Известувања
◼ Понуда на литература за октомври: Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата или поединечни примероци на Разбудете се! и Стражарска кула. Претплати може да се нудат на повторни посети. Ноември: Библија со книгата Библијата — Реч Божја или човечка? Декември: Најголемиот човек кој некогаш живеел. Јануари: Било која книга со 192 страници. Собранијата кои немаат на залиха такви книги можат да ја нудат Животот — Како настанал? Преку еволуција или преку создавање? или Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. НАПОМЕНА: Собранијата на кои ќе им треба гореспоменатата акциска литература, треба да ја нарачаат со својата следна месечна Нарачка (S-14). Постарите публикации на кои се осврнавме погоре не се на располагање во Бетелот, но собранијата треба да ги користат оние што веќе ги имаат на залиха.
◼ Додатокот на оваа Наша служба за Царството, „Распоред за теократска школа на проповедање за 1994“, треба да се чува заради користење во текот на 1994.
◼ Со својата октомвриска нарачка на литература, собранијата треба да почнат да нарачуваат Секојдневно разгледување на Писмото — 1994. Брошурата ќе биде достапна на англиски, германски, италијански, македонски, романски, словенечки, српски, унгарски и хрватски. Додека овие брошури не бидат достапни и додека не се изврши испораката, на собраниските листи за пакување ќе се појавуваат како „Во тек“. Брошурата Секојдневно разгледување на Писмото спаѓа во посебна нарачка.