето „амин“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „ЦЕЛИОТ НАРОД НЕКА РЕЧЕ: ’АМИН!‘“
  • „СИОТ НАРОД РЕЧЕ: ’АМИН!‘ И ГО ФАЛЕШЕ ЈЕХОВА“
  • ЗОШТО Е ВАЖНО ТВОЕТО „АМИН“
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Да ја разбереме уникатната улога на Исус во Божјата намера
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Зближи се со Бог преку молитва
    Што навистина учи Библијата?
  • „Изнесете му ги своите барања на Бог“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
w19 Март стр. 29-31
Браќа и сестри со наведнати глави за време на молитва на состанок

Јехова го цени твоето „амин“

ЈЕХОВА ја цени нашата служба. Тој забележува сѐ што правиме за него, дури и малите работи (Мал. 3:16). На пример, размисли за еден збор кој веројатно сме го кажале безброј пати. Тоа е зборот „амин“. Како Јехова гледа на овој збор? Дали го цени? Апсолутно! За да сфатиме зошто е така, да видиме што значи овој збор и како се користи во Библијата.

„ЦЕЛИОТ НАРОД НЕКА РЕЧЕ: ’АМИН!‘“

Зборот „амин“ значи „навистина е така“ или „така нека биде“. Тој доаѓа од коренот на еден хебрејски збор кој значи „да се биде верен“, „да се биде веродостоен“. Во минатото, овој збор понекогаш се користел во правни случаи. На пример, откако некој ќе се заколнел за нешто, ќе речел „амин“ за да потврди дека неговите зборови се вистинити и дека ги прифаќа последиците од заклетвата (4. Мој. 5:22). Кога јавно ќе кажел „амин“, тој имал уште посилна причина да си го одржи зборот (Неем. 5:13).

Еден впечатлив пример за тоа како е употребен зборот „амин“ е запишан во 5. Мојсеева 27. поглавје. Откако Израелците влегле во Ветената земја, се собрале помеѓу планините Евал и Гаризим, каде што се читал Законот. Во таа прилика, Израелците не требало само да го слушаат Законот туку требало и да потврдат дека го прифаќаат. Кога се читале последиците од непослушноста, тие потврдувале дека ги прифаќаат така што кажувале „амин“ (5. Мој. 27:15-26). Замисли илјадници мажи, жени и деца како гласно го кажуваат овој збор! (Ис. Нав. 8:30-35). Тие сигурно никогаш не го заборавиле она што го кажале тој ден. И навистина си стоеле на зборот! За нив, во Библијата пишува: „Израел му служеше на Јехова во текот на целиот век на Исус Навин и во текот на целиот век на старешините што го надживеаја Исус Навин, кои ги знаеја сите дела што ги направи Јехова за Израел“ (Ис. Нав. 24:31).

И Исус Христос го користел зборот „амин“ за да потврди дека е вистина она што било кажано. Но Исус го користел овој збор на еден посебен начин. Наместо да го каже на крај на нечија изјава како потврда, тој велел „амин“ (преведено со „вистина“) на почеток од некоја своја изјава, за да потврди дека тоа што ќе го каже е вистина (Мат. 5:18). Понекогаш, двапати го повторувал зборот „амин“ (Јован 1:51). На тој начин, ги уверувал оние што го слушале дека неговите зборови се потполно вистинити. Исус можел да зборува со таква увереност бидејќи бил овластен да ги исполни сите Божји ветувања (2. Кор. 1:20; Отк. 3:14).

„СИОТ НАРОД РЕЧЕ: ’АМИН!‘ И ГО ФАЛЕШЕ ЈЕХОВА“

Израелците го користеле зборот „амин“ и кога му упатувале фалби и молитви на Јехова (Неем. 8:6; Пс. 41:13). Кога ќе рекле „амин“ на крајот на некоја јавна молитва, присутните покажувале дека се сложуваат со кажаното. На тој начин, сите можеле да учествуваат во молитвата, и така обединето да го слават Јехова. Токму тоа се случило кога Цар Давид го донел ковчегот на вистинскиот Бог во Ерусалим. Тогаш се организирала една голема прослава. Давид составил молитва во форма на песна, која била испеана во текот на таа прослава (1. Лет. 16:8-36). Присутните биле толку трогнати од неговите зборови што сите рекле „амин“, и го славеле Јехова. Тој ден, нивното еднодушно „амин“ придонело за уште поголема радост.

И христијаните од првиот век го користеле зборот „амин“ кога го фалеле Јехова. Библиските писатели честопати го користеле овој збор во своите писма (Рим. 1:25; 16:27; 1. Пет. 4:11). Книгата Откровение дури ги опишува духовните суштества на небото како го слават Јехова со следниве зборови: „Амин! Фалете го Јах!“ (Отк. 19:1, 4). Првите христијани велеле „амин“ на крајот на молитвите што се кажувале на нивните состаноци (1. Кор. 14:16). Сепак, тие не требало да го користат овој збор механички.

ЗОШТО Е ВАЖНО ТВОЕТО „АМИН“

Откако видовме како Божјите слуги во минатото го користеле зборот „амин“, можеме уште подобро да сфатиме зошто е важно да се каже „амин“ на крајот од една молитва. Кога ќе речеме „амин“ на крајот од нашата лична молитва, покажуваме дека навистина го мислиме она што сме го кажале. Кога гласно или во себе ќе кажеме „амин“ на крајот на една јавна молитва, покажуваме дека се согласуваме со она што е кажано. Но, има и други причини зошто е важно твоето „амин“. Да ги разгледаме.

Покажуваме дека внимателно слушаме. На Јехова му носиме слава со тоа што ќе се согласиме со она што е кажано во молитвата. Но слава му носиме и со нашето однесување за време на молитвата. Ние сакаме нашето „амин“ да биде искрено и од срце, а не механичко. Затоа се трудиме да се сконцентрираме на она што се кажува во текот на една јавна молитва. Исто така, сакаме да задржиме исправен став кон молитвата, која е дел од обожавањето на Јехова.

Обединети сме како слуги на Јехова. Јавната молитва нѐ обединува бидејќи сите го слушаме истото (Дела 1:14; 12:5). Но нѐ обединува и тоа што на крај од молитвата сите едногласно велиме „амин“. Без разлика дали ќе речеме „амин“ гласно или во себе, нашето „амин“ му дава на Јехова уште посилна причина да одговори на нашата заедничка молитва.

Една сестра со наведната глава за време на молитва на состанокот кој го слуша преку мобилниот телефон

Со нашето „амин“ му носиме слава на Јехова

Го славиме Јехова. Јехова забележува сѐ што правиме во службата за него (Лука 21:2, 3). Исто така, тој гледа од кој мотив го правиме тоа и што имаме во срцето. Дури и ако го следиме состанокот преку телефон, Јехова ќе го забележи нашето „амин“. На тој начин и ние, заедно со оние што се на состанокот, го славиме Јехова.

Нашето „амин“ не е безначајно, туку има голема вредност. Во една библиска енциклопедија пишува: „Со само еден збор Божјите слуги ја изразуваат својата доверба, искрено одобрување и цврста надеж“. Наша искрена желба е секогаш кога ќе кажеме „амин“ да му биде по волја на Јехова (Пс. 19:14).

ДАЛИ СЕКОГАШ ТРЕБА ДА РЕЧЕШ „АМИН“?

Нашето „амин“ е многу важно за Јехова. Дали и ти така гледаш на него? Сепак, што ако некој во молитва каже нешто неисправно? Дали во таква ситуација е погрешно да речеме „амин“? Не мора да значи. Треба да имаме на ум дека Јехова е свесен дека сите понекогаш кажуваме нешто погрешно и преминува преку тоа. Затоа, ако се концентрираме на главната поента што сака да ја каже оној што се моли, наместо на самите зборови, можеби сепак ќе одлучиме да кажеме „амин“.

Од друга страна, нема да кажеме „амин“, било на глас или во себе, на молитва што ја кажал неверник. Што да правиме ако се најдеме во таква ситуација? На пример, можеби сме присутни на некој световен настан каде што некој е замолен да се помоли. Или можеби живееме во семејство каде што сите не се Јеховини сведоци и поглаварот на семејството, кој не му служи на Јехова, одлучи да се помоли за целото семејство. Што да правиме тогаш?

Ако се најдеме во вакви ситуации, може да одлучиме да не приговараме и да покажеме почит кон другите. Нема да кажеме „амин“ и нема да се држиме со другите за раце, бидејќи со тоа би покажале дека учествуваме во молитвата. Можеби ќе одлучиме да се помолиме во себе. Но ако го направиме тоа, добро е да не велиме „амин“ на глас за да не оставиме впечаток дека учествуваме во молитвата на другите. Ако другите околу нас станат, на нас е да одлучиме дали ќе станеме или не. Тоа што ќе стоиме или ќе ја наведнеме главата не значи дека вршиме чин на обожавање. Секој христијанин треба сам да одлучи како ќе постапи во таква ситуација, и никој не треба да го критикува за изборот што ќе го направи.

И овие ситуации покажуваат зошто нашето „амин“ му е важно на Јехова.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели