Што ќе постигнеме во оваа службена година?
1 Почетокот на 1994 службена година, од 1. септември, е прикладно време за сите нас како Јеховин народ да зацртаме јасно во мислите што сакаме да постигнеме како поединци и како организација во текот на оваа нова службена година.
2 И понатаму расни духовно: Ако сме се поврзале со вистината скоро, треба да имаме желба да станеме јаки во верата (Евр. 6:1-3). Ако сме веќе духовно јаки, не само што треба да им помагаме на новите и на другите туку мораме да ѝ посветиме внимание и на нашата лична духовност и никогаш да не мислиме дека сме го стекнале сето неопходно библиско спознание и искуство во христијанскиот живот. Дали го разгледуваме дневниот стих, дали се придржуваме кон програмата за читање на Библијата која е изнесена во Распоредот за Теократска школа на проповедање и дали се подготвуваме за Собраниската студија на книга и за Студија на Стражарска кула? Тоа треба на секој од нас да му биде минимална цел. Мораме и понатаму да раснеме духовно ако сакаме да го преживееме уништувањето на овој зол систем на ствари и да бидеме зачувани за Божјиот нов свет. (Спореди Филипјаните 3:12-16.)
3 Остани духовно чист: За да бидеме потполно прифатливи пред Јехова, мораме да бидеме очистени „од секаква скверност на телото и на духот“ (2. Кор. 7:1). Кога еднаш сме се очистиле, зошто повторно би се враќале „во калта“ на овој злобен стар свет? (Спореди 2. Петрово 2:22.) Мораме да бидеме решени да останеме духовно јаки и чисти. Тогаш нема да бидеме во незнаење за Сатановите зли намери, па тој да нѐ измами за да упаднеме во грев и да се оддалечиме од Јеховината наклоност (2. Кор. 2:11).
4 Придржувај се кон мудрите совети: Изреки 15:22 истакнува: „При многу советници тие [намерите] успеваат“. Сепак, сети се дека човекот кој ги кажал овие зборови, Соломон, подоцна дозволил ‚неговите жени да го приклонат срцето негово кон други богови‘ затоа што не се придржувал кон Божјиот совет да не се земаат жени туѓинки (3. Цар. 11:1-4). Затоа, доколку ние лично не се придржуваме кон мудрите совети, како може да очекуваме да бидеме делотворни во Јеховината служба или да оставиме пример достоен за имитирање? (1. Тим. 4:15). Библиските совети ќе ни помогнат да го чуваме своето срце (Изр. 4:23). Вистински ќе бидеме заштитени ако го љубиме она што Јехова го љуби, го мразиме она што тој го мрази, ако постојано го бараме неговото водство и го правиме она што му е угодно (Изр. 8:13; Јован 8:29; Евр. 1:9).
5 Нашето обожавање на Јехова не е нешто механичко, не е облик на побожност каков што се појавува кај номиналните христијани во светот, туку горливо, активно и живо, во склад со вистината која се наоѓа во Божјата Реч (Јован 4:23, 24).
6 Нашата одлучност да ја вршиме Божјата волја може да биде испитувана секојдневно. Треба да нѐ зајакне спознанието дека „целото братство“ (NW) се соочува со слични испити и дека Јехова е тој што ќе нѐ зацврсти (1. Петр. 5:9, 10). Така ќе бидеме во состојба добро да ја исполниме нашата служба во текот на 1994 службена година (2. Тим. 4:5).