Службени состаноци за јули
Седмица од 5. јули
Песна 133
10 мин: Месни известувања и прикладни известувања од Наша служба за Царството. Договори со двајца или тројца објавители да се подготват да коментираат како ги искористиле на добар начин постарите изданија на списанијата.
15 мин: „Нудење брошури за да се пронајдат заинтересирани.“ Обработка со прашања и одговори. Брошури што се однесуваат на 5. пасус се: Дали треба да се верува во Тројство? и Гледај! Сѐ ново создавам! Извести го собранието за залихата на брошури кои стојат на располагање и замоли да се коментира кои брошури би биле особено прикладни за месното подрачје. Со воодушевување охрабри ги браќата на целосен удел во нудењето на брошури во текот на јули. Исто така истакни дека многупати луѓето кои земаат брошура сакаат да земат и списанија.
20 мин: „Делотворно користење на брошурите во јули.“ Разгледај ги мислите со собранието и нека се одржат прикази кај пасусите 3, 5 и 7. Охрабри на добра подготовка.
Песна 30 и заклучна молитва.
Седмица од 12. јули
Песна 25
10 мин: Месни известувања. Прочитај го благајничкиот извештај и секоја благодарност за донациите. Потсети го собранието за подготовките за служба на подрачјето и разгледај различни говорни точки од списанијата.
20 мин: „Повторно доаѓање за да се поттикне интересот за Библијата.“ После краток увод, прикажи повторна посета кај некој кој покажал интерес, но не прифатил литература. Исто така, прикажи како да се посети лице кое било презафатено за да разговара, но го прифатило трактатот Кој навистина владее со светот? Во секој случај, покажи како еден објавител започнува разговор и поттикнува интерес.
15 мин: По потреба на собранието или интервју со двајца или тројца објавители за тоа како ја запознале вистината. Таквите искуства треба однапред да бидат избрани и треба да ја покажат делотворноста на службата.
Песна 191 и заклучна молитва.
Седмица од 19. јули
Песна 136
15 мин: Месни известувања. Теократски вести. Исто така, дискутирај го со присутните „Програма за новиот Покраински состанок“.
15 мин: „Можеш ли да го сториш тоа?“ Дискусија со присутните. Интервјуирај еден или двајца општи пионери или еден или двајца објавители кои одвреме навреме служат како помошни пионери. Нека раскажат како одлучиле да сторат повеќе и како ги организирале своите активности.
15 мин: Говор на еден старешина за личната чистота, темелен на Стражарска кула од 1. октомври 1989, стр. 15-20. Говорот треба да биде изнесен на љубезен начин и со добро просудување.
Песна 165 и заклучна молитва.
Седмица од 26. јули
Песна 170
10 мин: Месни известувања. Еден старешина го изнесува собранискиот извештај од службата за јуни, давајќи пофалба и охрабрување. Исто така, разгледува две или три прикладни говорни точки од списанијата, кои ќе послужат во службата на подрачјето овој викенд.
15 мин: „Крст“, книга Расудување, страници 190-194. Да се води како повторна посета кај станар кој ја земал брошурата Гледај! Сѐ ново создавам!. Станарот покажува на страница 17 од брошурата и прашува зошто Исус е насликан на столб наместо на крст. Братот ја користи книгата Расудување за да му помогне на станарот да го стекне библиското гледиште.
20 мин: „Добро да се користат Стражарска кула и Разбудете се!“ Разгледување со прашања и одговори. Помогни им на сите да ги ценат многуте прилики кои можеби дневно ги имаме да оставиме списанија, како текушти така и постари изданија.
Песна 192 и заклучна молитва.