Теократски вести
Босна и Херцеговина: Некои пратки со помош што ги испратија браќата од Австрија и Хрватска се примени. Меѓутоа, извесен број објавители побегнаа од ова подрачје погодено од војна.
Фиџи: На програмата на Денот на посебен состанок присуствуваа 3.890, кое е повеќе од двојно во однос на 1.404 објавители кои известија во септември.
Јапонија: Во септември беше известен нов највисок број од 172.512 објавители.
Нигер: Браќата беа среќни што новата службена година ја започнаа со нови највисоки броеви од 169 објавители и 3.252 повторни посети.
Реинион: Новиот највисок број од 2.113 објавители во септември извести и нови највисоки броеви на повторни посети и библиски студии.
Свази: Во септември беше достигнат нов највисок број од 1.543 објавители, а собраниските објавители имаа во просек 13.8 часови служба на проповедање.