ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/93 стр. 7
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 1993
Нашата служба за Царството 1993
km 8/93 стр. 7

Известувања

◼ Понуда на литература во август и септември: Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Октомври: Разбудете се! и Стражарска кула. Претплати може да се понудат на повторни посети. Ноември: Библија со книгата Библијата — Реч Божја или човечка? НАПОМЕНА: Собранијата кои сѐ уште не ја нарачале горната акциска литература, треба да го сторат тоа на својата следна Нарачка (S(d)-14). Молиме нарачајте го потребниот број додатни списанија за растурање во октомври.

◼ Собранијата треба да почнат да нарачуваат Календар на Јеховините сведоци 1994 со својата септемвриска нарачка на литература. Ќе бидат достапни календари на англиски, германски, италијански, романски, словенечки, српски, унгарски, хрватски и чешки.

◼ Од 27. август до 1. септември, Заедницата ќе врши инвентура на сета литература што е на располагање во Бетелот. Заради оваа инвентура, во тие денови нема да се издава литература за собранијата.

◼ Секое собрание ќе добие по три формулари Инвентура на литературата (S(d)-18). Собранискиот секретар треба да се состане со слугата за литература уште на почетокот на август, па да одредат датум за правење на инвентура на собраниската залиха на литература на крајот од месецот. Мора точно да се преброи сета литература што е на залиха, а бројот да се запише на формуларите Инвентура на литература. Вкупниот број на расположливи списанија може да се добие од слугата за списанија. Молиме, пратете го оригиналот до Заедницата не подоцна од 6. септември. Задржете копија за вашата архива. Третиот лист може да се користи како работен. Инвентурата треба да ја надгледува секретарот, а комплетниот формулар треба да го провери и потпише претседавачкиот надгледник.

◼ На секое собрание ќе му биде испратена соодветна залиха од формулари за користење во текот на 1994 службена година. Тие формулари не треба да се упропастуваат. Треба да се користат само за нивната предвидена намена.

◼ Секој кој е поврзан со собрание треба да ги испраќа сите нови и обновени претплати на Стражарска кула и Разбудете се!, како и својата лична, преку собранието.

◼ Заедницата не прифаќа порачки за литература од поединечни објавители. Оние кои сакаат одреден артикл, можат да го известат слугата за литература кој неодложно ќе го вклучи тоа во собраниското месечно побарување на литература. Претседавачкиот надгледник треба да направи подготовки, пред собраниското месечно побарување за литература да се испрати до Заедницата, да се даде известување дека сите заинтересирани за поединечни лични примероци на литература треба да му се јават на братот кој се грижи за литература.

◼ Објавителите кои планираат да почнат со општа пионерска служба од 1. септември 1993 треба да дадат молба без одлагање. Молбите треба да се испратат до Заедницата пред крајот на август. Молиме, повторно разгледајте ги пасусите од 21 до 26 во додатокот на Наша служба за Царството од август 1986.

◼ Собранискиот секретар ќе ги собере извештаите од службата за да ги впише во формуларот Собраниска анализа (S-10). Тој исто така внимателно ќе подучи било кој старешина или слуга помошник кој ќе му помогне да го собере извештајот. Ова ќе осигура точно впишување на потребните информации од Картичките на собраниски објавител (S-21). Формуларот Собраниска анализа (S-10) треба да се исполни точно и уредно, а службениот одбор треба внимателно да го провери.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели