Едноставни и делотворни понуди
1 Исус го објавувал Божјето Царство на едноставен и отворен начин. Знаел дека оние кои се слични на овци ќе реагираат поволно кога ќе ја чујат вистината. Исто така знаел дека луѓето се разликуваат во своето размислување, интереси и способности на расудување. Според тоа, тој употребувал низа од некомплицирани уводи, прашања и споредби со цел да го задржи вниманието на своите слушатели и да ги допре нивните срца. Ние можеме да го имитираме неговиот пример и добро да користиме едноставни и делотворни понуди.
2 Користи ја делотворно книгата Расудување: Првиот увод под насловот „Вработување/Стан“ на страница 11 од книгата Расудување е правовремен и лесен за изнесување.
Можеш да речеш:
◼ „Разговаравме со вашите соседи за тоа што може да се стори за да бидеме сигурни дека ќе има вработување и стан за секого. Сметате ли дека е разумно да се очекува човечките влади да го остварат тоа? . . . Но постои некој кој знае како да ги реши овие проблеми; тоа е Творецот на човештвото.“ Прочитај Исаија 65:21-23. Потоа можеш да го прашаш станарот како му звучи тоа.
3 Уводот под насловот „Неправда/Страдања“ на стр. 13 денес ќе привлече мнозина.
Можеш да прашаш:
◼ „Дали некогаш сте се прашале: Дали Бог навистина се грижи за неправдата и страдањето што луѓето ги доживуваат?“ Дозволи му на станарот да одговори а потоа прочитај Проповедник 4:1 и Псалми 71:12-14. Ако е прикладно да се понуди книгата Живеј засекогаш, сврти кај сликите на 150-153 страница и накратко покажи како денешните прилики во светот претставуваат исполнување на библиското пророштво. Потоа сврти на страници 161-162 за да покажеш што понатаму прорекол Бог за благословите на човекот. Прашај го станарот што од тоа најмногу му се допаѓа.
4 По кратка дискусија со станарот, можеби ќе заклучиш дека ќе биде поприкладно да му го свртиш вниманието на некоја статија од списанијата, на некоја брошура или на трактат, наместо на книгата Живеј засекогаш.
На пример, откако ќе го употребиш уводот од 2. пасус од оваа статија, можеш да речеш:
◼ „Оваа брошура, Гледај! Сѐ ново создавам, јасно објаснува што Бог ветил дека ќе стори за да се погрижи за нашите дневни потреби и да покаже како можеме да извлечеме корист.“ Сврти на страница 22 и 23 во брошурата и насочи го вниманието на пасус 43.
5 Или, откако ќе го употребиш уводот од 3. пасус, можеш да го истакнеш трактатот Ќе преживее ли овој свет?.
Можеш да речеш:
◼ „Денес во светот постои толку многу беда и неволја. Овој трактат покажува дека војните, оскудиците на храна и здравствените проблеми биле проречени во Библијата. Но Бог исто така ветил дека ќе предизвика чудесна промена за човештвото.“ Прочитај го 5. пасус од трактатот.
6 Нашиот искрен интерес за луѓето, проследен со едноставна и делотворна понуда која допира до срцето, бездруго ќе бидат привлечни за луѓето кои се слични на овци (Јован 10:16).