Теократски вести
Ангола: Во декември беше достигнат нов највисок број од 35.034 објавители.
Бангладеш: На Обласниот конгрес „Вера во Божјата Реч“ што беше одржан во Дака, се извести дека имаше рекорден број од 142 присутни со 14 крстени. Тоа беше повеќе од двојно поголем број луѓе што некогаш се крстиле во Бангладеш во една прилика.
Бенин: На серијата Обласни конгреси „Вера во Божјата Реч“, вкупно беа присутни 15.633 со 403 крстени. Извештајот од декември открива нов највисок број од 5.351 објавител.
Либерија: Во декември се одржа еден убав конгрес во Монровија, со 5.158 присутни. За тој месец беше известен нов највисок број од 2.127 објавители.
Мадагаскар: Во декември беше постигнат 11-процентен пораст на објавители во однос на минатогодишниот просек, со 9.226 кои учествуваа во службата на теренот.
Сент Мартен: Во декември известија нов највисок број од 265 објавители — 10-процентен пораст во однос на минатогодишниот просек. Тие воделе 310 домашни библиски студии.