Службени состаноци за мај
Седмица од 3. мај
Песна 209
10 мин: Месни известувања и избрани Известувања од Наша служба за Царството.
20 мин: „Успешно да учествуваме во нашата животоспасувачка служба.“ Говор и прикази. После краток увод, најави три приказа на темел на пасусите 2-5. После секој приказ, прашај ги присутните како може понудата да се прилагоди на различни околности на месното подрачје. Заклучи со охрабрување во потполност да се учествува во службата овој викенд.
15 мин: Важноста на семејната духовност. Говор на старешина. Дискутирај за потребата да се разгледува дневниот стих како семејство и во кратки црти прикажи како тоа би можело да се направи под различни околности и семејни распореди. Нагласи ја и потребата од семејна молитва барем еднаш во денот. Тоа би можело да се прави пред спиење. Истите начела би можеле да се применат и во разделени домови, семејства со еден родител и во семејства без деца. Подготвувањето како семејство исто така игра улога за да се извлече максимум од собраниските состаноци секоја седмица и исто така за да се зајакне верата на другите (Евр. 10:23-25).
Песна 104 и заклучна молитва.
Седмица од 10. мај
Песна 27
10 мин: Месни известувања. Понови искуства од работата со списанија и брошури. Дали многу објавители нашле доволен интерес за да бидат сигурни да понудат претплата? (Тие треба однапред да бидат поставени со помош на братот кој се грижи за претплати во собранието).
15 мин: „Соочување со предизвикот на службата од куќа до куќа“. Прашања и одговори. Читај ги и примени ги наведените стихови.
20 мин: „Извлечи полна корист од Обласниот конгрес за 1993 ‚Божествена поука‘“ — 1. дел. Разговор со присутните на темел на пасусите 1-16. Објавителите треба да ги разгледаат соодветните точки со нивните библиски ученици кои ќе присуствуваат на конгресот.
Песна 134 и заклучна молитва.
Седмица од 17. мај
Песна 16
10 мин: Месни известувања, вклучувајќи и благајнички извештај и благодарност за донациите. Пофали го собранието за финансиската поддршка на месното собрание како и на делото на Друштвото ширум светот.
20 мин: „Радосно наврати за да им помогнеш на заинтересираните.“ Разговор со присутните и прикази. Истакни ја потребата да се водат добри забелешки за најдениот интерес. На темел на материјалот од пасусите 3-6 подготви два приказа. Тие треба да ги одразуваат месните околности и да бидат прилагодени според потребите.
15 мин: „Извлечи полна корист од Обласниот конгрес за 1993 ‚Божествена поука‘“ — 2. дел. Со присутните разговарај на темел на пасусите 17-19 и внимателно разгледај ги „Потсетниците за обласниот конгрес“. Вклучи и соодветни потсетници темелени на информациите на Стражарска кула од 1. октомври 1989, стр. 23-32, или охрабри ги семејните групи да ги разгледаат мислите од овие статии пред да одат на конгресот.
Песна 54 и заклучна молитва.
Седмица од 24. мај
Песна 141
10 мин: Месни известувања. Теократски вести. Прикажи ги посебните подготовки за службата на подрачјето за 31. мај.
20 мин: „Млади — вешто насочувајте ги своите чекори.“ Разработување на материјалот со прашања и одговори. После 3. пасус, во краток приказ еден помлад објавител замолува постар да работи со него во службата на подрачјето. Постариот објавител радо прифаќа и предлага да ги повторат своите понуди пред заедно да работат.
15 мин: По потреба на собранието. Или говор на старешина на темел на статијата „Зошто е толку лесно да се лаже?“ од изданието на Стражарска кула од 15.12.1992, стр. 21-23.
Песна 223 и заклучна молитва.
Седмица од 31. мај
Песна 207
10 мин: Месни известувања. Предложи мисли за разговор од книгата Најголемиот човек што можат да се користат во јуни. Охрабри ги објавителите да ги разгледаат предлозите за службата на проповедање на последната страница од Наша служба за Царството од јуни 1993.
15 мин: „Да се покажува ценење за литературата.“ Разгледување на материјалот со прашања и одговори. Вклучи и приказ на објавител во работата со списанија. Станарот покажува интерес за библиската понуда и описот на списанијата и вели дека ќе ги чита. Објавителот тогаш вели: „Верувам дека ќе извлечете корист од нив како што извлекле многумина. Овие списанија се разделуваат ширум светот, а Стражарска кула е достапна на 112 јазици. Ова дело се поддржува со доброволни прилози. Примаме мали донации од оние кои сакаат да го поддржат ова дело“.
10 мин: Ќе бидеш ли помошен пионер ова лето? Интервјуирај некои кои биле помошни пионери во текот на летото во минатите години. Охрабри ги младите и другите чии околности можеби дозволуваат да размислат за тоа најдобро да го користат времето на распустот. Некои можеби ќе можат да помогнат да се обработи ретко обработувано или изолирано подрачје во текот на летните месеци. Охрабри ги оние кои ќе завршат со школувањето да бидат општи пионери или да се стремат кон таа цел (2. Кор. 9:6б).
10 мин: Дали Бог ни ги простува гревовите? Двајца старешина се подготвуваат за пастирска посета. Дискутираат за тоа како да му помогнат на брат кој сѐ уште е вознемирен заради гревови во минатото и се прашува дали Бог му простил. Старешините го разгледуваат материјалот од книгата Расудување, на стр. 138-141, и од книгата Insight, том 1, на стр. 861-862. Размислуваат за потребата љубезно да постапат со тој брат и да ја нагласат Јеховината милост и спремност да простува. Исто така планираат да ја истакнат потребата братот лично да се напрега; не е доволно само исповедање. Старешините ќе се понудат да наминуваат кај братот одвреме навреме и да проследуваат духовна помош.
Песна 214 и заклучна молитва.