Службени состаноци за септември
Седмица од 6. септември
Песна 164
10 мин: Месни известувања и избрани Известувања од Наша служба за Царството.
20 мин: Зајакнете ги своите деца за училиште. Говор со интервјуа и приказ. Денешните млади христијани се соочуваат со проблеми кои многумина во собранието не можат дури ни да ги замислат. Родителите треба да бидат особено добро информирани околу овие потешкотии за да ги зајакнат своите деца да се соочат со испитите на беспрекорноста. Интервјуирај три младинци на различна возраст. Кои се некои од специфичните притисоци на училиште со кои тие мораат да се справуваат секојдневно? Што им помага да го одржат нивниот добар однос со Јехова? Подготви приказ на семејство кое заедно ги разгледува 2. и 3. пасус на страница 11 во брошурата Школа. Децата велат дека се исмејувани и дека ги избегнуваат затоа што се придржуваат кон високите библиски морални мерила. Поглаварот на семејството ги охрабрува децата така што ја изразува својата среќа заради нивниот пример и ги потсетува дека Јехова е прилично задоволен со нивното однесување (Изр. 27:11). Братот што го води овој дел заклучува така што ги пофалува младите во собранието за нивните добри дела и ги подбудува да комуницираат со своите родители за да бидат духовно зајакнати во текот на оваа училишна година.
15 мин: „Помогни им на другите да распознаат големо богатство.“ Обработка со прашања и одговори. Потсети го собранието дека на заинтересираните лица треба да им се пружи прилика да приложат за светското дело. Објавителот може едноставно да рече: „Иако нашата литература се нуди бесплатно, за нашето дело радо примаме скромни прилози“. Или можеш да речеш: „Ако сакате скромно да приложите за унапредување на ова библиско образовно дело, можете да го сторите тоа. Вашиот прилог ќе се цени и целиот ќе биде употребен за ширење на добрата вест на Царството“. Кога ќе се разгледува 4. пасус, нека се прикаже како објавител му нуди на родител книга Живеј засекогаш.
Песна 108 и заклучна молитва.
Седмица од 13. септември
Песна 112
10 мин: Месни известувања. Вклучи благајнички извештај и благодарност за донациите. Пофали го собранието за дарежливата поддршка на месните потреби, како и на светското дело на Друштвото.
10 мин: „Користи им на другите така што ќе ги употребуваш списанијата.“ Говор со прикази. Нагласи колку е вредно потполно да се користат и текуштите и постарите изданија на списанијата. Да се одржат два прикази, еден во кој се нуди текушто списание и еден кој покажува како да се употреби постаро издание за да се задоволат специфичните потреби на станарот.
15 мин: „Што ќе постигнеме во оваа службена година?“ Говор со коментари од присутните. Го води претседавачкиот надгледник. Разгледај ја изминатата службена година на собранието и охрабри ги сите да планираат зголемена активност во текот на 1994 службена година.
10 мин: „Проучување на книгите Живеј засекогаш и Обединети во обожавањето.“ По разгледувањето на статијата со присутните, нека добро подготвен објавител прикаже како да се премине од проучување на книгата Најголемиот човек на книгата Живеј засекогаш.
Песна 17 и заклучна молитва.
Седмица од 20. септември
Песна 100
10 мин: Месни известувања. Истакни статии од текуштите списанија кои може да се нудат оваа седмица во службата на подрачјето.
20 мин: „Помогни им на луѓето слични на овци да градат на цврст темел.“ Дискусија со присутните. Истакни дека е потребно да се подготвуваме за секоја повторна посета. Договори со оспособен објавител да прикаже повторна посета кај лице кое претходно зело книга Живеј засекогаш, при што ги користи или информациите од пасус 3 или од 5.
15 мин: „Започнување на домашни библиски студии.“ Прашања и одговори. По пасус 4, најави занимлив приказ на повторна посета во кој се користи само Библијата, но, како што е предложено, темелен е на делови од книгата Живеј засекогаш или Расправљање.
Песна 84 и заклучна молитва.
Седмица од 27. септември
Песна 109
10 мин: Месни известувања. Теократски вести.
20 мин: Каде се нашите блиски кои умреле? Семејна дискусија. Користејќи избран материјал од книгата Расправљање, страници 359-361, поглаварот на семејството зборува за губитокот што е претрпен со смртта на близок семеен пријател. Настојува да им помогне на своите деца да го разберат библиското становиште. Поставува прашања за да се увери дека разбрале што значи смртта и дека се во состојба јасно да се изразат според својата возраст. Исто така, им покажува како можат да ја користат книгата Расправљање за да ги утешат другите.
15 мин: Нудење списанија во текот на октомври. Договори три приказа, како се нуди текушта Стражарска кула, како се нуди текушто Разбудете се! и како станарот е прилично зафатен, но зема трактат. После секој приказ, анализирај со присутните зошто понудата била делотворна. Кога е покажан соодветен интерес, може да се понудат претплати на списанијата.
Песна 21 и заклучна молитва.