Писмено повторување во Теократската школа на проповедање
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа на проповедање во седмиците од 3. мај до 23. август 1993. Употреби посебен лист за запишување на онолку прашања колку што ти е можно во зададеното време.
(Забелешка: Во текот на писменото повторување при одговарањето на прашањата можеш да се служиш само со Библијата. Упатствата во заградите служат за лично истражување.)
Означи дали следниве искази се точни или неточни:
1. Пророштвото дека Јосија ќе го разбие Јеровоамовиот жртвеник во Бетел, изречено повеќе од 300 години однапред, имало забележително исполнување [si стр. 68, пас. 25].
2. Четврта Царства го опфаќа периодот од Соломоновото владеење во 1037 пр. н. е. до околу 580 пр. н. е. [si стр. 69, пас. 2].
3. После читање на еден библиски стих, за да се примени истиот, воглавно е доволно само да се зборува за него [sg стр. 125, пас. 20].
4. Иако повторувањето е една битна техника на поучување, непотребното повторување може да го направи говорот брблив и неинтересен [sg стр. 127, пас. 11].
5. Кога го владееш говорењето по говорен план, како јавен говорник си направил голем чекор напред [sg стр. 136, пас. 10].
6. Не е можно гласното читање на пасуси да звучи како слободен говор [sg стр. 142, пас. 21].
7. За нагласените места е потребно да се препознаат зборовите кои ја носат мислата, а потоа истите да се истакнат во однос на зборовите околу нив [sg стр. 155, пас. 3].
8. Шминката за очи била непозната во библиски времиња [седмично читање на Библијата; види gE 22. 9. 77, стр. 20].
9. Археолошките докази цврсто го поддржуваат библискиот извештај од 4. Царства 17:6-18 во врска со уништувањето на северното царство на Израел од страна на Асирците [седмично читање на Библијата; види gm стр. 47-8].
10. Давидовите зборови од 1. Летописи 16:31 илустрираат дека Јехова, иако неговото владетелство датира од почетокот на создавањето, понекогаш специфично се изразува за своето владетелство така што допушта да се рече дека ‚станал Цар‘ (NW) во одредено време [седмично читање на Библијата; види wMC 5/86 стр. 20].
Одговори на следниве прашања:
11. Кога станарот чита еден стих, како можеш да ги нагласиш клучните точки во него? [sg стр. 123, пас. 13].
12. Ако говорникот има проблем со типични гестови, што треба да направи? [sg стр. 129, пас. 20].
13. Што можеш да сториш за да го поправиш недостигот на течност при читањето? [sg стр. 140, пас. 7].
14. Зошто биле напишани Летописи? [si стр. 75, пас. 2].
15. Кој е основниот начин да се развие логичен доказ, односно тек на расудување? [sg стр. 147, пас. 11].
16. Што е ‚сведоштвото‘ од 4. Царства 11:12? [седмично читање на Библијата; види wMC 1. 2. 91, стр. 31].
17. Во склад со 4. Царства 19:32, 33, како царот на Асирија бил спречен да не дојде во Ерусалим? [седмично читање на Библијата; види wE 15. 2. 88, стр.28].
18. Што можеме да научиме од Давидовото искуство со Анон од 1. Летописи 19:2-4? [седмично читање на Библијата; види wE 73, стр. 478].
19. Како 24-те свештенички одделенија ни помагаат да го разбереме идентитетот на ‚старешините‘ кои се споменати во Откровение 4:4, (ДК)? (1. Лет. 24:4) [седмично читање на Библијата; види wE 73, стр. 62].
20. Според нашето разбирање, каква примена има 1. Летописи 29:5 меѓу Јеховиниот народ денес? [седмично читање на Библијата; види wE 1. 7. 90, стр. 31].
Впиши што недостасува во следниве изјави:
21. На секој говор му треба ․․․․․․․ која му дава насока и ги поврзува неговите делови на угоден начин. [sg стр. 129, пас. 1].
22. Искусниот говорник не го губи ․․․․․․․ со слушателите ако во своите забелешки гледа или предолго или во погрешно време. [sg стр. 134, пас. 1].
23. За да покаже дека не поднесува никакво непочитување кон неговите овластени слуги, Јехова брзо им наплатил на престапниците кои му се исмејувале на ․․․․․․․ дека бил Јеховин пророк. [si стр. 74, пас. 34].
24. Како говорник, ти мораш секогаш да бидеш во состојба да одговориш на прашањето ․․․․․․․ [sg стр. 151, пас. 7].
25. Матеј и Лука се повикувале на родословјата од ․․․․․․․ за јасно да утврдат дека Исус Христос бил Месијата. [si стр. 78, пас. 23].
26. Во повеќето говори, поврзаноста бара ․․․․․․․ од една точка до друга. [sg стр. 145, пас. 2].
Пронајди го точниот одговор во следниве изјави:
27. Откако си ја одредил темата на твојот говор, следен чекор е да ги избереш (стиховите; споредбите; главните точки) кои планираш да ги употребиш [sg стр. 131, пас. 9].
28. За да задржиш заедничкиот темел во говорот, мораш (да зборуваш сосем јасно; да го задржиш на ум гледиштето на слушателите; да бидеш одушевен) [sg стр. 153, пас. 17].
29. „Дваесетата година на . . . Јоатам“ значи 20-та година од (неговиот живот; неговото дословно владеење; периодот кој поминал откако станал цар). (4. Цар. 15:30) [седмично читање на Библијата; види wE 15. 9. 80, стр. 8].
30. Оние кои ‚придошле кај Давида на помош‘ биле (мотивирани од себичност; со цело срце избрале да го поддржуваат Давидовото царствување; оделе по линија на помал отпор) (1. Лет. 12:22) [седмично читање на Библијата; види wMC 7/83, стр. 7).
Стави ги следниве библиски стихови зад соодветните изјави:
3. Цар. 22:19-22; 4. Цар. 1:2, 7, 8; 5:1-5; 25:27-30; 1. Лет. 9:26, 27
31. Начинот на кој се облекуваме може да нѐ поврзе со извесна група или класа [седмично читање на Библијата; види wE 72, стр. 666].
32. Левитите кои биле вратари имале должност од особена доверба [седмично читање на Библијата; види wE 1. 12. 88, стр. 21].
33. Иако старешините може да сметаат дека знаат како да се справат со ситуацијата, треба да учат од Јеховиниот пример и да слушаат што велат другите и тоа да го земат при срце [седмично читање на Библијата; види wE 74, стр. 436].
34. Археологијата го поддржува фактот дека Јудејскиот цар кој бил заробен во Вавилон на крајот бил ослободен од затвор и добивал одредена количина на храна [седмично читање на Библијата; види gm стр. 48].
35. Деца можат да наведат возрасни да направат нешто [седмично читање на Библијата; види wE 74, стр. 402].