Службени состаноци за јануари
Седмица од 4. јануари
Песна 23
10 мин: Месни известувања и прикладни Известувања од Наша служба за Царството.
25 мин: „Обласен конгрес на Јеховините сведоци за 1993 ‚Божествена поука‘.“ Секретарот го разгледува додатокот со прашања и одговори. Прво го чита писмото од 15. декември 1992 за конгресни задолженија. По разгледувањето на 3. пасус од статијата прочитај ги уводните и завршните пасуси од списокот на Препорачани ноќевалишта на конгресот. Прочитај ги пасусите 4, 5 и 11 од додатокот. Нагласи ја потребата сите да изберат сместување од списокот на Препорачани ноќевалишта дури и ако присуствуваат на конгрес надвор од доделеното подрачје, како што е забележано во пасус 11. Од статијата нагласи ги библиските начела за чесност, послушност, љубезна заинтересираност за другите и.т.н., дури и ако се чини дека никој нема да ги користи собите. Пофали ги оние кои соработуваат со подготовките на Заедницата околу сместувањето.
10 мин: По потреба на собранието или говор со наслов „Задржи урамнотежен став спрема забавата“, темелен на Разбудете се! од 8. ноември 1992, стр. 3-10 (англ.).
Песна 139 и заклучна молитва.
Седмица од 11. јануари
Песна 162
10 мин: Месни известувања. Изнеси ги во кратки црти подготовките за служба на проповедање.
20 мин: ”Проповедај за Божјиот пат до мир и безбедност.“ Обработка на статијата со прашања и одговори. Охрабри ги објавителите да ги користат трактатите во службата на проповедање. Откако ќе го продискутираш пасус 3, еден добро подготвен објавител нека прикаже како може да се започне библиска студија, било на прва или повторна посета, користејќи го трактатот Ќе преживее ли овој свет? Објавителот: „Добро утро. Денес разговараме со луѓето за квалитетот на животот. Дали сте задоволни со она што забележувате дека се случува во животот на луѓето денес?“ Станарот: „Не баш“. Објавителот: „Мислите ли дека ситуацијата ќе се подобри?“ Станарот: „Не знам“. Објавителот му нуди трактат и вели: „Некои мислат дека она што се случува е исполнување на библиското пророштво и дека крајот на светот е близу. Што мислите вие?“ Станарот: „Не знам. Мислам дека е можно“. Тогаш објавителот се осврнува на трактатот и објаснува дека крајот на светот не значи крај на дословните небеса и Земја. Објавителот договара на другата посета да ги разгледаат библиските докази дека е близу крајот на сегашниот систем.
15 мин: Избегнувај проблеми со трансфузија на крв — Време да ги обновиме нашите Медицински упатства. Старешината кој го води овој дел има нови картички кои им се поделени на крстените објавители и внимателно го разгледува писмото од 15. октомври 1991, во кое се објаснува употребата на овие картички. При подготовката, повторно разгледај го темелно писмото од Заедницата од 1. јануари 1990. Оние кои ќе се потпишат како сведоци треба навистина да видат како сопственикот на картичката се потпишува на документот. Охрабри ги сите да ги пополнат своите нови картички пред да ја напуштат Царската сала. Крстените објавители не треба никогаш да го напуштат домот без Медицинското упатство/Картичката за ослободување од одговорност. Некрстените малолетни деца чиишто родители се Сведоци треба секогаш да ја носат Легитимацијата. Неодамнешната проверка на еден од собраниските состаноци покажа дека еден од секои пет објавитела ја нема со себе својата картичка и дека ниту едно дете ја нема својата Легитимација. Во заклучокот прочитај и примени ги Изреки 22:3.
Песна 151 и заклучна молитва.
Седмица од 18. јануари
Песна 130
10 мин: Месни известувања и Теократски вести. Прочитај го благајничкиот извештај и признанијата од Заедницата за донацијата. Пофали го собранието за лојалната финансиска поддршка на месното собрание како и на светското дело на Друштвото.
20 мин: „Мудро користи ги важните помагала.“ По краткиот увод на претседавачот, ќе има два приказа темелени на материјалот изнесен во пасусите 2 до 5. На крајот од првиот приказ станарот прифаќа две списанија, прашува колку чинат. Објавителот ветува дека ќе наврати да одговори на прашањето: Зошто Бог допушта страдања? На крајот од вториот приказ, се започнува со домашна библиска студија со прикладен трактат. Охрабри ги сите да ги вклучат станарите во библиски разговор кога работат во службата на подрачјето овој викенд.
15 мин: Зошто христијаните се воздржуваат од крв. Говор на старешина темелен на дефиницијата и првите три поднаслова под „Крв“ во книгата Расудување, стр. 184, 185.
Песна 177 и заклучна молитва.
Седмица од 25. јануари
Песна 128
10 мин: Месни известувања. Продискутирај ги главните точки од статијата „Одличната предност на службата“. Ако допушта времето, интервјуирај објавители кои имаат утврдена рута со списанија. Како започнале со неа? Како таа им помага да го негуваат интересот или јасно да распознаат колку станарот е заинтересиран?
15 мин: „Можеш ли да му служиш на Јехова како пионер?“ Дискусија со присутните. Интервјуирај една млада личност која е општ пионер или некој објавител кој бил пионер како млад. Истакни како родителите и другите можат да ги охрабруваат младите да ја постигнат целта на пионерска служба. Срдечно обрати им се на сите кои сериозно размислуваат за своите можности да стапат во полновремена служба. Уште сега испланирај да бидеш помошен пионер во април.
20 мин: „Изградувај го интересот со правење на делотворни повторни посети.“ Краток говор по кој следи приказ на разговорот што е изнесен во пасус 3. Ако допушта времето, може да се повторат извесни клучни елементи од понудата, како што е уводот или преминувањето на библискиот стих.
Песна 160 и заклучна молитва.