ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/93 стр. 2
  • Службени состаноци за март

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Службени состаноци за март
  • Нашата служба за Царството 1993
  • Поднаслови
  • Седмица од 1. март
  • Седмица од 8. март
  • Седмица од 15. март
  • Седмица од 22. март
  • Седмица од 29. март
Нашата служба за Царството 1993
km 3/93 стр. 2

Службени состаноци за март

Седмица од 1. март

Песна 9

15 мин: Месни известувања и Известувања од Наша служба за Царството. Врвни точки од Теократски вести кои нагласуваат како Јеховините слуги во различни делови на Земјата имале негови благослови. Ќе биде прикладно и ако се вклучат искуства од месното собрание.

15 мин: „И понатаму вели: ‚Дојди!‘.“ Обработување со прашања и одговори. Кога ќе се разгледува пасус 4, добро подготвен објавител нека истакне неколку мисли од 42. поглавје на книгата Откровение, пасуси 6-10, коишто го обработуваат Откровение 21:4-6.

15 мин: „Биди многустран во твојата служба.“ Говор со делумно учество на присутните. Вметни два кратки приказа кога ќе се разгледуваат 3-5. пасус. Кога во приказите ќе се изнесуваат мисли од пасуси 4 и 5, покажи како еден постар и еден помлад објавител можат да работат во службата од врата до врата според она што е истакнато во статијата. Нагласи ја потребата да наоѓаат радост во службата без оглед на резултатите.

Песна 114 и заклучна молитва.

Седмица од 8. март

Песна 128

5 мин: Месни известувања. Спомени го бројот на помошни пионери кои се веќе наименувани за април. Охрабри ги оние кои планираат да бидат пионери да ги поднесат молбите порано.

20 мин: „Можеш ли да сториш повеќе за да му оддаваш чест на Јехова?“ Дискусија со прашања и одговори за пасусите 1 до 10.

20 мин: Да им помагаме на нашите библиски ученици. Дискусија со присутните која нагласува дека е потребно на библиските ученици да им помагаме дополнително, а не само да водиме библиска студија (1. Сол. 2:8). Одвој додатно време за да поттикнеш срдечна желба да присуствува и да учествува на состаноците. Изгради ценење за организацијата и за меѓународното братство така што ќе ги опишуваш покраинските состаноци, деновите на посебни состаноци и обласните конгреси. Гледајте ја заедно видео касетата Јеховини сведоци — Организацијата зад името и помогнете им на учениците да кажат што научиле од тоа. Постепено покажете им како неформално да го поделат со другите она што го научиле. На библиските ученици, кои го исполниле барањето кое е изнесено на 98. и 99. страница во книгата Нашата служба и кои сакаат да учествуваат во јавната служба, треба да им се помогне да станат некрстени објавители. Важно е времето во текот и после студијата да се користи за да му се помогне на ученикот да развие желба за предание и крштение. На ученикот може да му се покажат слики или новински статии во врска со крштевањето на нашите конгреси. Приказ: Објавител му помага на библиски ученик во неформално сведочење. Избира пригодни мисли за служба од книгата Живеј засекогаш и вели: „Би било добро овие мисли да му ги пренесеш на некој од твоите роднини или соседи. Можеш да им споменеш дека си научил нешто од Библијата што порано не си го знаел“. Охрабри ги објавителите да им помагаат на библиските ученици и да ја прошират љубезната грижа дури и после крштението.

Песна 123 и заклучна молитва.

Седмица од 15. март

Песна 72

10 мин: Месни известувања, вклучувајќи го благајничкиот извештај и благодарност за донациите. Осврни се на статијата „Навремена порака“ на седмата страница. Охрабри ги сите да обрнат внимание на насловот на посебниот говор за 28. март и да ги поканат сите заинтересирани да присуствуваат.

15 мин: „Да им се помогне на сите што покажале интерес.“ Говор со делумно учество на присутните. Колку што допушта времето, разгледај ги наведените стихови. Прикажи ги предлозите од пасус 3. Нагласи ја потребата да се следи интересот на оние кои присуствувале за првпат.

20 мин: „Можеш ли да сториш повеќе за да му оддаваш чест на Јехова?“ Дискусија со прашања и одговори за 11. до 22. пасус.

Песна 32 и заклучна молитва.

Седмица од 22. март

Песна 66

10 мин: Месни известувања. Прашања. Охрабри ги сите да планираат повеќе да учествуваат во службата во текот на април.

20 мин: Грижење за постарите. Дискусија и интервјуа со двајца браќа. Минатото лето, на Обласниот конгрес „Светлоносци“, една серија предавања, што беше изнесена во недела наутро, ја обработи темата „Да се грижиме едни за други во христијанското домаќинство“. Завршниот дел „Грижејќи се за постарите“ го нагласи вредниот придонес што постарите лица го даваат во семејството и во собранието (Изр. 16:31). На кои начини можеме да им помогнеме на постарите? Семејството првенствено ја има таа одговорност (1. Тим. 5:3, 4, 8, 16). Потребни се трпеливост и сочувство. Пораснатите деца и внуците имаат прилика да го покажат ценењето за долгогодишната љубов, работа и грижа кои родителите, како и бабата и дедото, ги пружиле во минатото (w 10/87, 12-17). Собранието исто така може да им помогне на постарите. Некои можеби треба да им помогнат да ги исполнат условите за социјална помош. Покажи гостољубивост така што ќе ги покануваш на оброци и на седенки (Рим. 12:13). Помогнете им во службата на подрачјето. Обезбедете им превоз до состаноците и конгресите. Помогнете им во купувањето и во грижата за нивниот дом (w 10/87, 7-12). Секогаш покажувај почитување кон постарите лица (1. Тим. 5:1, 2). Интервјуирај едно или две постари лица кои се добар пример. Истакни како тие имаат корист од доброљубивоста што им ја покажуваат семејствата и собранието.

15 мин: Старешина интервјуира три или четири објавители кои ќе бидат помошни пионери во април или кои тоа го правеле во минатото. Што ги мотивирало да бидат пионери? Какви планови направиле за април? Како помошната пионерска служба им помогнала ним лично? Охрабри ги сите кои планираат да бидат помошни пионери следниот месец да побараат молба и да ја предадат што поскоро.

Песна 172 и заклучна молитва.

Седмица од 29. март

Песна 105

10 мин: Месни известувања. Потсети ги сите да ги поканат заинтересираните и библиските ученици на прославата на Споменот. Добро употреби ги отпечатените покани. Охрабри ги објавителите читливо да го испишат на поканите времето на одржување на Споменот и адресата на која ќе биде прославен.

25 мин: „Прославување на смртта која пружа надеж за вечен живот.“ Претседавачкиот надгледник обработува со прашања и одговори. Вклучи го материјалот од рамката „Додека се подготвува Споменот.“ Откако ќе се разгледа 5-от пасус од статијата, да се одржи приказ во кој објавителот го поканува библискиот ученик на Споменот. Објавителот објаснува дека е предвидено да се прочитаат избрани библиски стихови во периодот од 1-6. април и се понудува да му обезбеди превоз.

10 мин: Нудење на Стражарска кула во текот на април. Истакни посебни говорни точки и теми кои можат да се користат во текот на тој месец. Во секоја ситуација биди подготвен да го насочиш вниманието на мислите од списанијата.

Песна 87 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели