Теократски вести
Албанија: Од декември 1991 до декември 1992, бројот на објавители се зголемил од 24 на 107. Во истиот период, бројот на библиски студии се искачил од 4 на 221.
Централноафриканска република: На 20. јануари 1993, владата објави одлука со која се дозволува продолжување на сите активности на Јеховините сведоци. Тамошните браќа сега се радуваат што можат да ги користат своите Царски сали и што можеа јавно да го одржат Обласниот конгрес „Светлоносци“. Вкупниот број на присутни на шестте одржани конгреси беше 4.739, а 121 беше крстен.