ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/93 стр. 8
  • Биди многустран во твојата служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Биди многустран во твојата служба
  • Нашата служба за Царството 1993
  • Сличен материјал
  • Како да подготвиш делотворни воведи
    Нашата служба за Царството 2013
  • Едноставни и делотворни понуди
    Нашата служба за Царството 1993
  • Дали ги користиш во службата?
    Нашата служба за Царството 2008
  • Работење на често обработувани подрачја
    Нашата служба за Царството 1994
Повеќе
Нашата служба за Царството 1993
km 3/93 стр. 8

Биди многустран во твојата служба

1 Речено е дека разновидноста е зачин на животот. Честопати, различниот пристап кон една тема може да ја направи поинтересна. Истото важи и за нашата служба. Ако не сме внимателни, нашите излагања од врата до врата лесно може да се вкалапат. Повторувањето на истите уводи секогаш одново може да стане заморно и за нас и за станарите. Затоа, биди многустран во твојата служба. Но, како може да се постигне тоа?

2 Наместо да кажеш нешто слично на: ‚Добро утро. Ги посетуваме соседите со добрата вест за Царството‘, зошто да не размислиш како да ги направиш разновидни своите уводни зборови? Книгата Расудување содржи богатство од информации околу уводите. На страници 9-15 има уводи на 18 различни теми. А за повеќето теми има по два, три или повеќе можни уводи.

3 Ако ја користиш брошурата „Гледај! Сѐ ново создавам“, може да ти користи овој увод од делот „Живот/Среќа“ на страница 11:

◼ „Разговараме со луѓето кои се навистина загрижени за квалитетот на денешниот живот. Многумина се прашуваат, дали е можен вистински среќен живот? Оваа брошура пружа гледиште кое охрабрува и тера на размислување.“ Отвори на 3. страница и поразговарај за една или две најзначајни мисли од пасусите 1 и 2.

4 Некои објавители на Царството — особено помлади, нови, но и постари — утврдиле дека користењето на трактати може да го направи интересен пристапот на вратите.

Еден млад објавител може да го употреби трактатот „Живот во мирољубивиот нов свет“ и да каже:

◼ „За вас имам кратка порака за тоа како Бог може да ги обедини луѓето во еден мирољубив нов свет. Би сакал да ви го дадам овој трактат со наслов Живот во мирољубивиот нов свет.“ Тогаш постариот објавител кој работи со младиот, зависно од реакцијата на станарот, може да одреди дали да изнесе уште некоја мисла или коментар.

5 Ако станарот покажува интерес, постариот објавител може да рече:

◼ „Библијата пружа надеж за живот во еден мирољубив нов свет. Бидејќи Бог е Творецот на небото и земјата, зарем не би се сложиле дека тој е во најдобра положба да ни каже како ќе ја оствари надежта за која овозможил да се запише во Светото Писмо? Би сакал да го чујам вашето мислење за следниов библиски стих.“ Потоа прочитај 2. Петрово 3:13.

6 Ако ја нудиш книгата Откровение, зошто да не го истакнеш позитивното гледиште за иднината кое е изнесено во Откровение 21:3, 4? Потоа, од книгата прочитај го пасус 7 на стр. 303. Прашај го станарот дали е реалистично да се верува дека Бог ќе ги исполни овие ветувања. Една кратка дискусија за библиските пророштва кои веќе се исполниле треба да ја зајакне довербата на станарот дека Бог е способен да го благослови човечкиот род.

7 Сите објавители на Царството сакаат да имаат удел во унапредувањето на теократските интереси со садење на семето на вистината секаде каде што е можно и со негување на покажаниот интерес. Ако сме го направиле својот дел, можеме радосно да го оставиме во Јеховини раце секој натамошен пораст. Ја имаме најдобрата од сите вести која можеме да ја делиме со нашите соседи. Ако сме секогаш подготвени, ќе можеме да бидеме многустрани кога ја нудиме пораката на Царството и разборити кога ги нудиме нашите публикации.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели